Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран
1Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран
ЖивотТуристите потешки од 100 килограми веќе нема да смее да јаваат магариња на СанториниТуристите на грчкиот остров Санторини со години јаваат магариња од старото пристаниште до градот Фира, кој се наоѓа на врвот на карпата. Сепак, поради екстремно стрмната рута со камени скали, големиот метеж и зголемените предупредувања од организациите за заштита на животните, локалните власти воведоа построги правила. Сега секој што сака да јава магаре не смее да тежи повеќе од 100 килограми, објави порталот „Олвејс петс“ (Always Pets). Животното не смее да носи товар поголем од 20 отсто од својата телесна тежина. Ваквата одлука е донесена поради исцрпеност и чести повреди. Најчестите и најтешки повреди се случувале за време на туристичката сезона. Животното се соочувало со повреди на ’рбетот, рани од седлото и прекумерен напор. Искачувањето од пристаништето до Фира е долго приближно 400 метри, со 500-600 скали, во зависност од рутата, а магарињата често се принудени да направат повеќе тури дневно. Оттаму, освен правилото за тежината на јавачите, на магарињата мора да им се обезбеди вода за пиење, како и паузи за одмор. Со тоа би се заштитиле од дехидратација, исцрпеност и долгорочни проблеми со зглобовите. Со одлуката е планиран и засилен надзор, водење евиденција, за полесно да се следи здравствената состојба, како и условите за работа. Генерации наназад магарињата имале значајна улога за жителите на Санторини. Пред изградбата на патиштата и жичницата им служеле за транспорт на градежен материјал, продукти и луѓе. Санторини годишно е посетен од неколку милиони луѓе, а голем број од нив доаѓаат со крузери. До врвот на островот потоа се оди пеш, со жичница или магаре. И ден-денес се туристичка атракција на островот. Во последните две децении бројот на туристи интензивно расте. Особено пред пандемијата кога островот го посетиле повеќе од два милиона луѓе, вклучително и стотици илјади патници со крузери. Тоа дополнително го отежнало одењето до градот по што се вовело ограничување за дневниот број бродови. Ваквата одлука се покажала добра за благосостојбата на животните и на тамошните жители. Тагови: магариња Санторини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветДемократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во ИранДемократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран, по преземањето на контролата врз американскиот Конгрес.Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, порача дека завршува периодот во кој Конгресот функционирал како продолжена рака на администрацијата на Доналд Трамп. Во меѓувреме, Трамп призна дека војната во Иран во голема мера придонела за изборниот пораз на републиканската партија. Претходно, потпретседателот Џеј Ди Венс го оцени конфликтот како една од главните причини за поразот. Неговите изјави укажуваат на продлабочување на несогласувањата во редовите на републиканците.Сè уште не се познати конечните резултати за две сенаторски места. Во Мисисипи се води исклучително неизвесна трка, додека во Алјаска продолжува пребројувањето на гласовите.По изборните резултати продолжи и падот на цените на нафтата.Цената на барел нафта се спушти под 100 долари, достигнувајќи го најниското ниво во последните два месеца.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо Србија приведени полицајци поради наводна употреба на сила врз демонстрантиВластите во Србија вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи.Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на бетонската настрешница на обновената железничка станица. Протестите на крајот доведоа до падот од власт на Српската напредна партија (СНС), лојална на поранешниот претседател Александар Вучиќ, на вонредните парламентарни избори одржани на 25 октомври, на кои победи „Студентската листа“, движење без истакнат лидер. Министерството во соопштението наведе дека осомничените, припадници на елитна единица, на 14 и 15 август 2025 година мачеле и застрашувале неколку лица заточени во гаража на владин комплекс во центарот на Белград. „Со примена на сила и закани, тие им нанесени голема болка и тешко страдање на поголем број лица, со намера од нив да изнудат информации, да ги заплашат и незаконски да ги казнат“, се вели во соопштението. Министерството ги објави само иницијалите на уапсените службеници и на поранешниот полицаец. Станува збор за први значајни апсења поврзани со насилството врз демонстрантите кои во текот на изминатите две години излегуваа на улиците. Полицијата за време на протестите користеше солзавец, возила за разбивање демонстрации и шок-бомби за да ги растера собраните граѓани. Десетици студенти и активисти кои учествуваа на протестите ја обвинија полицијата за прекумерна употреба на сила, што резултираше со повреди и психолошки трауми. Српските студенти, активисти, опозициски политичари и организации за заштита на човековите права ги обвинија Вучиќ и СНС за политичко насилство, притисоци врз медиумите, врски со организираниот криминал и широко распространета корупција. Вучиќ и неговите сојузници ги отфрлаат обвинувањата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛШ: Историска победа на Кома - 9:1; Арсенал се коцкаше во Прага Фудбалерите на Кома ја одбележаа вечерта во Лигата на шампионите со една од најубедливите победи во историјата на најсилното натпреварување на Стариот Континент.Откако тимот на Сеск Фабрегас минатото коло му „испорача“ четири гола на Манчестер Јунајтед, синоќа во Ланс – спротивно на сите очекувања – легијата странци од крај популарното езеро одржа фудбалска лекција на стадионот „Болар“. Ланс – Комо 1:9! Ова беше шеста последователна победа на „казнената експедиција“ на Сеск во сите натпреварувања, а трета во четири кола од елитното првенство. Но, оваа ќе се памети и прераскажува. Оваа победа влегува во клупските алманаси и во аналите на елитата (како втора најубедлива во историјата). Сите останати натпревари останаа во сенка на неверојатниот триумф на клубот, кој до пред само неколку години настапуваше во втората италијанска лига. Гркот Дувикас, кој се запиша во листата на стрелците три пати, а моментално е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со шест гола, исто така блесна оваа вечер. Во исто време, во Прага, фаворитот Арсенал мораше да вложи многу напор за да го сочува водството против Славија. На крајот „Топџиите“ славеа со 2:1, но Микел Артета ќе има што да им каже на своите играчи, особено за прикажаното во второто полувреме. 4-коло Среда АЕК - Реал Мадрид 2:3 (1:1) Коита 12, Пило 75 - Белингем 32, Мбапе 78, Валверде 90+2 Фенербахче - Ливерпул 3:2 (1:1) Жаке 29 (а.г.), Браун 73, Муричи 79 - Њони 25, Исак 69 Борусија Дортмунд - Бетис 2:1 (0:0) Силва 49, Карекас 72 - Руибал 67 Порто - Наполи 4:1 (1:1) Беднарек 11, Веига 71, Кивиор 80, Саму 89 - Мектомини 43 Ланс - Комо 1:9 (0:3) Агилар 65 - Дувикас 7, 32, 56, Паз 40, Да Куња 47, Кемпф 53, Либерали 62, Батурина 69, Папацоло 90+2 ПСВ - Клуб Бриж 1:2 (0:1) Сано 54 - Тресолди 25, Форбс 65 Лајпциг - Манчестер Сити 2:3 (0:1) Баку 49, Нуса 61 - Лукеба 37 (а.г.), Фернандез 58, Халанд 78 Викинг - Сабах 4:1 (1:1) Ботхајм 27, 90+4, Трипиќ 69, Фалшенер 81 - Ембина 11 Славија Прага - Арсенал 1:2 (0:2) Новак 90 - Мадуеке 9, Ѓекереш 38Тагови: Лига на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter