Уапсен е канадскиот хокеар Милан Лучиќ- ја тепал и давел сопругата - Канал 5

Уапсен е канадскиот хокеар Милан Лучиќ- ја тепал и давел сопругата

Милан Лучиќ (35), канадски хокеар со српско потекло, е уапсен поради семејно насилство.

Уапсен е канадскиот хокеар Милан Лучиќ- ја тепал и давел сопругата

Американските медиуми јавуваат дека хокеарот на Бостон Бруинс бил пријавен од неговата сопруга за инцидентот што се случил во саботата. Наводно Лучиќ во алкохолизирана состојба ја претепал и задавил сопругата по расправија која прераснала во физички конфликт. Од Бостон Бруинс само потврдија дека се во контакт со Лучиќ и потенцираа дека ќе го бранат својот играч.

Лучиќ го освои Стенли купот со Бруинс во 2011 година и има одиграно повеќе од 1.000 натпревари во НХЛ и според многумина е еден од најдобрите играчи во светот. Тој беше избран на драфтот во 2006 година и оттогаш играше за Бруинс, Калгари Флејмс, Едмонтон Ојлерс и Лос Анџелес Кингс. Тој беше светски шампион во 2023 година со Канада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: 82 години слободно Кавадарци!

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци.

Јанчев: 82 години слободно Кавадарци!

„Со почит и гордост одбележуваме 82 години од ослободувањето на нашиот град.

Денес се сеќаваме на хероите кои го дадоа својот живот за слободата и иднината на генерациите што доаѓаат.

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци им оддаваме почит на нивната храброст и жртва.

Слободата е наша чест, но и наша обврска – да ја чуваме, почитуваме и пренесуваме на идните генерации.

Нека ни е честит 7 Септември!

Да живее Кавадарци!

Да живее слободата!“- објави Јанчев на фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали е ова можно: Трамп менува друго име на светската мапа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека му се допаѓа идејата за промена на името на американската држава Ново Мексико во Нова Америка.

Дали е ова можно: Трамп менува друго име на светската мапа

„Многу луѓе предложија промена на името на Ново Мексико, една од најголемите држави на сите времиња во однос на изборните измами, во Нова Америка. Тоа е многу попрестижно и поубаво за луѓето од оваа потенцијално неверојатна држава. Многу ми се допаѓа таа идеја“, рече Трамп во објава на неговата социјална мрежа „Truth Social“.

Само пред десет дена, на крајот на август, американскиот претседател објави дека го преименувал езерото Онтарио во Езеро Америка.

Во тоа време, тој потпиша извршна наредба во Овалната соба со која ѝ наложи на американската канцеларија за имиња на „National Geographic“ да го промени името на ова езеро.

Езерото Онтарио, едно од петте Големи езера во Северна Америка, се наоѓа на границата помеѓу канадската покраина Онтарио и американската држава Њујорк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: зголемена е поддршката за талентираните ученици, поттикнуваме поголемо учество на меѓународни олимпијади и натпревари

Во последните три години државата ја зголеми поддршката за талентираните ученици.

Јаневска: зголемена е поддршката за талентираните ученици, поттикнуваме поголемо учество на меѓународни олимпијади и натпревари

Претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денес остварија средба со 100тина талентирани ученици кои преку здруженија на наставници или индивидуално, годинава учествуваа на меѓународни научни олимпијади и престижни ученички натпреварувања.

На средбата, им порачаа дека се гордост на државата и дека институционалната грижа кон талентираните, како и кон сите ученици и млади ќе продолжи да се зголемува.

„Се радувам што од година во година евидентираме сé поголем талентирани млади со желба за натпревар, кои сакаат да ја претставуваат државата надвор и со гордост го прават тоа. За мене тоа е вистински патриотизам и затоа продолжете да бидете репрезенти на татковината. Ви честитам на сите кои оваа година учествувавте на врвни натпревари, а дел од вас освоија и високи награди и признанија“, рече Јаневска пред учениците.

Во последните три години државата ја зголеми поддршката за талентираните ученици. Нивните семејства повеќе немаат грижи како ќе обезбедат средства за учество на меѓународни натпревари, затоа што Министерството за образование и наука во целост ги покрива трошоците за пат и котизација. Минатата година беа исплатени 5, а годинава досега 3 милиони денари за оваа намена.

Министерката рече дека сите деца се важни и должност на институциите е да им се посветуваат подеднакво, да имаат поквалитетно образование и еднаков пристап до образовните можности. Но, талентираните ученици бараат посебно внимание за да можат целосно да ги реализираат личните аспирации и потенцијали, па оттука и значителната промена на политиките за нивна поддршка.

Потсети дека министерството редовно објавува повици за доделување на парични средства за освоени високи места и медали на меѓународни натпревари, парични средства за освоени први места на државни натпревари, конкурси за доделување стипендии за талентирани средношколци, како и дека во тек е изработка на Концепција за детектирање и работа со талентирани деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер