Убавицата која ги распамети мажите: Се на мене е природно!

Шарлот Мекини е убавицата која ќе го покори машкиот свет!

Таа сними реклама за хамбургери „Се природно“. Низ целата снимка таа шета така што остава впечаток дека е гола, и не можете да не помислите дека се на неа е природно.

Рекламата ќе биде прикажана на Супербол во февруари.

Погледнете и уживајте!

Самит Македонија 2025-Нулта толеранција за корупција, континуиран раст на БДП над пет проценти

Стабилни и силни институции, без корупција и со економски можности за инвестирање се услов за странски инвестиции, порача. 

Ова го порача Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025, на отворањето на овогодинешниот самит.

Ги повика Владата и институциите да ги искористат можностите за соработка со нивната организација со цел побрз да се дојде до резултатите, што значи брз развој на економијата, а со тоа и секако и врз животниот стандард на граѓаните.

На повеќето меѓународни рангирања и извештаи, посочи, државава заостанува и зад земјите во регионот и зад аспиративните врсници. Предизвиците за Македонија покрај ниското ниво на економски развој се и големите геополитички промени кои влијаат многу на малите економии. Проблем е и големиот одлив на мозоци., односно високо образован кадар кој е „мотор“ на секоја економија.

Мајк Зафировски, еден од основачите на Македонија2025, американец со македонско потекло, вели дека оваа платформа дава можности за поттикнување на економски раст, а инспириран е од потенцијалот на земјава и нејзината талентирана работна сила. Планот за реформи „Една визија за забрзан раст“ означува суштина на аспирациите за економска иднина на Македонија.

Инаку, организацијата „Македонија 2025“ минатата година спровела 40 програми, најголем успех постигнат е во образовните програми, во кои биле вклучени над 1500 лица, средношколци, студенти, менаџери, компании.

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претставници на Македонија 2025

На средбата, претставниците на Македонија 2025 упатија честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова, посакувајќи ѝ успешно извршување на функцијата.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими Никица Мојсоска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025, Мајкл Чкламовски претседател на Одборот на директори и членовите на одборот Невенка Димитрова, Џон И. Битов, Мајк Зафировски и Митре Кутановски, на меѓународната невладина организација, по повод одржувањето на 13. издание на Самитот Македонија 2025.

На средбата, претставниците на Македонија 2025 упатија честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова, посакувајќи ѝ успешно извршување на функцијата.

Можноста за поголема координација и подлабока соработка меѓу дијаспората и матичната држава за остварување на националните интереси, дома и во светот, беа меѓу главните теми на разговорот.

Соговорниците ја информираа претседателката Сиљановска Давкова за целите на дводневниот самит, во чијшто фокус се стратешкото лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигиталната трансформација и поголема регионална соработка како основа за создавање на просперитетни економии. Учесниците имаат можност да разменат искуства и за потенцијалите на вештачката интелигенција, дигиталните здравствени иновации, како и за демократските аспекти и слободата на говорот во ера на дигитализација.

Во таа насока беа нагласени очекувањата од придобивките на годинашниот самит што ќе обедини над 450 учесници и околу 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе држави, овозможувајќи вмрежување и соработка со потенцијални инвеститори.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за континуираниот придонес на Македонија 2025, чиишто иницијативи, проекти и активности поттикнуваат позитивни процеси во согласност со приоритетите за одржлив раст и развој во земјава, регионот и пошироката глобална заедница. Во тој контекст ја нагласи нејзината заложба за идна плодна соработка со организацијата.

Османи: Ќе ги обжалиме одлуките на ДИК пред Управниот суд

Од Европскиот фронт најавија дека веќе поднеле тужби до Управниот суд за одлуките на ДИК со кои беа прифатени седум приговори за изборни нерегуларности во петата и шестата изборна единица. 

Во ова ДУИ гледаат обид да им се одземат еден или два пратеници.

притисни ентер