Уапсен шефот на белградската полиција по мистериозно исчезнување на Нешовиќ-Баја - Канал 5

Уапсен шефот на белградската полиција по мистериозно исчезнување на Нешовиќ-Баја

30 дена притвор доби Веселин Милиќ, началник на белградската полиција и поранешен советник на српскиот претседател Александар Вучиќ кој беше уапсен вчера.

Уапсен шефот на белградската полиција по мистериозно исчезнување на Нешовиќ-Баја

30 дена притвор доби Веселин Милиќ, началник на белградската полиција и поранешен советник на српскиот претседател Александар Вучиќ кој беше уапсен вчера под сомнение дека извршил неколку кривични дела во обид да прикрие убиство во белградски ресторан и да спречи истрага за исчезнувањето на Александар Нешовиќ Баја од еден ресторан во Белград на 12 мај кого српските медиуми го поврзуваат со еден од белградските криминални кланови. Притворот на Милиќ му е определен за да не уништи или фалсификува докази и да влијае на сведоци, објавија тамошните власти.

Според српските медиуми Нешовиќ бил убиен од огнено оружје од Саша Вуковиќ во еден ресторан во белградската населба Сењак, каде што убиениот седел во друштвото на Милиќ. Според „Данас“, Милиќ го повикал Вуковиќ во ресторанот за да се смири со Нешовиќ, со кого бил во судир. Избила караница, при што Вуковиќ извадил пиштол и го застрелал Нешовиќ со неколку куршуми, убивајќи го на самото место. Вуковиќ и двајца припадници на обезбедувањето на Милиќ го ставиле телото во автомобил, го фрлиле покрај автопатот и го запалиле, додека началникот и уште еден полицаец останале во ресторанот за да ги отстранат трагите и снимките од надзорните камери. Дел од српските медиуми објавија и дека телото на Нешовиќ е пронајдено покрај автопат кај Шимановци, но српскиот претседател Вучиќ на вонредна прес-конференција тоа го негираше.

-Имавме повеќе медиуми кои објавија дека телото на убиениот, а не знаеме се уште, немаме потврда, знаеме дека дошло до пукање за тоа најдовме траги, затоа што некои луѓе мислат дека можат да ги исперат чаршафите па ништо да не се види или да го измијат подот па ништо да не се види. Постојат техники , добивате флуоресцентни траги па гледате дека е буквално крв насекаде. Само тие луѓе не научиле дека техниката и технологијата напредувале и ништо не успеале да сокријат. Би ги замолил новинарите да не пренесуваат информации за тоа дека телото е пронајдено, а телото не е пронајдено, да не објавувате вести од улица. Сакам да ви кажам дека ние и понатаму телото не сме го пронашле. Интензивна е потрагата, цели единици бараат, мислиме дека го знаеме реонот каде тоа можело да се случи и телото да биде оставено, но тоа е огромен простор и огромен број на луѓе се ангажирани, изјави Вучиќ.

Покрај Милиќ, уапсени се и Вуковиќ и тројцата полицајци. Директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ изјави дека во расветлувањето на случајот ангажирани се максималните капацитети на полицијата.

- Постои сомневање дека се извршени повеќе кривични дела. Полицијата ефикасно ја спроведува истрагата применувајќи ги сите свои законски овластувања, заштитени лица нема, ниту ќе има. Доведени се вкупно 10 лица, задржани, и сите 10 во текот на денот ќе бидат предадени односно спроведени до високиот јавен обвинител во Белград за понатамошни мерки. Меѓу тие 10 приведени се наоѓаат и четворица полициски службеници, изјави директорот на полицијата.

Милиќ работел во полиција од 1998, а за началник на белградската полиција првпат бил назначен во 2013. Подоцна бил советник на претседателот Вучиќ за борба против корупција и криминал, пред да се врати на функцијата началник кон крајот на 2020.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора.

* 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство

* 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија

Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија.

Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје.

Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија.

Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар.

Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер