УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
1УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
СветТуристи панично врескаат и скокаат во море за да се спасат од пекол- гори познат траект (ВИДЕО)Пожар избувна на траект со околу 280 патници покрај брегот на Индонезија.Бродот „КМ Барселона ВА“, кој пловел кон градот Манадо, бил зафатен од пламен за неколку минути, принудувајќи десетици луѓе да скокнат во морето. Снимките покажуваат туристи, повеќето со елеци за спасување, но некои без нив, како скокаат во водата за да ги спасат своите животи, објави Метро. Снимката, направена од патничка која пливала на околу 10 до 15 метри од пожарот, го открива очајот на оние на бродот. Во позадина, може да се слушнат луѓе како врескаат и панично молат за помош додека пожарот се шири неконтролирано и го зафаќа целиот ферибот. Десетици патници се прикажани како пливаат во водата, обидувајќи се да се оддалечат што е можно подалеку од пожарот. Неколку рибарски бродови што минувале од блискиот остров Талисај спасиле дел од преживеаните од водата. „Речиси сите беа во паника, чадот беше густ од задниот дел на бродот, а потоа рибарите прво почнаа да ги носат децата до нивните бродови“, рече еден од патниците што успеал да избега. Спасувачката операција е сè уште во тек, а спасувачите се борат со пожарот и имаат време да ги спасат сите патници. Фериботот бил на пат од островот Талауд кон Манадо кога се запалил покрај брегот на Северен Сулавеси порано денес околу 13:30 часот по локално време. Причината за пожарот сè уште е непозната.Тагови: туристи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Нова технологија за поефикасен инспекциски надзор Општина Карпош продолжува да ги унапредува своите капацитети преку воведување на современи технологии во секојдневното работење. Во таа насоја, четворица вработени во општинската администрација успешно ја завршија обуката за управување со беспилотни летала (дронови), при што се стекнаа со сертификати за управување со ВБЕ (воздухоплов без екипаж). Сертификати за управување со беспилотно летало добија Душко Андонов и Жарко Радически, општински градежни инспектори, Јованче Цветановски, вработен во Одделението за екологија и енергетска ефикасност, и Саше Трајковски, камерман. Со успешно завршената обука, дронот е ставен во употреба во рамки на Секторот Инспекторат и истиот ќе претставува значајна технолошка алатка за поефикасно, побрзо и попрецизно вршење на инспекцискиот надзор на терен. Неговата употреба ќе овозможи полесно согледување на состојбите на тешко достапни локации, визуелна документација на теренот, како и подобар увид во конкретни ситуации при спроведувањето на инспекциските постапки. Дронот ќе им биде достапен на сите инспектори во Секторот Инспекторат кои имаат потреба од ваков вид теренски надзор, а согласно потребите, неговата примена ќе може да се прошири и во работењето на останатите сектори во Општина Карпош. Оваа обука е особено значење, бидејќи не станува збор само за стекнување нови знаења и сертификати, туку и за создавање современи и поефикасни начини на работа во локалната самоуправа. Примената на беспилотните летала отвора нови можности за подобро следење на инфраструктурата, урбанистичките состојби, јавните површини и состојбите во животната средина, како и за побрзо и поквалитетно собирање информации од терен. Со воведувањето на оваа технологија, Општина Карпош создава дополнителни перспективи за дигитализација и модернизација на своето работење, со цел инспекциските и другите општински служби да располагаат со посовремени алатки, а граѓаните да добиваат поефикасна, поодговорна и поквалитетна услуга.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаФранција продолжува со плановите за забрана на социјалните мрежи за лица под 15 годиниФранцуската влада до Европската комисија поднесува нова верзија на предлогот за забрана на социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, откако Уставниот совет претходно отфрли клучен дел од законската регулатива.Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека, по детална техничка работа, владата пронашла решение што треба да ги задоволи забелешките на Уставниот совет и да биде во согласност со европското право. „Оваа заштита мора да стане стандард и за сите европски деца“, рече Макрон, нагласувајќи ја желбата на Франција да види слична забрана спроведена низ целата Европска унија. На 14 август, Уставниот совет ја отфрли забраната за социјални мрежи за лица под 15 години, оценувајќи дека таа претставува непропорционално ограничување на слободата на изразување. Претходно, на 21 јули, францускиот парламент усвои закон со кој се забранува креирање нови профили за корисници под 15 години почнувајќи од 1 септември и се наложува затворање на постоечките профили во рок од четири месеци, како и задолжителна проверка на возраста. По одлуката на Уставниот совет, Макрон му наложи на премиерот Себастиен Лекорну да подготви нов предлог. Извор: Б92Тагови: социјални мрежи Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалУЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029Минхен и Барселона ќе бидат домаќини на финалните натпревари во Лигата на шампионите во 2028 и 2029 година, објави УЕФА на своите официјални канали. Истовремено, финалните натпревари во Лигата на Европа во овие сезони ќе се играат во Букурешт и Белград. Белград ќе биде домаќин на финалето во Лига Европа, на новиот стадион во Сурчин кој треба да биде изграден во 2027 години Финалето во 2028 година од најважното европско клупско натпреварување ќе се игра на стадионот на Баерн во Минхен, кој во соопштението на УЕФА е именуван како „Фудбалска арена Минхен“. Една година подоцна, домаќин ќе биде „Камп Ноу“, стадионот на Барселона. УЕФА ја објави веста придружена со фотографии од двата стадиона и порака во која се истакнуваат овие два култни фудбалски објекти, повикувајќи ги навивачите да изберат кое финале би сакале да го гледаат. Белград го очекува финалето на Лигата на Европа, Националната арена во Букурешт ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа за сезоната 2027/28. За сезоната, 2028/29, како домаќин е наведен Националниот стадион во Белград, кој моментално е во фаза на изградба. Тоа значи дека во 2029 година во Барселона и Белград ќе се одржат две големи европски клупски финалиња.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter