Трунџелити: Секој петти тениски меч е наместен, и Ѓоковиќ добил „непристојна понуда“ - Канал 5

Трунџелити: Секој петти тениски меч е наместен, и Ѓоковиќ добил „непристојна понуда“

Пред нешто повеќе од четири години, Аргентинецот Марко Трунџелити реши да започне борба против местење натпревари во тенисот и се појави како главен сведок против тројца негови колеги кои беа обвинети за местење натпревари.

Трунџелити: Секој петти тениски меч е наместен, и Ѓоковиќ добил „непристојна понуда“

За неговата искреност, тој доби потсмев од другите играчи и стресот што му наштети на здравјето и играта. Тој исто така тврдеше дека бил предаден од тениските администратори и нивните антикорупционери.

По речиси пет години тој се врати во Аргентина за да игра на турнир, а откако излезе во јавноста со обвинувања за наместени натпревари, само еднаш бил во својата татковина. Сега од турнирот во Буенос Аирес тврди дека „секој петти меч е наместен“ во тенисот. Поголемиот дел е поставен на пониските нивоа на тенисот, а сето тоа затоа што тенисерите под 100-то место на АТП рангирањето тешко се занимаваат само со тој спорт.

Трунџелити често бил критикуван за тоа што го кажал, а малкумина се подготвени јавно да му признаат дека и самите се соочиле со понуди да го предадат мечот и да заработат. Ваква понуда одамна имал и Новак Ѓоковиќ, денес најдобриот тенисер на сите времиња, изјави Трунџелити во интервју за La Nacion.

„Би сакал да мислам дека работите се сменија, но мислам дека не се сменија многу. Местителите на натпревари се само повнимателни отколку порано. Фокусот е на нив, но и на тренерите. Ме повреди што ме нарекуваат предавник. Знаев дека сум тоа што сум. Ѓоковиќ рече дека му било понудено местење, Серхиј Стаховски, кој ме нарече предавник, подоцна самиот призна“, додаде 33-годишникот, денеска рангиран на 236-то место во светот и рече дека се чувствувал мизерно и се чувствувал кога сите му свртеле грб.

Инаку, на Ѓоковиќ пред околу 15 години му била дадена неморална понуда. Тој веќе зборувал за неа и рече дека таа не дошла директно кај него туку кај неговиот тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Книжевен настап на Стефан Марковски во Париз

Македонскиот писател и истражувач на литературата Стефан Марковски на 24.09 ќе настапи на книжевната вечер Paris Lit Up која се одржува од 2012-та година во историскиот бар „Култур Рапид“ во 20-от париски арондисман на улица Жилиен Лакроа.

Книжевен настап на Стефан Марковски во Париз

Во овој бар, кој е дел од книжевната историја на Париз како родно место на француската слем поезија од 1980-тите, сè уште се одржува познатиот Меѓународен слем фестивал секој мај.

Македонскиот книжевник ќе прочита свои поетски творби од англиско-македонскиот избор „Ветена земја“, каде се застапени песни од четири поетски книги на Марковски, „Хипербог“, „По трагата на белиот грифон“, „Сиво сјаат вселените“ и „In Nomine“.

Книжевните вечери Paris Lit Up (PLU) се основани од авторот Џејсон Френсис Мекгимзи и Кејт Ноукс, етаблирана поетеса, членка на Велшката академија за книжевност и уредничка на поетската рубрика на истоименото списание, а водител е Крис Њуенс, британски писател и новинар.

На вечерите во минатите изданија имаат гостувано Ненси Столман, американска писателка на флеш-фантастика, музичар и основач на настаните поврзани со читање флеш-фантастика Fbomb, њујоршкиот поет и музичар Стив Далачински, добитник на наградата „Франц Кафка“, ирско/италијанско-американската поетеса Кимберли Кампанело и други. Вечерите се познати како репрезент на повеќејазичната уметничка сцена и литература која се создава во Париз.

Во рамки на својот престој, Марковски ќе оствари и посета на Универзитетот „Сорбона“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Антимон. Дата-центри за провизии. За народот - загадена вода и скапа струја.

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Мицкоски договорил. Инвеститорот го знае.

Локацијата ја знае. Знае кој ќе ја увезува струјата. Знае кој ќе го копа антимонот. Ги знае своите провизии.

Народот не знае ништо.

Единаесет недели граѓаните на Гостивар се без извештај за водата. Над педесет места во државата без јасен извештај со месеци.

Месеци без име кој ги отру Лепенец и Вардар.

Има нови случаи на починати од западнонилска треска поради неадекватна превенција.

Извештаите за водата се кријат. Треската се игнорира. Човекот плаќа.

Мицкоски со Адамовиќ, Лазаревиќ и Божиновска ја продаваат струјата и тераат бизниси со броила.

Милиони од граѓаните во приватни џебови.

Криминалот и корупцијата цветаат.

Обвинителството не мрда со прст за труењата во Гостивар, за тепањето млади во Ново Село, за десетици пријави за криминални тендери. Работи по телефон на арамијата.

Договорил приватни дата-центри. Хардвер за туѓа дигитализација. Струјата што тој ќе ја увезува ќе ја платат граѓаните поскапо отколку денеска.

Цевка нема. Електрана на гас што би ги хранела серверите нема. Има увоз. Има сметка.

Договорил рудник за антимон. Добил помалку отколку што дал за Дејвид Гета. Пет милиони долари за дупка.

5,53 милиони евра народни од Лотарија за диџеј.

Земјата евтина. Концертот скап.

Две недели екскурзија. Околу педесет души на народен грб. Платени лобистички куќи за состаноци за сликање. На Фејсбук објавува не постоечки средби со највисоки функционери - некој од придружбата снима од страна додека арамијата „случајно“ ги запознава во хотелски фоајеа.

Ходник со Рубио го продава како самит. Раскопчан. Раце во џебови. Часовници од шеесет илјади евра и костими од десетина илјади евра.

Народот не се прашува за ништо. Арамијата Мицкоски е „институција“ - сам одлучува за иднината на граѓаните.

Водата ја крие. Струјата ја продава. Во буџетот нема пари, повторно ребаланс и нови задолжувања.

Арамијата ја полни својата каса, сè се прелева.

Ова не е влада туку распродажба.

Земјата не е негова. Земјата е на народот. Доаѓа време кога ќе ја врати. И кога бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер