Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
2Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
3Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
МакедонијаТуризмот со две сценарија за ефектот од кризата – во двете се очекува драстичен пад на приливот и загуба од 2.000 – 20.000 работни местаДо август – септември масовно е откажувањето на аранжманите, а има и драстичен пад на бројот туристи кои се очекуваат од странство. На повеќето компании од туризмот и угостителството ќе им требаат најмалку шест месеци до една година да се опорават ако епидемијата со коронавирусот заврши до крајот на 2020-та, покажува најновата студија за ефектите од КОВИД-19 во која беа вклучени Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. Како што беше речено на денешната презентација на студијата, за секторот туризам и угостителство следува долг и многу тежок процес, а можни се две сценарија. Според првото, ако кризата заврши до крајот на оваа година, зависно од ефектот на економнските мерки што ќе бидат преземени, отпуштени би биле од работа 2.000 – 12.000 лица, падот на приливот од туризмот ќе биде преку 200 милиони долари или над 50 отсто од планираните проекции, а опоравувањето (што подразбира враќање на нивото од 2019 година) би било во 2023 година. Според второто сценарио, пак, ако кризата трае и по 2020 година, ќе згаснат 4.000 – 20.000 работни места, падот на приливот ќе биде преку 80 отсто, а опоравувањето може да се очекува во 2027 година. -Загубите се огромни. И според првото и според второто сценарио од планираните 500 милиони долари промет, сега очекуваме под 250 милиони и тоа ако кризата заврши веднаш, но не е исклучено во второто сценарио кое не е далеку падот да биде над 80 отсто или да имаме историски најнизок промет од туризмот, под 100 милиони, може да се очекува огромен пад. Не може во моментов прецизно да се каже, ова се само релевантни претпоставки, но е за очекување тоа ниво драстично да падне дури и под 80 отсто, истакна ко-авоторот на студијата, Христијан Џамбазовски. Според него, ако кризата до јуни биде под контрола, ако нема протоколи и летовите почнат редовно да сообраќаат во јули, падот на туристички пристигнувања на почеток би бил 50 отсто. Од септември би почнало стабилизирањето, но ефектот на крајот од годината сепак би бил намалување од над 50 проценти на странските туристи. Секторот бара да продолжи субвенционирањето на плата од 14.500 денари и за јуни 2020 година, работодавачите да се ослободат од исплата на К-15 за 2020 година, одобрените бескаматни кредити да бидат во висина на прикажаните трошоци во завршната сметка, а нивното враќање да почне на 01.06.2021 во висина од прикажаните трошоци 2019 година, бараат компаниите од секторот туризам и угостителство. -Во услови на економски шок исплатата на К-15 е големо оптоварување за претпријатијата. Затоа препорачуваме работодавачите да бидат ослободени од исплата на К-15 за тековната година, стои во студијата. Во однос на бројот вработени, кризата предизвикана од КОВИД-19 повлијаела врз намалување на бројот на вработени кај 42 претпријатија од вкупно 64 кои земаат учество во оваа студија што сочинува 67 отсто од вкупниот број испитаници и тоа кај 25 компании што сочинува 39 отсто од испитаниците бројот на вработени се намалил помеѓу 81-100 проценти. На прашањето дали последиците од КОВИД-19 имаат директно влијание врз ликвидноста на претпријатието, дури 56 испитаници или 88 отсто одговориле дека последиците од кризата имаат големо влијание врз ликвидноста на претпријатието, 6 претпријатија или 9 отсто одговориле дека влијанието е делумно врз ликвидноста, додека само две претпријатија одговориле дека влијанието врз ликвидноста е слабо. -Падот на приход во првиот квартал од 2020 година во однос на првиот квартал од 2019-та за 32 претпријатија или 50 отсто од испитаниците е меѓу 81 и 100 отсто, за 11 претпријатија или 17 отсто падот е помеѓу 61 и 80 проценти, за 9 претпријатија кои сочинуваат 14 отсто од испитаниците падот е помеѓу 41-60 отсто, за 7 претпријатија или 11 отсто падот на приходот е помеѓу 21 и 40 проценти, додека за 5 претпријатија или 8 отсто падот е помеѓу 1 и 20 отсто што претставува поголем пад на промет по основ туризам од падот во 2001 година, пишува во студијата. Кај речиси 100 отсто од хотелите се откажани резервациите за април, мај и јуни, за јули има откажувања на групни резервации од контрагенти кај 89 отсто од хотелите, за август кај 69 отсто од хотелиерите се откажани резервациите, за месец септември откажувањата се кај 50 отсто од испитаниците, за октомври кај 34 отсто од испитаниците, за ноември кај 17 отсто има откажувања. Откажувања има дури и за декември и јануари 2021 година. Речиси идентична е ситуацијата и кај туристичките агенции кои се занимаваат со дојдовен туризам, покажува Поради последиците од КОВИД-19 испитаниците очекуваат најголем пад од 68 отсто на туристи од Израел, од Полска 64 отсто, од Германија за 56 отсто, од Кина за 54 отсто, од Хрватска за 54 отсто, од Холандија и Грција за 53 отсто, од Србија, Турција и Бугарија за 48 отсто, од Република Северна Македонија пад од 46 отсто, од Албанија за 41 отсто, додека од останатите држави очекуван е пад од 56 отсто. За надминување на ситуацијата секторот предлага и да мируваат обврските за осигурување и технички преглед на автобуси за превозниците кои не работат, намалување на цените на комуналните услуги за компаниите во овој сектор за 2020 година, како и ослободување или замрзнување на сите општински давачки и даноци за овој сектор во текот на 2020 година. За потребите на планирањето на маркетингот на туристичката дестинација, како што се наведува, потребно е Државниот завод за статистика да ја прилагоди статистиката во однос на приказот за број и ноќевања на домашни и странски туристи по земја на припадност, по општини, по месеци – овие податоци, да бидат прикажани и по категорија на сместувачки капацитет каде се остварени ноќевањата. – Во периодот кој следува од клучно значење ќе биде одржувањето и зајакнувањето на односите со поголемите странски тур-оператори со кои негуваме традиционална соработка преку директна комуникација на сите нивоа (вклучително Агенција за поддршка и промоција на туризмот и Министерството за економија) во текот на кризата. Истото се однесува и на односите со авионските компании кои оперираат кон и од Република Македонија, стои во студијата. Неопходно е и стимулирање на домашниот туризам преку воведување посебни субвенционирани аранжмани и спроведување силна кампања за поттикнување на внатрешниот туризам. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ХороскопДневен хороскоп за 6. ноември 2026 година Дневен хороскоп за петок, 6. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Толку добро ќе се поврзете со оние околу себе што ќе ги заборавите критиките , измамите и провокациите. Ќе се опуштите и ќе уживате. Кариера Некои работи треба да останат такви и вие нема да можете да ги смените. Ако ја прифатите состојбата , ќе биде покорисно. Здравје и совет Одморете се по напорот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , што за вас ќе делува како мал шок. Кариера Вашите заслуги сепак ќе излезат на виделина , а вас ви преостанува дас е стрпите додека тоа не се случи. Здравје и совет Прво размислете , па донесете одлука. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе го остварувате својот љубовен план без никакви проблеми , речиси совршено. Се ќе ви оди од рака , а насмевката нема да ја симнувате од лицето. Кариера Во сите работи поврзани со односи со луѓето , денеска ќе постигнувате добри резултати. Останатите убаво ќе соработуваат. Здравје и совет Нема ниту грижи , ниту пречки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вистинската среќа денеска ќе ја најдете преку добри пријатели или во нивното друштво. Препуштете им се со доверба. Кариера Ќе дојде до деловна преписка , што ќе ве замори. Се бара посебно деликатен начин на изразување. Здравје и совет Слободно сонувајте со отворени очи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е ден со исклучително добра комуникација меѓу вас и партнерот. Како од вашата уста да зборуваат ангели. Кариера Ќе бидете одлично поврзани со луѓето со кои работите. Одличен ден за презентации , изнесување идеи, развој на контакти. Здравје и совет Се наоѓате во добра форма. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе бидете сигурни во своите чувства и преполни со добри намери. Тоа ќе ја подобри вашата врска. Кариера Повеќе од кој било друг на работа ќе покажете љубезност и грижа.Колегите ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Уживајте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веќе сте заморени од љубовните кошмари , но што е , тука е. Ни денеска нема да биде подобро , но вие ќе успеете да најдете излез. Кариера интелекталните и креативни работи денеска добро ќе би одат , но ако се однесувате професионално. Можеби енма да ви биде најпријатно , но следуваат резултати. Здравје и совет Подобро да не коментирате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мали еротски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближиоте на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе успеете. Кариера Би сакале да воведете промени во некои подрачја на работата. Денеска ќе се занимавате со тоа. Ќе го разработувате планот во глава. Здравје и совет Не се плашете да истражувате. Рак 22.6-22.7. Љубов Денот ќе ви открие вистинска плима од емоции , но се ќе се случува на избалансиран начин. Многумина ќе ја покажат вистинската љубов. Кариера Креативците денеска ќе имаат успех., а околината најверојатно ќе им даде поддршка. Здравје и совет Главоболката попушта. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе имате потреба да ги надоградите личните односи на еден малку поформален начин , на кој ќе му ја одземете спонтаноста. Кариера Во работата во која соработувате со другите се појавува ненадејна вест или можност поврзана со смислата за убаво. Здравје и совет За некои работи уште не е време. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сите кои уште бараат сродна душа денеска лесно ќе ја најдат преку работата. Нека обрнат внимание на личностите со кои соработуваат. Кариера Пријатно окружување , поддршка од колегите , креативност што излегува од секој потег- сето тоа ќе ви го направи денот продуктивен. Здравје и совет Продолжете со здрав живот. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволство и со некои убави шанси. Кариера Некои можеби денеска ќе добијат шанса за да ги оплодат своите пари. Други ќе увидат дека добро им оди . Здравје и совет Мали проблеми со дигестивниот тракт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаМиле Лефков и Фатмир Битиќи во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Миле Лефков и Фатмир БитиќиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаДали мажите повеќе ги привлекуваат жени кои ги игнорираат? Психолог открива колку „ладниот“ однос навистина палиНасмевка, допир, хумор или внимание? Психологот Ноам Спенсер објаснува што откриваат истражувањата за флертувањето и зошто различните тактики не оставаат ист впечаток. Флертувањето често е игра на суптилни сигнали, каде еден поглед, насмевка или досетлива забелешка можат да поттикнат нешто повеќе. Сепак, не е секогаш лесно да се процени дали другата личност е навистина заинтересирана, а уште потешко е да знаете како да ѝ покажете дека и вие сте заинтересирани. Додека некои сметаат дека е најдобро да се останете малку недостапни, други тврдат дека отвореното покажување интерес дава најдобри резултати. Сепак, психолошките истражувања укажуваат на тоа дека успехот на флертот може да зависи и од тоа што всушност бара личноста, краткотрајна авантура или сериозна врска. Психологот д-р Ноам Шпанцер, автор на книгата „Добриот психолог“ („The Good Psychologist“), за списанието *Psychology Today* пишуваше за научни сознанија кои објаснуваат зошто одредени тактики на флертување оставаат посилен впечаток од други. Неговата анализа, меѓу другото, се заснова на теоријата за сексуални стратегии, која сугерира дека методите што се користат за привлекување потенцијален партнер можат да варираат во зависност од полот и посакуваниот однос. Што мажите најчесто препознаваат како знак на привлечност? Кога станува збор за флертот меѓу мажи и жени, истражувањата покажуваат дека физичката близина и допирот може да играат значајна улога во сигнализирањето на романтичен интерес. Во студиите што анализирале различни начини на флертување, мажите како особено ефективни ги оцениле ситуациите во кои жената ќе им ја допре раката, ќе се приближи или ќе иницира лесен физички контакт. Се разбира, тоа не значи дека постои универзална формула за освојување на кој било маж. Сепак, резултатите укажуваат на тоа дека говорот на телото може да пренесе порака која понекогаш е тешка да се каже директно. Приближувањето за време на разговор или спонтаниот допир можат да бидат дел од флертувањето, особено кога постои взаемен интерес. Зошто хуморот и вниманието се важни кога мажот бара сериозна врска? Иако флертувањето често се поврзува со физичка привлечност, истражувањата покажуваат дека ситуацијата се менува кога целта е долгорочна врска. Во такви случаи, жените реагирале попозитивно на однесувања кај мажите што укажувале посветеност, великодушност и искрен интерес. Меѓу клучните тактики се издвојуваат: заедничко поминување време, покана за средба, држење за рака, покажување интерес за другата личност, и способноста да ја насмеат жената. Хуморот, особено, се смета за ефикасна алатка при флертување – особено кога мажот ѝ се додворува на жена со намера за сериозна врска. Со други зборови, кога се бара партнер за сериозна врска, физичката привлечност не е единствениот пресуден фактор. Подеднакво е важно другата личност да покаже желба подобро да ве запознае, да ве слуша и да биде подготвена да вложи време и труд во врската. Дали жените прават грешки кога се обидуваат да привлечат маж? Една од најчестите дилеми при флертувањето е дали отворено да покажете интерес или, пак, да оставите впечаток дека не ви е премногу грижа. Иако често се советува да се глуми „недостапност“, истражувањата на кои се повикува Шпанцер не ја потврдуваат тезата дека криењето на интересот е секогаш најдобрата стратегија. Напротив, во зависност од ситуацијата, јасните сигнали можат да ѝ помогнат на другата личност полесно да ја препознае привлечноста. Насмевката, контактот со очи, заинтересираноста за разговор и природното приближување можат да придонесат за создавање пријатна атмосфера. Сепак, целта не е секоја интеракција да се претвори во низа однапред испланирани потези, туку да се изрази интерес на начин што одговара на нечија личност и на конкретните околности. Исто така, важно е да не се толкува секоја насмевка или пријателски гест како знак на романтичен интерес. Луѓето можат да ги доживеат истите постапки на различни начини; затоа, корисно е да се земе предвид поширокиот контекст и да се процени дали другата личност возвраќа на тој интерес. Дали постои тајна за успешно флертување? Во една студија, објавена во 2022 година во списанието *Evolutionary Psychology*, учествувале 415 испитаници од Норвешка и 577 од Соединетите Држави. Учесниците ја оценувале ефективноста на различни тактики за флертување, како во контекст на краткорочни, така и во контекст на долгорочни врски. Резултатите покажале дека сигналите за физички и сексуален интерес се оценети повисоко кога ги користат жени во контекст на краткорочни врски. Од друга страна, великодушноста и покажувањето посветеност се оценети повисоко кога ги користат мажи во контекст на долгорочни врски. Смеењето на шегите на другата личност се покажала како ефикасна тактика за двата пола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00