Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
СветУапсена е „патничка од пеколот“ – пијана повраќала и плукала по патниците за време на летот од Лондон кон САД Патничка на лет на „Бритиш ервејс“ од Лондон до Сан Диего предизвикала тотален хаос откако се напила.Таа вербално и физички го нападнала семејството кое седело зад неа и на крајот повраќала врз нив. Поради инцидентот, екипажот интервенирал, а по слетувањето, таа била уапсена од ФБИ, пишува „Сан“. Драматичниот настан се случил на 11-часовниот лет BA273 од аеродромот „Хитроу“ во Лондон до Сан Диего на 12 август. Патниците ја виделе жената како пие вино од шише кое го прошверцувала во рачниот багаж. По полетувањето, таа нарачала Шардоне и Блади Мери и набрзо почнала да ги малтретира двојката и нивната ќерка кои седеле зад неа. „Беше одвратно, одвратно“ „Таа испи колку што можеше вино, стана од седиштето и намерно го плукна виното што ѝ беше во устата пред нивните лица. Беше одвратно, одвратно“, рекол еден од патниците. Жената, исто така, истурила вода врз нив и ја кубела за коса мајката. Кога била целосно пијана, повраќала по целото згрозено семејство. После тоа, екипажот интервенирал, а вознемиреното семејство било преместено во предниот дел од авионот. „Беше хаос. Жената беше тотален срам. Беше очигледно дека била пијана веќе неколку минути по почетокот на летот. Откако поврати, целата кабина смрдеше“, рекол еден патник. Другите исто така биле згрозени и многумина ја нарекле „најлошата патничка од пеколот“. Апсење по слетувањето Жената го правдала своето однесување тврдејќи дека ѝ било роденден. Откако повратила врз семејството, екипажот ја известил пилотската кабина, по што биле дадени наредби да се престане со служење алкохол. Го поминала остатокот од летот спиејќи. Капетанот ја информирал американската полиција за инцидентот, па авионот бил пречекан од агенти на ФБИ по слетувањето во Сан Диего. Жената била уапсена и однесена, а екипажот и патниците дале изјави за да помогнат во истрагата. Повици за ограничувања на алкохолот во авионите и аеродромите Овој инцидент повторно ја разгоре дебатата за служењето алкохол во авионите и аеродромите. Порано оваа година, „Рајанер“ побара ограничување од два алкохолни пијалоци на аеродромите. Авиокомпанијата ги повика европските власти да воведат нови ограничувања за да се спречи патниците да се опиваат пред да се качат на авионот. „Бритиш ервејс“ одби да коментира за случајот за „Сан“.Тагови: патничка пијана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook