Уапсен еквадорски нарко бос, осомничен за шверц на неколку тони кокаин - Канал 5

Уапсен еквадорски нарко бос, осомничен за шверц на неколку тони кокаин

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа соопшти дека еден од најбараните бегалци од таа земја и Соединетите Американски Држави, нарко босот Хозе Адолфо Масијас, познат по прекарот Фито, е повторно уапсен, повеќе од една година откако избегал од затво

Уапсен еквадорски нарко бос, осомничен за шверц на неколку тони кокаин

Масијас, кој ја предводи озлогласената криминална група „Лос Чонерос“, е уапсен во неговиот роден град, соопштија еквадорските власти, а американските судски власти сметаат дека групата е одговорна за шверц на неколку тони кокаин. Масијас избегал од регионалниот затвор Гвајакил на почетокот на 2024 година, додека отслужувал 34-годишна затворска казна за трговија со дрога.

Властите дознале за неговото исчезнување дури кога пристигнала војската за да го префрли во затвор со максимална безбедност, но не го нашле во неговата ќелија.

На почетокот на месецов, еквадорските власти ја зголемија наградата на милион долари за информации кои водат до апсењето на Масијас.

Минатата година, САД ги означија „Лос Чонерос“ како една од најнасилните криминални групи поврзани со мексиканските картели, додека еквадорската влада ги класифицираше како терористичка организација.

Жељко Комшиќ од денеска нов претседавач со Претседателството на БиХ

Хрватскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, кој е избран со гласовите на бошњачките избирачи, од денеска ја презема функцијата претседавач со Претседателството на БиХ.

Жељко Комшиќ од денеска нов претседавач со Претседателството на БиХ

Комшиќ на оваа позиција доаѓа по принципот на ротација, заменувајќи ја српската членка на Претседателството, Жељка Цвијановиќ.

Како што соопштија од Претседателството на БиХ, Комшиќ ќе ја извршува функцијата претседавач во наредните осум месеци.

Изборот на Комшиќ и понатаму е причина за незадоволство кај Хрватите, еден од трите конститутивни народи во БиХ, кои бараат измена на Изборниот закон. Тие сметаат дека бошњачките гласачи го избираат нивниот претставник во Претседателството и затоа инсистираат на реформи. Сепак, измените досега не се реализирани, бидејќи, според критичарите, на Бошњаците им одговара сегашната состојба во која имаат две фигури во Претседателството што ги застапуваат нивните интереси.

Герасимовски: Повикот за музичката манифестација „Нешто што ќе остане” трае до утре, пријави се!

„Лани, ‘Нешто што ќе остане’ беше нашиот настан на годината. Заедно со скопјани уживавме во добра квалитетна музика, ги пеевме најпознатите македонски хитови. 

Герасимовски: Повикот за музичката манифестација „Нешто што ќе остане” трае до утре, пријави се!

Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите регистрирани здруженија, организации и правни субјекти што работат во полето на културата и кои имаат седиште во Општина Центар, да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка за реализација на музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“. Тој потенцира дека оваа музичка манифестација и годинава повторно ќе го размрда Паркот на франкофонијата со звуците на македонските изведувачи.

„Лани, ‘Нешто што ќе остане’ беше нашиот настан на годината. Заедно со скопјани уживавме во добра квалитетна музика, ги пеевме најпознатите македонски хитови. Културата е таа којашто не спојува, културата е душата на Центар, на Скопје. Затоа, ги повикувам сите заинтересирани да се пријават на настанот и повторно да создадеме нешто што ќе остане, што ќе го паметиме и ќе бидеме горди“, вели Герасимовски.

Општина Центар бележи континуирано зголемување на буџетот за култура, кој од 4 милиони денари на почетокот на мандатот на градоначалникот Герасимовски, денес изнесува 13 милиони денари, што претставува трикратно зголемување.

Овој повик нуди можност за финансиска поддршка до 1.840.000 денари за организација на културниот настан, со цел поддршка на македонската музика, уметници и продукција. Пријавените треба да предложат целосна четиричасовна програма со реномирани македонски изведувачи и водител, како и целокупна логистика за реализација на настанот.

Рокот за пријавување трае до утре (четврток), односно 7 дена од денот на објавувањето на повикот на веб-страницата на Општина Центар: www.centar.gov.mk

Пријавите се доставуваат во архива (барака 6) или по пошта на адреса: Општина Центар – Скопје

Сектор за јавни дејности / Одделение за култура

ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје

со назнака: „Јавен повик за финансиска поддршка за реализација на проектот ‘Нешто што ќе остане’“

Формуларот за пријава е достапен на веб-страницата на Општината: https://www.centar.gov.mk/?p=25930

Општина Центар

Иран заплени странски танкер за шверц на два милиони литри гориво

Иран заплени странски танкер во Оманскиот Залив за шверц на два милиони литри гориво, соопштија судските власти во иранската покраина Хормозган, цитирани од британските медиуми.

Иран заплени странски танкер за шверц на два милиони литри гориво

„За време на континуираниот процес на следење и контрола на сомнителни движења за шверц на гориво во Оманскиот Залив, службениците прегледаа странски танкер поради недостаток на соодветни документи за неговиот товар и го запленија под обвинение за транспорт на два милиони литри шверцувано гориво“, се наведува во соопштението на судските власти, цитирано од полуофицијалната иранска агенција Мехр.

Во соопштението се додава дека 17 членови на екипажот на танкерот се уапсени и дека е отворен случај.

Нема непосредни информации за името на танкерот или кое знаме го пловеше, забележувата британските медиуми.

Иран, каде што цените на горивата се меѓу најниските во светот поради дарежливите субвенции и остриот пад на вредноста на националната валута, се обидува да се справи со широко распространетиот шверц на гориво по копно до соседните земји и по море до арапските земји.

„Дејствата на шверцерите на гориво, кои во координација со странци се обидуваат да го ограбат националното богатство, нема да останат скриени од судството, а казните за сторителите, доколку се докажат нивните злосторства, ќе бидат немилосрдни“, се наведува во соопштението на судот.

притисни ентер