Тушевска: ВМРО-ДПМНЕ инвестира во иднината на македонското земјоделство - Канал 5

Тушевска: ВМРО-ДПМНЕ инвестира во иднината на македонското земјоделство

ВМРО-ДПМНЕ инвестира во иднината на македонското земјоделство, преку реализација на капитални проекти, модернизација и силни институции.

Тушевска: ВМРО-ДПМНЕ инвестира во иднината на македонското земјоделство

Покрај стабилизацијата на секторот, во изминатите две години силен фокус ставивме на капиталните инвестиции, модернизацијата и изградбата на функционални институции.

Затекнавме нереализирани кредити и проекти што со години стоеја во место, кредитот од германската банка KfW, вреден 80 милиони евра, пет години не бил реализиран, а државата плаќала милионски пенали, додека кредитот од Светската банка за модернизација на земјоделството, имаше реализација помала од 10 проценти.

Денес состојбата е целосно променета и посветено се работи на модернизација на земјоделството, така за логистичко-дистрибутивниот центар во Скопје веќе е завршена постапката за избор на изведувач, а центарот ќе биде изграден до крајот на 2027 година, додека во Струмица се подготвува изградбата на современ центар за сортирање и складирање на земјоделски производи.

Паралелно, се воспоставува интегриран дигитален систем за управување со земјоделското земјиште, а во делот на државното земјоделско земјиште склучени се повеќе од 2.100 договори за околу 6.000 хектари, а ослободени се дополнителни 2.000 хектари кои во најскоро време ќе им бидат ставени на располагање на земјоделците.

Во водостопанството обезбедивме финансиска стабилност, инвестиции и забрзана реализација на капиталните проекти, за што во 2025 година е доделена финансиска поддршка од 132 милиони денари.

По цели шест децении, се исчисти езерото Младост, додека површините под наводнување се зголемени од околу 14.000 на 17.700 хектари и откочени се проектите за браните Конско и Речани, хидросистемот Равен – Речица, системите за наводнување Колибари, Сарај и Турија, проектот Злетовица. Обезбедени се и европски средства за нови системи во Сопот и Новаци, додека проектите за системите за наводнување Страиште и Пепелиште, веќе се во активна фаза, со избрани постапки и подготовка за изградба.

Во делот на шумарството, од претпријатие кое работеше со загуба и неисплатени плати, денес има профит од 10 милиони денари и нов дигитален систем за следење на шумските ресурси, што значително ја подобрува контролата и транспарентноста.

Во ловството, склучени се 71 нов договор за концесија на ловишта, а во рибарството по долг застој повторно е реализирано порибување на Охридското Езеро со околу еден милион единки охридска пастрмка.

Паралелно на ова се работеше и на законските реформи, при што подготвени се новите закони за земјоделско земјиште, земјоделство и рурален развој, уредување на пазарите и шумите, како и воспоставување револвинг фонд за откуп на земјоделски производи.

Резултатите се јасни и видливи, од проекти што со години стоеле во место, денес имаме активни градилишта, нови инвестиции, модернизација и институции што работат во интерес на граѓаните и во таа насока ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со политики што носат развој, инвестиции и силно македонско земјоделство, рече Јулија Тушевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Французинка со совршено тело што го покажува на плажа заведе милиони

Ако Instagram има кралица на плажите, сончевите зраци и заводливата насмевка, тогаш тоа веројатно е  анонимната , сега многу популарна убавица Полин Танто, попозната под прекарот @popstantot. 

Фото: Французинка со совршено тело што го покажува на плажа заведе милиони

Француската инфлуенсерка вешто позира пред камерата, но истовремено гради препознатлива естетика поради која нејзините објави често изгледаат како страници од модни списанија, пишува „24sata“.

Родена во Бордо во 1994 година, таа ги претвори социјалните мрежи во платформа каде што ги спојува минимализмот, луксузот и пејзажите од егзотични плажи што изгледаат како да се извадени од разгледница.

Особено интересен дел од нејзината приказна е соработката со нејзината сестра близначка, со која го лансираше брендот „Khassani Swimwear“.

Нивните костими за капење не се претставени само како облека, туку како дел од животен стил што вклучува палми, зајдисонца, патувања и совршени фотографии од одмор.

На тој начин, Полин промовира не само производи, туку и концепт на животен стил во кој гламурот и релаксацијата се спојуваат во внимателно креирана естетика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин: „Односите меѓу Москва и Пјонгјанг достинаа невидено ниво “

Рускиот претседател Владимир Путин упати честитка до севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун по повод годишнината од ослободувањето на земјата од јапонската окупација.

Путин: „Односите меѓу Москва и Пјонгјанг достинаа невидено ниво “

Путин истакна дека односите меѓу Москва и Пјонгјанг достигнале ниво на сеопфатно стратешко партнерство без преседан. Во телеграмата, тој посочи дека празникот што го одбележува Пјонгјанг е симбол на храброста и издржливоста на севернокорејскиот народ, пренесува „Спутник“.

Според него, токму тогаш биле поставени темелите на цврста традиција на борбено братство и заемна помош, што претставувало основа за развој на пријателски и добрососедски односи меѓу двете земји.

„Нашите земји активно соработуваат на сите полиња, координирајќи ги напорите за обезбедување регионална безбедност и стабилност. Уверен сум дека ќе продолжиме со конструктивната соработка во однос на актуелните прашања од билатералната и меѓународната агенда, за доброто на рускиот и корејскиот народ“, изјави Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Холивудска убавица која е мајстор на провокациите

Холивудската увезда, актерката Меган Фокс остро одговори на критиките за фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, откако еден корисник ѝ порача дека на 40-годишна возраст е „престара“ за објавување разголени фотографии.

Фото: Холивудска убавица која е мајстор на провокациите

Таа објави фотографии на Инстаграм на кои позира во црн топ без прерамки, танга и крзнени штитници за нозе, додека преку комбинацијата носи зелена јакна од флис.

Објавата брзо привлече огромно внимание и собра повеќе од милион лајкови. Сепак, покрај бројните позитивни реакции, имаше и коментари од оние што го критикуваа нејзиниот изглед и начинот на кој се претставува.

Еден корисник ѝ порача дека „никој не сака да гледа речиси гола 40-годишна жена“. Фокс не го премолче тој коментар.

Нејзината реакција предизвика дополнителна лавина од коментари, а голем број следбеници застанаа на нејзина страна.

– Не зборуваш во наше име, будало – рече еден корисник.

Друг напиша: – Зборувај во свое име, старче. За твоја несреќа, 451 илјада луѓе не се согласуваат со тебе – алудирајќи на бројот на допаѓања што ги имаше објавата во тој момент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер