Убедлив пораз за македонските тенисери на гостувањето во Никозија - Канал 5

Убедлив пораз за македонските тенисери на гостувањето во Никозија

Македонската тениска репрезентација е поразена во дуелот со Кипар со 5:0 што се одигра во Никозија во рамки на Втората Светска зона на Дејвис купот.

Убедлив пораз за македонските тенисери на гостувањето во Никозија

Денешните три мечеви ги добија домашните тенисери, кои остварија прво победа во двојки, а потоа и во двата сингл меча.

Во последниот меч младиот македонски тенисер (15 години) Марко Алексовски загуби од Константинос Мегалемос со 2:0 во сетови (7:6(8) и 6:1). Во првиот сет се водеше голема борба, а Алексовски спаси четири сет топки и ривалот беше поуспешен со 10:8 на поени во тај брејкот. Во вториот сет ривалот беше убедлив со 6:1 во гемови.

Во првиот сингл меч Кристијан Јанев загуби од Николас Кембел со 2:0 во сетови (6:2 и 7:5), додека во првиот денешен меч во конкуренција на двојки Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ загубија од Мелиос Ефстатиу и Елефтериос Неос со 2:0.

По денешниот пораз, македонските тенисери во јуни месец годинава ја очекуваат мечеви во рамките на Третата зона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST).

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Предмет на разговорот беа оперативните и техничките аспекти на пристапниот процес, можностите за забрзување на европската интеграција и конкретните механизми за напредок во услови на политички блокади.

Сиљановска-Давкова ја истакна потребата од разгледување на расположливите институционални и правни инструменти на Унијата, со цел да се идентификуваат конкретни чекори што ќе овозможат придвижување на процесот врз основа на реформските постигнувања и исполнетите критериуми, независно од билатералните блокади од страна на земјите членки.

За неа, важно е техничката подготвеност и спроведените реформи да добијат соодветно вреднување, а европската перспектива да се претвори во предвидлив процес со јасни чекори и мерливи резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет отсто повисоки плати во одбраната од јануари

Од 4.000 до 11.000 денари во просек повисоки месечни примања со јануарската плата ќе добијат вработените во Армијата и Министерството за одбрана.

Десет отсто повисоки плати во одбраната од јануари

Линеарно зголемување од 10 отсто за сите вработени во одбраната најави ресорниот министер Владо Мисајловски.

Покачувањето ќе ги опфати не само основните плати, туку и додатоците за ноќна и прекувремена работа. Мисајловски го оцени зголемувањето како најголемо досега во апсолутна вредност, со што, според него, одбраната станува една од институциите со највисоки примања во државата.

„Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10 проценти. Тоа значи историски најголемо зголемување во апсолутна вредност. Тоа значи дека се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата. Јас многупати ветив дека ќе работам заедно со синдикатите на Армијата оваа институција да биде најдобрата во државата.“ изјави Владо Мисајловски – министер за одбрана.

Најавеното покачување го поздравија и претставниците на репрезентативните синдикати. Синиша Станчевски, потпретседател на Независниот синдикат на одбраната, оцени дека зголемувањето на платите е резултат на успешниот социјален дијалог со Министерството.

„Вака вистински изгледа социјалниот дијалог. Како синдикат се гордееме со постигнувањата што ги остваривме во овој период –изјави Синиша Станчевски – потпретседател на Независниот синдикат на одбраната.

„Ова е историско покачување, со кое за првпат во Министерството за одбрана и Армијата имаме зголемување на платите и другите додатоци од 10 проценти. Исто така, успеавме за неколку месеци да решиме и други проблеми во врска со професионалните војници, согласно член 40 од Законот за служба во Армијата – посочи Аднан Алити – претседател на независниот синдикат на професионални војници на Македонија.

Во меѓувреме, за 7 ноември останува најавен протестот на синдикатот предводен од Александар Насковски, кој бара законско решавање на статусот на професионалните војници, повисоки плати и обесштетување на поранешните припадници на Армијата. Мисајловски порача дека секој има право на протест, додека Алити смета дека барањата се веќе решени и дека нема основа за протест.

-Ние како синдикат на професионални војници не го поддржуваме тој протест бидејќи законски тоа е решено,- изјави Аднан Алити – претседател на независниот синдикат на професионални војници на Македонија.

Покрај повисоките плати, со буџетот за 2027 година за одбраната се предвидени дополнителни две милијарди денари. Според Мисајловски, околу 30 отсто од средствата ќе бидат насочени кон модернизација и капитални инвестиции, а приближно ист толкав дел кон персоналот. Меѓу најголемите финансиски обврски останува набавката на хеликоптерите „Леонардо“, чија реализација, како што посочи министерот, е еден од приоритетите во продолжувањето на модернизацијата на Армијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка

НБРМ подготвува посебно решение за проблемот со пензионерите што примаат пензии преку Алта банка, а немаат платежните картички за да можат да подигаат пари од банкоматите.

Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка

Станува збор за околу 3.500 граѓани, за кои гуверенот Славески во телевизиско гостување, рече дека се размислува да се отворат вратите на банката и тие со едно одење на шлатер да може да подигнат до 20.000 денари во рок од две недели.

Славески тврди дека по изборите во Србија немало милионски трансфери ниту податоци што укажуваат на перење пари. Според него, по 26 октомври одливите кон Србија изнесувале околу 180.000 евра, а приливите околу 16.000 евра, во најголем дел редовни плаќања на клиенти, меѓу кои и за увоз на стоки.

Гувернерот тврди дека не знаел кој е крајниот газда на банката и немало потреба да знае, бидејќи НБРМ дала согласноста за влез во македонскиот банкарски систем на српската банка како институција. На ова денеска реагираа од опзоициската СДСМ...

-Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на штедачите чии депозити и сметки се заробени. Наместо да им се дозволи непречено да располагаат со парите, се штитат парите на мафијата,- -Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека СДСМ создава паника за да отвори можност банката да ја преземе бизнисмен близок до опозицијата.

-Целта на Филипче и СДСМ е да создадат паника и хаос во банкарскиот свет, за утре близок бизнисмен до Филипче и Заев да ги откупи акциите за багателна цена,- Бране Петрушевски – заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Заинтересирани има, а купувач за мнозининскиот пакет акции на Алта банка, Славески очекува да се најде во следните 3 месеци, колку што ќе трае и тримесечна привремена администрација.

Според одлуката објавена во Службен весник, за администратори се именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, вработени во Народната банка, кои имаат рок од 3 недели да ја утврдат состојбата во банката.

Во меѓувреме, Трговскиот суд во Белград донесе решение за отворање стечајна постапка во матичната АЛТА банка. Државата ќе обештети депозитите до 50.000 евра во рок од три години, а останатите ќе чекаат разврска на стечајната постапка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер