МакедонијаУапсени се Русинки и Бугарки во ноќен клуб во Охрид – нелегално работеле како танчеркиУапсени се Русинки, Бугарки, една девојка од Србија и една од Казахстан во ноќен клуб во Охрид. На 10.05.2026, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад во ноќен клуб на булевар „Железничка“ во Охрид ги приведоа А.Г.(28), М.Р.(26), А.Б.(29), А.С.(28), државјанки на Русија, П.П.(31) од Бугарија, А.Л.(31) од Казахстан и А.Р.(42) од Србија. При извршена контрола во ноќниот клуб, странските државјанки биле затекнати како нелегално работат како танчерки, по што се приведени. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 217 од Законот за странци, соопштуваат од СВР Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче одбива оставка: Барањата на иницијативата се нечесни и се обид за пуч Филипче нема да отстапи од барањата на Платформата, оставка вели, нема да поднесе но е подготвен за средба со нив..Лидерот на СДСМ цени дека намерите на актуелните и поранешни сопартијци биле нечесни и дека станувало збор за пуч Имам легитимен мандат, со секој од нив сме имале поединечни средби, имале и можност да се кандидираат на партиски функции, вели Филипче. Тој адресира сериозни обвинувања кон дел од членовите на иницијативата 12 и 5, во очи нивниот утрешен собир од кој како што најавија ќе објават конкретни чекори за спас на СДСМ и смени на раководството. Членовите на платформата најавија дека планот прво ке му го презентираат на Филипче , со оглед на како што ценат неможноста на актуелното раководство да ја обедини партијата ниту пак да создаде победнички СДСМ наспроти актелната власт на ВМРО-ДПМНЕ за која исто така сметаат дека покажала еден од најслабитре резулатти на една владеачка гарнитура досега.. Ќуркчиев пак во мегувреме очекува Филипче да ги демантира и јавно да се извини во однос на како што вели тој злонамерните невистини, во спротивно најавува тужба против него.. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од Скопје15:00Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаСофија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од СкопјеОстава ли простор Софија за вклучување на европски посредник во дијалогот со Македонија. Бугарија била и останува отворена за конструктивен дијалог, но под веќе утврдените процедури. Бугарското МНР, со внимателно обликуван дипломатски јазик, одговара на повикот на шефот на дипломатијата Муцунски во сите идни разговори со Бугарија да биде присутна Европската Унија или земја членка. Очекуваме Македонија да ги исполни обрските и да ги започне потребните промени, се вели во писменото соопштение на бугарското МНР. -Процесот на пристапување на Македонија кон Европската Унија е европско прашање кое треба да се разгледува во рамките на европските институции и во согласност со утврдените правила и процедури. Бугарија отсекогаш била и останува отворена за конструктивен дијалог. Гледаме дека голем број земји-кандидатки постигнуваат значителен напредок во исполнувањето на своите обврски, вклучително и во услови на комплицирана безбедносна средина. За политичкиот аналитичар Марко Трошановски, во пораката на Софија нема значително поместување од позициите, но влева оптимизам дека работите можат да се поместат од мртва точка. -Мислам дека е доволно општа да остави простор за резерва околу медиумиските интерпретации дека Бугарија се огласил на европска медијција, но и доволно неконкретна за биде ветувачка дека можеби ќе се остави креативен простор за подобрување на односите со присуство на еу или одредена земја членка., вели Марко Трошановски, политички аналитичар. Иницијативата на Македонија за посредство на Брисел не е нова, но се интензивира во момент кога се очекува да биде објавена новата стратегија за проширување од страна на Европската Комисија, која според Трошановски, може да даде дополнителен импулс ако подиректно се вклучи за надминување на разликите со Софија. -Мислам и те како дека треба Комисијата да е присутна. Многу ќе биде поволно за подобрување на климата ако ЕК изнајде начин или даде зелено светло на директно присуство на нејзини претставници во односите меѓу двете земји. , вели Трошановски. Кој е ставот на Брисел ќе биде појасно следниот петок, кога во посета на Скопје доаѓа шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дел Лајен во рамките на балканската турнеја. Како што денеска соопшти Комисијата, таа ќе се сретне со претсеателката Сиљановска и со премиерот Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПапата се спротивставува на забраната на Трамп: Медиумите мора да имаат пристапЗа време на летот од Рим кон Париз, Папата повторно ја изрази својата поддршка за слободата на медиумите.Тој ја коментираше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да им забрани пристап до Белата куќа на новинарите од Си-ен-ен и од неколку други медиуми, пренесува Ројтерс. Папата не го спомна Трамп по име, но ја истакна виталната важност на работата на медиумите. Тој претходно го предизвика гневот на Трамп со своите критики во врска со војната во Иран. „Мило ми е што сите сте добредојдени овде“, им рече Папата на новинарите. „Сметам дека е исклучително важно сите да можат да известуваат и тоа да го прават целосно.“ Во меѓувреме, Белата куќа вчера објави дека им ги враќа акредитациите за известување на новинарите од Си-ен-ен, Ем-ес-ен-би-си и „Политико“. Оваа одлука уследи по пресудата на федералниот судија дека забраната за пристап веројатно е неуставна. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Папата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook