Twingo Cup викендов се вози во Австрија - Канал 5

Twingo Cup викендов се вози во Австрија

Рекорден број на возачи се пријавија за трката, 34 кои ќе возат на двете планирани трки, во Сабота и во Недела, меѓу кои и деветмина Македонци.

Twingo Cup викендов се вози во Австрија

Познатата патека Ред Бул Ринг во Австрија викендов ќе биде домаќин на втората трка од првенството на Twingo Cup тркачка серија во која настапуваат и деветмина македонски возачи.

Ова е трета сезона на Twingo Cup што се одржува во организација на Аутомотив Груп и Рено Спорт клуб.

Патеката на која се возат и Ф1 трки првпат е домаќин на малите твинговци, и за оваа втора трка пријавени се 34 возачи, што е најмногу досега. Покрај деветтемина Македонци кои ќе возат, има и возачи од Словенија, Италија, Србија, Чешка и од Австрија. Покрај за Twingo Cup истите трки ќе се бодуваат и за FIA CEZ првенството, и за националните првенства на Словенија и на Македонија.

Во Петок се слободните тренинзи за сите 34 натпреварувачи во утринските часови, а попладне е предвидено да се возат и квалификациите во траење од 25 минути по што ќе бидат одредени и стартните позиции за двете трки. Првата трка е планирано да се вози во Сабота од 19,30 часот, а втората во Недела од 10,55 часот.

Македонските возачи за Австрија патуваат во „полн состав“ вклучувајќи ги и Владимир Трнески и Давид Малинковски, кои победија во првенството на Македонија на двете трки.

Тренески беше најбрз на првата трка. На втората во самата завршница имаше пех и мал инцидент поради што не ја заврши трката, но возилото е подготвено за она што го очекува во Австрија.

„Ова ќе биде првпат да возиме на оваа патека. Не ја познаваме доволно добро, но така ќе биде за речиси сите возачи. Има многу брзи делови на патеката и малку сопирање. Јас повеќе сакам технички патеки, но и сега ќе дадеме се од себе да бидеме добро пласирани. Во Унгарија покажавме дека сме кадарни да се носите со другите возачи. Сега тука ќе има делови каде возилата нема да развиваат голема брзина поради нагорнините, ќе се вози во групи а поради широката патека сигурно ќе има и повеќе возила што ќе се обидуваат да престигнуваат’’, вели Владимир Тренески победникот од првата трка во Унгарија.

Покрај во Унгарија сезонава ќе се возат трки и на патеките Ред Бул Ринг во Австрија, на Гробник во Хрватска, кај Брно во Чешка, на Серез, Грција и на Монца Италија.

За Марко Блажевски Австрија ќе биде место повторно да потврди дека вози одлично сезонава, и да го потврди оптимизмот со кој влегува во третата сезона.

„ Очекуваме релативно брза трка, со многу „фирунг возење“ (еден позади друг). Нема многу свиоци на патеката, и секако очекувам да бидеме подеднакво брзи. Оптимист сум и секогаш целам кон врвот, па затоа очекувам да бидеме во самиот врв. Само да немаме пехови. Не се плашам да притиснам на гаста и онаму каде другите сопираат. Сигурно ќе има и меѓусебно помагање со другите Македонци па патеката за да можеме да им конкурираме на другите, вели Марко Блажевски.

Прогнозите се дека ќе има „влажен„ тркачки викенд во Австрија, со можен дожд, кој ветува уште повозбудливи трки.

Актуелен првак во Twingo Cup за 2021 година е Давид Малинковски кој лани освои 122 бода и победи на четири од вкупно осум трки, а шест пати беше на пиедесталот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крави го „узурпираат“ центарот на Крива Паланка, општината бара кризна состојба

Повторно Крави се шетаат низ строгиот центар на Крива Паланка, покрај кејот на реката ,но и низ сообраќајниците.Граѓаните  алармираат за својата безбедност.

Крави го „узурпираат“ центарот на Крива Паланка, општината бара кризна состојба

Според жителите станува збор за над илјада грла, но бројката не е официјално потврдена.

Проблемот со неконтролираното движење на стада крави низ кривопаланечко трае со години. Иако уште во 2024 година бил извршен инспекциски надзор и биле утврдени неправилности во одгледувањето, состојбата останала нерешена. Од Општината велат дека досегашните барања до надлежните институции не дале резултат, додека штетите врз земјоделските насади и имотите продолжуваат да растат.

„ Во 2024 година во месец фебруари токму АХВ има извршено вонреден инспекциски надзор на овие стада добиток пришто е константирано несовесно одгледување на самиот добиток и изречена мерка прекршочна. Овој проблем од 2024 година до ден денеска сеуште не е решен. Ние како Општина немаме надлежност за прогласување на кризна остојба и две години веќе мака мачиме со АХВ да постапат ... како краен механизам моравме да го Општинскиот Кризниот штаб.Верувајте штетите што секојдневно ги трпат нашите сограѓани односно нивните приватни земјоделски насади и култури, општинските штети што ние ги имаме како Општина се навистина од еден сериозен обем и карактер и финансиски, но и по самата површина што ја прават со самото неконтролирано движење на ниво на цела Општина“-– градоначалник на Крива Паланка.

Од друга страна новиот директор на АХВ вели дека на негова иницијатива побарал средба со градоначалникот во понеделник, на која како што изјави за Канал 5, треба да се разговара за надминување на проблемот како и за чекорите кои ќе бидат превземени..

Во меѓувреме, за проблемот со кравите Општината побара Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба, но проблемот се влече веќе десеттина години.

Случајот се актуелизираше и мината година кога мештаните реагираа за неконтролираното движење во реонот на Крива Паланка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗР: Железницата во загуби и со застарена инфраструктура

Застарени пруги, неисправни локомотиви и милионски загуби. 

ДЗР: Железницата во загуби и со застарена инфраструктура

Државниот завод за ревизија откри сериозни слабости во работењето на Македонски железници, кои со години се соочуваат со финансиски проблеми и недоволни инвестиции.

Според ревизорскиот извештај за 2024 година, Железници Инфраструктура работеле со загуба од над три милиони евра, додека вкупната акумулирана загуба од претходните години достигнала дури 76,6 милиони евра. Ревизорите предупредуваат дека дотраените пруги и застарената сигнализација го отежнуваат железничкиот сообраќај. На дел од главните коридори возовите се движат со намалена брзина, а одредени делници се целосно затворени.

„На дел од главните коридори се вози со намалени брзини поради бројни дефекти, застарени системи и опожарени прагови.“ – Државен завод за ревизија.

Ништо подобра не е состојбата ниту во Железници Транспорт. Од вкупно 62 локомотиви, функционални биле само девет, додека акумулираната загуба на претпријатието достигнала над 109 милиони евра.

Од Железници Инфраструктура одговараат дека станува збор за децениски наталожени проблеми и дека веќе преземаат мерки за надминување на забелешките на ревизорите. Информираат дека е донесен петгодишен план за одржување на железничката инфраструктура и дека се работи на кадровско зајакнување. Признаваат дека дел од проблемите сè уште не се решени, но уверуваат дека ќе продолжат со спроведување на препораките на ДЗР.

На ревизорските извештаи реагираше и Министерството за транспорт, од каде што за лошите состојби во железницата ги обвинија поранешните раководства поставени од СДСМ и ДУИ и побараа постапување од Јавното обвинителство.

„Како министерство апелираме Јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост да бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи“, велат од Министерството.

Ревизијата за 2024 мегудругото отркила и неоправдани вложувања во материјални средства и кои не биле користени 15 години, а регистрирале и неправилности со платите и имотот

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Савески: Извештајот на ЕК е одраз на реалната состојба во правосудството, ќе биде мотив за поефикасно работење

Извештајот за напредокот на земјава е одраз на реалната состојба во правосуствто, смета дражвниот јавен обвинител Ненад Савески.

Савески: Извештајот на ЕК е одраз на реалната состојба во правосудството, ќе биде мотив  за поефикасно работење

Но вели дека тоа нема да ги демотивира обвинтелите и судиите, туку напротив ќе даде мотив за поефикасно работење, а како причина за бавните процеси во правосудството ги наведе недоволните капацитети со кои раполагаат, условите за работа на обвинители и недостатокот на кадар. Категоричен е дека изјавите од политичарите не влијаат врз работата на јавните обвинители.

„Извештајот е одраз на една реално согледана состојба, тона не може да не демотивира, туку напротив не мотивира да се фоксуираме и да дадеме еден посилен притисок врз сетоа она што е лоцирано како недостаток, притисок во смисла да испратиме јасна порака до домашната и меѓународната јавност дека правосудниот систем во земјава и конкретно јавното обвинителство е сериозен борец против организираниот криминал и корупција. Изјавите од политичарите не моќе да се одрзат врз работата, квалитетот и начинот на водење на постапките и одлучувањето од страна на јавните обвинители. Ние не можеме тоа да го спречиме, еднсотавно ние тоа само го игнорираме“-– Ненад Савески, државен јавен обвинител.

Според познавачите најголеми се критиките од Брсиел упаени кон бробата против крупцијата каде четврта година по ред не е нотиран никакво подобрување, но сметаат дека е едвидентиран одреден напредок во правосуството, кој пред се се должи на донесените реформски закони.

„Во делот на борба против корупција како клучните проблеми според Извештајот е честата измена на КЗ што креира непредвидливост во тековните постапки. Последните измени придонесоа кон прекинување на дел од постапките затоа шѓто иамше менување на елементите на кривичните дела или остранување на одредени членови, како и застраување на постапките. Извештајот е особено критичен кон ДКСК дека е недоволно проактивна во откривање на коруција и нејзините наоди често не се проследуваат од другите институции. Во делот на бробата против корупцијата за мене е позитивно што во 2025-та според извештајот е зголемен бројот на нови истраги и правосилни осудителни судски одлуки во споредба со 2024-та година “- Марија Мирчевска, Институт за демократија.

Освен одреден напредок во правосудството, во најновиот Извештај на ЕК позитивно се оценети и реформите на јавната администрација, а земјава е пофалена и за целосната усогласеност со надворешната и безбедносна политика на Унијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер