Уапсен е главниот психијатар на украинската војска: Му нашле милиони, џипови, станови... (ФОТО)

Украина го приведе главниот психијатар на својата армија под обвинение за „незаконско богатење“.

Наводно незаконски се стекнал со околу еден милион евра.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека мажот одлучувал дали поединците се способни за воена служба. Во соопштението на SBU не се наведува неговото име, но маж по име Олех Друз претходно бил идентификуван како главен психијатар на украинските вооружени сили, објави Би-Би-Си.

Друз поседувал три стана во и околу Киев, еден во Одеса, две парцели и неколку луксузни автомобили БМВ. Инспекторите пронашле 152.000 долари и 34.000 евра во готовина при претрес на имотот. Во соопштението се нагласува дека мажот не го пријавил имотот, туку тој бил заведен на име на неговата сопруга, ќерки, синови и други лица.

Му се закануваат десет години затвор. Тој веќе бил суспендиран во 2017 година бидејќи не ги пријавил своите два теренци и неколку имоти.

Украина долго време се бори со системска корупција. Во мај, украински пратеник беше обвинет за проневера на 260.000 евра, додека во 2023 година, повеќе од 30 воени офицери биле обвинети за земање мито и шверцување луѓе надвор од земјата и се отпуштени во антикорупциска чистка.

Минатата година, украинскиот парламент гласаше за укинување на воено медицинските комисии, откако неколку функционери беа обвинети за примање мито во замена за ослободување од воена служба.

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер