3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ЖивотУапсена најопасната жена на светот: Раководела со банда од 300 убијци, а ја предал љубовникотЕдна од најпознатите жени убијци во Мексико, Мелиса Маргарита Калдерон Оједа (31) уапсена е откако ја предал партнерот, кој се спогодил со властите и во замена за информација за неа добил помала затворска казна. Калдерон Оједа, во светот на мексиканското подземје е позната како „La China” и се верува дека се наоѓа на чело на група на убијци која брои повеќе од 300 членови. Се смета дека е одговорна за повеќе од 150 убиства во период од 10 години во мексиканската покраина Баха Калифорнија Сур. Мексиканските власти известиле дека е уапсена на 19 септември без ниту еден испукан куршум, благодарејќи на податоците за нејзиното скривалиште. Меѓутоа, според информациите на медиумите, била предадена од нејзиниот партнер Хектор Камарена Гомез, кој бил уапсен претходно. Калдерон Ојдеа е уапсена на аеродромот Лос Кабос на северот на Мексико и со тоа е прекината нејзината “кариера“. Во светот на криминалот влегла во 2005 година, започнувајќи љубовна врска со припадник на картелот Дамасо, кој бил поврзан со најпознатиот мексикански наркокартел Синалоа, пренесува „Индепендент“. Иако станува збор за свет во кој доминираат мажите, Калдерон Оједа успеала да дојде до самиот врв на организацијата. Мајк Вигил, поранешниот шеф за меѓународни операции во американската агенција за борба против дрога „ДЕА“, изјави дека Калдерон Оједа раководела со една од единиците на картелот Дамасо. За „Телесур ТВ“ изјави дека Калдерон бил една од најмоќните жени во мексиканските картели. „Многу малку жени успеваат да се пробијат до врвот. Ретко која поседува толкава бруталност и вештина како неа“ – изјави Вигил. Калдерон Оједа е обвинета дека извршила девет убиства. Според британскиот „Дејли Меил“ во јуни го напуштила картелот Дамасо, откако шефот на таа организација, Абел Куинтеро е пуштен од затвор. Калдерон се одлучила да направи сопствена организација па поради тоа дошло до бран на насилства меѓу двете ривалски банди во Баха Калифорнија Сур, поточно во градот Ла Паз, кој е позната туристичка дестинација. Бидејќи “зад петици“ и биле и поранешните соработници и полицијата, била присилена се почесто да ги менува автомобилите и засолништата. Бегајќи од своите непријатели, зад себе оставала траги од мртви тела, а кога бил уапсен нејзиниот партнер Камарена Гомез, властите дознале каде се крие.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Петрова немала информации дека ДАНС ѝ вршел притисок на МихаиловаЗа бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова останува мистерија од каде доаѓале информациите за наводни притисоци врз Ива Михаилова од страна на бугарската државна агенција за национална безбедност - ДАНС. Откако опозициската партија „Да, Бугарија“, се закани дека за случајот со обвинувањата за притисоци врз Михаилова ќе го информираат и Брисел, Петрова-Чамова изјави дека досега немало индиции за какви и да се притисоци врз михаилова –Како што можев да видам од изјавата на Ива Михаилова, таа самата тврди дека не била изложена на притисоци, па затоа за мене е мистерија од каде се појавија ваков тип на информации, до кои европски институции ќе пристигнат и што ќе им одговорат не сум многу сигурна, но досега немам видено таков случај,- -изјави Велислава Петрова-Чамова, министерка за надворешни работи на Бугарија. На Михаилова, која има и македонско и бугарско државјанство, во судот во Кочани и се суди за сообраќајна несреќа лани во која животот го загуби 33-годишниот Бесим Дурмиши од Скопје. Судењето се одвива во нејзино отсуство откако таа на 11 октомври под досега нерасчистени околности побегна од државата. Според адвокатот Драган Пешевски, одлуката на Михаилова да побегне во Бугарија, во време кгоа против неа се води активна судска постапка без пресуда, е неодговорна и нелогична. –. Така да, сметам дека оваа одлука, посебно по она што го слушаме во јавноста за притисоци од службите од соседната држава, сметам дека брзо и се одби од глава оваа одлука,- изјави адвокат Драган Пешевски. За потсетување, јутјуберот Станислав Цанов вчера објави аудиоснимки на кои наводно Михаилова тврди дека за време на лекувањето во Софија и бил поставен услов од вработен во ДАНС –да гостува кај новинарот Мартин Кабровски, кој добил однапред подготвени прашања, во спротивно ќе останела без средства за нејзиното лекување. Михаилова и самата се огласи на социјалните мрежи, отфрлајќи ги обвинувањата дека некој во Бугарија и вршел каков било притисок. Пристисок врз михаилова демантираше и бугарската државна агенција за национална безбедност -данс. Следно рочиште за судскиот процес против Михаилова во кочанскиот суд е најавено за 27 ноември. Тагови: ива михаилова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНово намалување на цените на горивата: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари Од ноќеска на полноќ, ново поевтинување на цените на гориватамалопродажните цени на еуросупер бс-95 и еуросупер бс-98 се намалуваат за два денари по литар. Бс-95 ќе се продава за 84 денари, а бс-98 за 86 денари за литар. Дизелот еуродизел поевтинува за 2,5 денари, па новата цена ќе изнесува 92 денари за литар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаМицкоски во Брисел на форум за проширување на Европската унијаМакедонија е исклучително добра во користењето на Планот за раст – нагласи претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен на отворањето на Самитот за проширување на ЕУ во Брисел. Фон дер Лајен ја истакна земјава говорејќи за модернизацијата на начинот на кој земјите кандидатки можат да се приклучат на Унијата, поточно постепената интеграција преку исполнување на Планот за раст но и построги правила за идните земји членки. -Европа отвора сектори на единствениот пазар, за возврат, земјите од проширувањето спроведуваат клучни реформи, да се обезбеди дека имаме еднакви услови за игра со единствениот пазар на нашата Унија. Сето ова е комбинирано со значителни инвестиции. // На пример, Македонија е исклучително добра во користењето на Планот за раст. Принципот е едноставен - напредок во реформите што носи напредок во интеграцијата и нови пазари за двете страни,- - Урсула Фон Дер Лајен, Претседателка на европска комисија. Фон дер Лајен е децидна дека постои нов моментум на проширувањето - Црна Гора се приближува кон финишот на пристапните преговори, Албанија постигнува „импресивен„ напредок а низ целиот Западен Балкан, земјите преземаат важни чекори на својот пат кон членство, изјави таа. На Самитот ќе се обрати и премиерот Христијан Мицкоски на панелот посветен на реформите, инвестициите и растот. Претходно тој оствари и средба со директорот на Генералниот директорат за проширување и источно соседство на Европската комисија - Герт Јан Копман. -Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните,- - Христијан Мицкоски, претседател на влада. Само оваа година е постигнат повеќе напредок во проширувањето од последните 25 години, оцени ресорната еврокомесарка – Марта Кос, која додаде дека Русија би сакала да го спречи тој процес, наштетувајќи им на земјите-кандидатки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook