Уапсени се 14 возачи, деветмина возеле без возачка дозвола - Канал 5

Уапсени се 14 возачи, деветмина возеле без возачка дозвола

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола.

Уапсени се 14 возачи, деветмина возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, деветмина управувале возило без возачка дозвола (тројца во прилепско и по еден во Желино, Гостивар, кичевско, Куманово, Скопје и Делчево), двајца под дејство на алкохол (Гевгелија и Скопје) и тројца со активна забрана за управување (Кичево, Куманово и Велес). По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата ќе ги поддржи инвестициите во вештачка интелигенција и дата-центри

Мицкоски вели дека државата го штити интересот на граѓаните и се грижи за општата добросостојба исто како Франција и САД.

Владата ќе ги поддржи инвестициите во вештачка интелигенција и дата-центри

Нема да се откажеме од изградба на дата-центри, објекти со илјадници сервери кои ги чуваат и обработуваат податоците, бидејќи тоа се стотици милиони евра инвестиции, нови работни места и можност Македонија да се позиционира како дел од дигиталната инфраструктура на иднината, ама кој е инвеститорот, каде би се граделе, со колкав капацитетот и колку струја би трошеле ќе се знае кога ќе се завршат законските измени и идејата ќе стане реалност. Ова го посочи Претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој вели дека државата го штити интересот на граѓаните и се грижи за општата добросостојба исто како Франција и САД.

Во Собранието во моментов се разгледуваат повеќе предлог-закони во областа на дигиталните комуникации, урбанистичкото планирање и градењето кои се наоѓаат во различни фази од постапката. Дел од нив веќе се ставени на дневен ред во собраниските комисии, дел се разгледуваат по скратена постапка, додека останатите се сè уште во почетна фаза на усогласување и дебата.

Додека Македонија го расчистува теренот со менување на закони за нови инвестиции и инфраструктура во секторот, за намалување на штетните емисии и кратење на големите трошоци за струја на дата-центрите, земји како Кина веќе одат чекор понатаму и веќе имаат подводни центри што користат морска вода за ладење и значително ја намалуваат потрошувачката на енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен хороскоп за 15. до 22. јуни 2026 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 15. до 22. јуни 2026 година. 

Неделен хороскоп за 15. до 22. јуни 2026 година

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами.

Кариера

Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање.

Здравје и совет

Нема грижи , ниту напори.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне.

Кариера

Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина.

Здравје и совет

Имате добри идеи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција.

Кариера

Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог.

Здравје и совет

Ќе најдете компромис.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат.

Кариера

Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа.

Здравје и совет

Не ги поместувајте границите по секоја цена .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение.

Кариера

Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци.

Здравје и совет

Не ги напуштајте новите идеи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро.

Кариера

Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Oние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни.

Здравје и совет

Не го потценувајте здравиот и мирен сон.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм.

Кариера

Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта.

Здравје и совет

Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели.

Кариера

На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте.

Здравје и совет

Немојте да пиете студени пијалоци.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , не седете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни.

Кариера

Повеќето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор.

Здравје и совет

Би сакале да истражувате непознати места .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност.

Кариера

Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно.

Здравје и совет

Човек на човека е лек.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства.

Кариера

Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција.

Здравје и совет

Не заборавајте на редовниот одмор и сон.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете.

Кариера

Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични.

Здравје и совет

Можете да поместувате планини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Охрид се одржа БТА Балканското триатлон првенство под покровителство на Министерството за спорт

Викендов, 13-14 јуни 2026 година, Охрид беше домаќин на БТА Балканското триатлон првенство што се одржа во организација на Триатлон федерацијата на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт.

Во Охрид се одржа БТА Балканското триатлон првенство под покровителство на Министерството за спорт

На Балканското првенство настапија над 350 натпреварувачи во повеќе категории. Во одлична спортска атмосфера, во Охрид се натпреваруваа најдобрите триатлонци од земјите од регионот, но и голем број рекреативци, штафетни тимови и млади триатлонци во различни возрасни категории.

Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, ги поздрави учесниците и организаторите на Балканското првенство и им врачи медали на дел од најуспешните балкански триатлонци.

Од Триатлон федерацијата на Македонија изразија благодарност до Министерството за спорт за добрата соработка и поддршката во организацијата на БТА Балканското триатлон првенство во Охрид.

Триатлонот е атрактивен олимписки спорт кој обединува три дисциплини – пливање, велосипедизам и трчање, кои натпреварувачите во текот на трката ги изведуваат последователно без прекин што бара исклучителна физичка подготвеност, издржливост и ментална сила.

Покрај натпреварувачкиот апсект, БТА Балканското триатлон првенство претставува и значаен придонес за промоција на Охрид и на Македонија како атрактивна спортско-туристичка дестинација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер