3Мерлин од Мексико е нова сензација на Светското првенство- патката носи дрес и чорапи на репрезентацијата (ВИДЕО)
МакедонијаУапсен е Илчо Ѓоргиоски, поранешниот претседател на ФФМ- во тек е голема акцијаПоранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓоргиоски, е приведен во рамките на сеопфатна истрага во која се вклучени повеќе од 15 лица.Според информациите од Обвинителството за организиран криминал, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција, во тек е координирана акција на неколку локации низ земјата, при што се спроведуваат претреси и апсења на осомничени лица. Според извештаите на медиумите, Ѓоргиоски, кој со години е една од највлијателните личности во македонскиот фудбал, е меѓу приведените. Против него е поднесена кривична пријава претходно, во 2019 година, поради сомнение за даночно затајување и фалсификување деловни документи за време на неговиот мандат како прв човек на ФФМ. Во пријавата се наведува дека Федерацијата наводно презентирала неточни финансиски податоци и со тоа го оштетила државниот буџет за околу 1,68 милиони денари. Истрагата, која беше покрената тогаш, сега, според неофицијални информации, е проширена и е дел од поширока кампања против организираниот криминал и финансиските измами во спортските и деловните структури. Официјалните институции сè уште не ги објавија детално сите имиња вклучени во кампањата, но се очекуваат нови апсења и проширување на истрагата во наредните часови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР и МОН стартуваат со нов проект за превенција од семејно и врсничко насилствоСемејното и врсничкото насилство земаат замав. За само една година бројот на пријави за семејно насилство е зголемен за 67 проценти, а во пораст е и насилството меѓу учениците. За 67 % се зголемиле пријавите за семејно насилство во МВР за само една година. 768 кривични дела поврзани со семејно насилство се регистрирани во периодот од почекокот на оваа година до крајот на мај, наспроти минатата година кога имало 460 пријави, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. И врсничкото насилство е во подем. За претходната учебна година евидентирани се 93 пријави на насилства во 64 училишта. Министерката за образование Весна Јаневска го најави проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“. Министерот за социјална политика Фатмир Лимани истакна дека врсничкото насилство не се појавува изолирано, туку често е последица на нарушени семејни односи. Од Комората на психолози објаснија дека агресивното однесување доаѓа како последица од доживена болка и насилство. Опасно станува кога не се работи на овој проблем кој може да продолжи со насилство и во следните генерации. Од следната недела ќе започнат обуки за училишните психолози, педагози и социјални работници во основното образование, со цел да се препознаат децата кои се жртви на насилство и навремено преземање соодветни мерки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРадев одбива средба со Мицкоски, смета дека немале што повеќе да си кажат Бугарскиот премиер Румен Радев препознава омекнување на позициите на дел од европските лидери за спорот со Македонија. Бугарскиот премиер Румен Радев гледа омекнување на позициите на европските лидери во однос на Македонија. Според него редица европски лидери се колебаат околу преговарачката рамка, вметнувањето на бугарите во уставот и спроведувањето на втриот протокол од Договорот за добрососедство, па вели одново ќе мора да ги убедува дека Скопје мора да го исполни договореното со консензусот од 2022 година. „Сега кога отидов на средба во Црна Гора видов видов сериозни отстапувања во позициите на тие лидери. Сега повторно треба да вложам максимални напори да ги убедам каде и како треба да се постави Европа како еден општ сојуз така што ќе ги заштитиме интересите и правата на сите граѓани во тој сојуз. Има колебање во позицијата на редица европски лидери во времето додека ме немаше во ЕУ за тие години. Некој не си ја завршил работата. И сега треба повторно да вложиме напори да ги убедиме лидерите дека консензусот постигнат во јули 2022 година треба да се почитува.“ Изјавата на Радев доаѓа ден откако во Европскиот парламент помина извештајот за напредокот на Македонија. Рече и дека не гледа простор за средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање во врска со палењето на двата дипломатски автомобили пред бугарската амбасада во Скопје откако претходно тврдеше дека македонското политичко раководство прави се што е можно да го одложи членството на земјава во ЕУ. Инаку во финалниот текст на извештајот кој беше изгласан со 411 гласа, не помина обидот за целосно бришење на ставот 73 од текстот на резолуцијата, односно во финалната верзија останува Вториот протокол од Договорот со Бугарија, барањето историската комисија да постигне „јасни и опипливи резултати“. Oстануваат и деловите за спроведување на договорот со Бугарија, работата на историската комисија, како и потврдата дека уставните измени остануваат главниот услов за отворање на првиот преговарачки кластер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпозициски пратенички прашања во Собранието – во фокусот образованието Образованието во фоскуот на денешните опозициски прашња во Парламентот. Зошто Министерството за образование се одлучува за оптимизација, дали ќе има наставници кои ќе станат технолошки вишок- прашуваат од СДСМ на седницата за опозициски пратенички прашања.. Велат дека министерството имало лоша стратегија за кадрите, кои според нив самите стравувале дека ќе останат без потребниот фонд на часови, а со тоа ќе им се намалеле и платите. Министерката Јаневска уверува дека отпуштања од работа нема да има, туку е планирано само прераспределување на часовите. Од опозициските пратенички групи реагираа, зошто дел од министрите на кои најавиле дека ќе им постават прашања не дошле на седницата или ги испратиле нивните заменици. Од владејачката партија пак одговорија дека се злоупотребувал концептот за опозициски прашања. Во фокусот на пратеничките прашања беа платите во министерството за одбрана, надворешната политика и културата, но поголемиот дел од пратениците одлучија одговорите на нивните прашања да ги добијат писмено од министрите кои не беа присути. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00