МакедонијаУапсен е екс-претседателот на ФФМ – Илчо ЃорѓиоскиУтринава во координирана акција уапсен е екс-претседателот на ФФМ – Илчо Ѓорѓиоски – неофицијално, тој и уште 11 физички лица, како и 14 фирми, се опфатени во истрага на ОЈО ГОКК отворена пред шест години .Утринава во координирана акција уапсен е екс-претседателот на ФФМ – Илчо Ѓорѓиоски – неофицијално, тој и уште 11 физички лица, како и 14 фирми, се опфатени во истрага на ОЈО ГОКК отворена пред шест години по кривична пријава од Финансова полиција за наводна проневера на над 2,5 милиони евра во периодот кога бил претседател на Федерацијата. Според сомнежите од истрагата, при водењето на финансиите на ФФМ, преку различни механизми, како фиктивни фактури, договори за услуги кои не биле реално извршени и исплати преку фирми, биле извлекувани пари од федерацијата. Во моментов дополнителни детали нема ниту од Обвинителството, ниту од МВР и Финансова – оти истрагата е во тек, а посочија и дека се вршат претреси на повеќе локации и дека станува збор за долгогодишна предистражна постапка. Од ФФМ пак велат, според доставената документација до надлежните институции штетата нанесена на ФФМ од 2015та до 2019та година надминува 2,5 милиони евра. „Според документацијата доставена до надлежните институции, вкупјната штета нанесена на Фудбалската федерација на Македонија за периодот од Јануари 2015 година, до крајот на 2019 година, изнесува повеќе од 2,5 милиони евра. На крајот на 2025 година од федерацијата беше побарана дополнителна документација, која во целост беше доставена до надлженото обвинителство на почетокот на 2026 година. Истовремено, со официјален допис повторно беше укажано на висината на утврдената штета и беа доставени дополнителни релевантни информации.“ Во пријавата на Финансова полиција беа опфатени и тогашните раководители на финансии и сметководство и на одделот за судии и судење, како и сопственици и управители на повеќе компании. Финансова тогаш наведе дека осомничените сториле повеќе дела, меѓу кои се перење пари, злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, несовесно работење, проневера, измама и фалсивикување на деловни книги. Наведено беше и дека Ѓорѓиоски како претседател не извршил соодветен надзор, и овозможил исплати од сметките на ФФМ кон повеќе правни лица врз основа на фиктивни фактури за услуги и стока, кои никогаш не биле испорачани. Исто така, според Финансова, преку фиктивни фактури биле исплатени над 200.000 евра од сметките на „куќата на фудбалот“ што директно нанело штета врз федерацијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Шоу бизФото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикиниЕкс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини. Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам. 39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела. Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо Франција пронајдени тела на пет бебиња Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“. Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница. По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции. Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството. Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЗабаваШпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалеротШпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула. Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона. „Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com. Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид. Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација. Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook