ФудбалУапсен е претседателот на Сампдорија: Доста ми е од се`Претседателот на италијанскиот прволигаш Сампдорија, Масимо Фереро е уапсен поради наводен економски криминал кој не е поврзан со клубот, објавија италијанските медиуми.Фереро е однесен во затвор во утрово, додека пет други лица биле ставени во домашен притвор. Финансиската полиција го уапсила Фереро за корпоративен криминал и банкрот, како дел од истрагата на јавниот обвинител Паола од регионот Калабрија. Тој ја купил Сампдорија во јуни 2014 година од семејството Гароне, а пред два дена во интервју за „Република“ изјавил дека е уморен од се` и бара инвеститори за купување на клубот. „После осум години пожртвуваност, напорна работа, но и обвинувања и напади на моја сметка, уморен сум од се`. Ќе продолжам да давам се од себе за Сампдорија, но доколку има заинтересирани кои би го купиле клубот, јас сум подготвен да ги слушнам под услов да понудат вистинска цена “, рече Фереро во интервјуто. По 16 кола Сампдорија е на 15. место, пет бода над зоната за испаѓање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураБалетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков на 19 септември во НОБНа 19 септември 2026 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков.На 19 септември 2026 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, ремек-дело кое ја обединува магијата на ориенталните приказни со раскошната балетска уметност. Базирана на мотивите од „Илјада и една ноќ“, оваа балетска класика ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата е на познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Балетската приказна ќе ни ја раскажат: Наташа Трендафилова Гицев, Балаж Лочеи (Унгарија) заедно со првенците, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Балетот „Шехерезада“, инспириран од легендарните приказни од збирката „Илјада и една ноќ“, претставува ремек-дело во балетската литература кое ја спојува магијата на ориенталните приказни, драматичната музика и раскошниот сценски израз. Со богата кореографија, експресивни движења и внимателно избрани сценски детали, делото ја истражува моќта на раскажувањето, страста, љубомората и интригата, а ликот на Шехерезада носи мистерија и вештина што ја фасцинира публиката со секоја сцена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Нова водоводна и фекална мрежа за 200 жители на Маџир МаалоОпштина Центар изведува градежни активности за поставување на нова водоводна и фекална мрежа на улиците „Анте Хаџи Митков" и „Кеј 13 Ноември" во Маџир Маало. Со овој зафат се прошируваат капацитетите на водоснабдувањето и одведувањето на фекалните води. Вкупната должина на новите цевководи изнесува 127 метри. Станува збор за целосно нова инфраструктура која ќе овозможи поефикасно и постабилно водоснабдување на околу 200 жители на населбата, како и подобро одведување на отпадните води. „Ја подобруваме инфраструктурата во интерес на граѓаните. Со овој проект жителите на Маџир Маало добиваат современо и сигурно водоснабдување и трајно решение за одведување на фекалните води", рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Општина Центар продолжува со инвестициите во комуналната инфраструктура, со цел сите жители да имаат подобри и поквалитетни услови за живеење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУгината риба во реката ТрескаОд СРЗ „Хантер Фиш“ синоќа преку социјалните мрежи пријавија угинување на риба во реката Треска кај Кичево и побараа итна реакција од надлежните институции и детално утврдување на причините за случајот.Од здружението велат дека состојбата е загрижувачка и дека мора веднаш да се проверат сите можни причини за угинувањето на рибата, особено можноста за загадување или друга интервенција што би можела да го загрози живиот свет во реката. Оттаму бараат веднаш да се земат примероци од водата и од угинатата рибаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook