Туск предупредува на сериозни последици доколку ЕУ не се договори за финансирањето на Украина - Канал 5

Туск предупредува на сериозни последици доколку ЕУ не се договори за финансирањето на Украина

Полскиот премиер Доналд Туск предупреди на сериозни последици доколку лидерите на Европската унија не успеат да најдат решение за континуирана финансиска поддршка за Украина.

Туск предупредува на сериозни последици доколку ЕУ не се договори за финансирањето на Украина

„Имаме едноставен избор: Или пари денес или крв утре“, рече Туск по пристигнувањето на самитот на ЕУ во Брисел денеска. „Не зборувам само за Украина. Зборувам за Европа. Ова е наша одлука што треба да ја донесеме и само наша“, рече тој.

ЕУ е под притисок да најде начин да ги покрие финансиските и воените потреби на Киев, бидејќи тековните шеми за финансирање истекуваат во наредните месеци.

Најжестоко дискутираниот модел на финансирање вклучува ставање на располагање на Украина на рускиот државен имот замрзнат според санкциите на ЕУ како заем, кој Киев би требало да го врати само ако Русија изврши репарации по војната.

Но, Белгија, каде што се чуваат околу 185 милијарди евра (217 милијарди долари) од вкупно 210 милијарди евра руски имот замрзнат во ЕУ, се спротивставува на планот, наведувајќи правни и финансиски ризици.

„Мислам дека сите европски лидери конечно мора да се издигнат на висина на оваа пригода“, рече Туск.

Обраќајќи се пред белгискиот Парламент, белгискиот премиер Барт де Вевер ги повтори своите загрижености утрово и се заложи ЕУ да преземе заеднички долг за финансирање на Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Месечни стипендии до 5.000 денари за учениците од Центар

Месечни стипендии до 5.000 денари за учениците од Центар,  поддршка за талентот, успехот и развојот на младите.

Герасимовски: Месечни стипендии до 5.000 денари за учениците од Центар

Општина Центар ги повикува учениците од општинските основни училишта да аплицираат за стипендии во три категории: култура, наука, техника и посебни вештини, како и спорт. Дополнително се доделуваат стипендии на осум талентирани ученици од семејства со висок социјален ризик.

Висина на стипендиите во категориите култура, наука, техника и посебни вештини, изнесува 4.000 и 4.500 денари месечно, додека за спортските стипендии се предвидени 3.500, 4.500 и 5.000 денари месечно, во тек на осум месеци во тековната учебна година.

„Го исполнивме предизборното ветување за зголемување на ученичките стипендии за 50 проценти. Со оваа мерка обезбедуваме поголема поддршка за знаењето, креативноста, талентот и спортскиот дух на нашите ученици. Тие се нашата иднина и заслужуваат услови во кои ќе можат да се развиваат и да ги остваруваат своите амбиции“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Секој ученик може да аплицира само во една категорија.

За пријавување потребно е да се достават потврда од училиште дека е редовен ученик/чка, кратка биографија, контакт од родител или старател, фотокопии од свидетелства, добиени дипломи, признанија и награди, како и потврди од надлежните федерации или акредитирани организации, согласно категоријата за која се аплицира.

Документите се поднесуваат во Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје, со соодветна назнака за категоријата.

Крајниот рок за поднесување на документите е 23.9.2026 година.

Огласите се објавени на веб-страницата на Општина Центар, каде што се наведени сите услови и потребни документи за аплицирање:

ОГЛАС за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2026/2027 година | Општина Центар

ОГЛАС за доделување спортски стипендии на талентирани спортисти од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во учебната 2026/2027 година | Општина Центар

ОГЛАС за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науката, техниката и посебните вештини од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2026/2027 година | Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иџе во Бузет: Големо финале на европскиот шампионат на ридски патеки

Игор Стефановски - Иџе е подготвен за последниот предизвик во сезоната.

Иџе во Бузет: Големо финале на европскиот шампионат на ридски патеки

Овој викенд, од 18 до 20 септември, Бузет, Хрватска, ќе биде домаќин на големото финале на FIA Европскиот шампионат на ридски патеки (FIA EHCC).

По одличниот настап и успешниот старт со новиот прототип „Нова прото“ во Словенија, Иџе сега го насочува фокусот кон култната трка 45- Buzetski dani 2026, која традиционално привлекува голем број врвни европски возачи.

Официјалната листа на пријавени брои дури 242 возачи, а во Категорија 2, во која од оваа сезона настапува Иџе со новиот болид, се пријавени најдобрите имиња од европската елита.

„Очекуваме добар резултат и сакаме таму да ја продолжиме оваа убава европска приказна. Бузет има посебно место во мојата кариера“, вели Иџе, кој со нетрпение го очекува настапот. Стефановски ветува спектакл за верната публика во Бузет.

Бузет има посебно значење за неговата кариера. Токму на оваа патека минатата сезона Иџе ја возеше својата 200-та трка во кариерата, а сезоната во FIA Европскиот шампионат на ридски патеки ја заврши со одлично трето место во Група 1.

Оваа година предизвикот е уште поголем. Со преминувањето на Ново прото, Игор Стефановски - Иџе и официјално се пресели во Категорија 2, најпрестижната и технолошки најнапредната категорија во европскиот автомобилизам на ридски патеки.

Последниот викенд од европскиот шампионат носи нова битка, силна конкуренција и уште еден спектакл на легендарната патека во Бузет. Иџе е подготвен. Бузет и неговата публика го очекуваат. Македонија ќе има нова шанса да навива за својот шампион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конгресот на САД изгласа построги санкции против Русија

Претставничкиот дом на САД  гласаше со 262 гласови „за“ и 159 „против“ за усвојување на закон за санкции и царини со цел зголемување на економскиот притисок врз Русија поради нејзината инвазија во Украина.

Конгресот на САД изгласа построги санкции против Русија

Претставничкиот дом на САД гласаше со 262 гласови „за“ и 159 „против“ за усвојување на закон за санкции и царини со цел зголемување на економскиот притисок врз Русија поради нејзината инвазија во Украина, испраќајќи го законот до претседателот Доналд Трамп за негов потпис.

Ова веројатно е најзначајната иницијатива на САД за поддршка на Украина откако Трамп се врати на функцијата: По Сенатот, и претставничкиот дом сега ги одобри новите санкции. Законот сега се нарекува „закон за санкции на Русија и Иран од Линдзи Греам од 2026 година“, во чест на покојниот републиканец од Јужна Каролина кој го предложи пред година ипол.

Десетици демократи се одвоија од раководството на нивната партија и им се придружија на повеќето републиканци во поддршката на законот.

Законот е насочен кон руската енергетска и одбранбена индустрија, како и кон руската „флота во сенка“ од танкери кои ги заобиколуваат западните санкции и пловат низ меѓународните води што е спротивно на меѓународното право вклучитело и поморското, и се соочи со отпор бидејќи го овластува Трамп да воведе високи царини на Кина, Индија и други земји за да ја намалат нивната зависност од руската нафта и гас и да ги продолжат санкциите кон Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер