Тројни избори во Србија, независните медиуми објавуваат видеа со снимани бројни неправилности - Канал 5

Тројни избори во Србија, независните медиуми објавуваат видеа со снимани бројни неправилности

Дупли гласачки ливчиња, покажување на граѓаните што да заокружат, притисоци и закани...

Тројни избори во Србија, независните медиуми објавуваат видеа со снимани бројни неправилности

Независните медиуми во Србија објавуваат сведоштва и видеа од целата земја за низа неправилности, а најголемиот инцедент се случи во Земун, каде физички беше нападнат Павле Грбовиќ – претседател на движењето„Движењето на слободни граѓани.“

На нападот претходела вербална расправија на Грбовиќ и неговата девојка, која со својот мобилен телефон го снимала настанот, со членови на владејчката СНС, откако опозиционерот забележал и реагирал дека користат паралелни гласачки списоци..

-Нападот кој што се случи, ќе видите во режимските медиуми ќе видите обиди дека јас сум го започнал нападот, тоа не е точно, нападот пред се започна врз Нина Стојаковиќ која го сними инцидентот, која ја удрија по рака, а потоа тоа лице ме удри мене и потоа се случи тепачка во која што учествуваа повеќе лица од нивна страна.

Гласачките места ќе бидат отворени уште 2 часа, а по гласањето утрово, актуелниот претседател Александар Вучиќ порача дека верува во убедлива победа. Доколку се суди според анкетите Вучиќ треба да има околу 50% од гласовите, па единствена дилема е дали ќе победи во прв или претседателот на СНС ќе мора да трча и втор круг.

-Верувам дека луѓето ќе одберат продолжување на економскиот напредок и тоа дека Србија може да биде помеѓу оние кои најбрзо во Европа растат, чија економија најбрзо расте во Европа. Верувам во значајна и убедлива победа и верувам дека секој ќе го добие толку, колку што заслужил и колку што сработил, вели Вучиќ.

Од седмината противкандидати на Вучиќ за претседател, најдобро котира Здравко Понош, позади кој застана главната опозициска коалиција предводена од Ѓилас...Се очекува да добие околу 20 проценти од гласовите, но неизвесно е дали тоа ќе биде доволно за втор круг.

Изборите би требало да бидат празник за демократијата, а за жал со години не го славиме тој празник, порача Бошко Обрадовиќ, противкандидат на Вучиќ од опозициската партија Двери.

-Денешната демократија е доведена под знак прашање под актуелната власт, но се надевам дека денешниот ден е почеток на политичките промени во Србија, после 30 години владеење на „истите“ и дека ова моментот кога ќе тргне комплетната промена на корумпираниот правосуден и политички систем.

Освен на претседателските, владејчката партија СНС се очекува да победи и на парламнетарните избори, но прашањето е колку од 250-те пратеници ќе освои опозиицјата.. Пред две години таа ги бојкотираше избори, па досега Парламентот фунскионираше практично без опозиција..

Тамошните аналитичари, најголеми шанси за победа на опозицијата и даваат на локланите избори за главниот град, Белград..

За разлика од претходно, овој пат нема гасачки кутии во Косово, па тамошните Срби, што сакаат да гласаат на изборите со автобуси патуваат преку граница кон определените места каде што ќе можат да го дадат својот глас, односно во Тутин, Куршумлија, Рашка и Бујановац.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци а бројот на жртви засега е три од кои две се брачен пар од Турција а една е странска туристка чија националност се уште не е позната.

Жртвите биле заробени под карпите. Има и пет полесно повредени лица, изјави турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу.

Одронот се случил бидејќи обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, објави гувернерот на невшехир - Хусеин Кок. Полицијата, жандармеријата, агенцијата за катастрофи како и здравствените тимови се испратени во градот Гореме, а потрагата по евентуално исчезнати лица и спасувањето продолжуваат.

Турите со балони на топол воздух по кои исто така е позната Кападокија, поради временските услови од дожд и ветер, привремено се откажани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Во петок (23.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Марио Стојановски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. шпагети

150 гр. сирење

150 гр. кечап

масло

сол и малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Започна евакуацијата на жителуте на Олешки во регионот Херсон

Евакуацијата започна, подготвени се 25 автобуси, оние што сакаат да заминат имаат рок до 14:00 часот. 

Видео: Започна евакуацијата на жителуте на Олешки во регионот Херсон

Во градот Олешки, во регионот Херсон, започна голема хуманитарна операција, јавуваат руските медиуми. За евакуација на цивилното население обезбедени се 25 автобуси со најмалку 750 седишта.

Рускиот комесар за човекови права, Јана Лантратова, изјави дека се обезбедени сите неопходни безбедносни услови за евакуација, а жителите што сакаат да го напуштат градот ќе можат да го сторат тоа до 14:00 часот, по што ќе започне распределбата на хуманитарна помош.

Во операцијата учествуваат повеќе од 50 медицински експерти, додека во градот пристигнаа и над 50 новинари од различни земји, вклучително и од Соединетите Држави, за да го следат спроведувањето на хуманитарната мисија.

„Американски новинари, новинари од различни земји, вкупно повеќе од 50 претставници на медиумите. Токму затоа сè се одвива отворено, што е многу важно“, изјави Лантратова, пренесува „Спутник“.

Таа потврди дека режимот на прекин на огнот во зоната на хуманитарната операција сè уште се почитува и дека не се забележани никакви инциденти.

„Режимот на прекин на огнот во областа на хуманитарната мисија во Олешки се одржува. Немаше инциденти. Руската и украинската страна целосно ги исполнуваат своите обврски“, напиша исто така Лантратова на платформата „Макс“.

Комесарката исто така најави дека патува во тој град заедно со украинскиот омбудсман, Дмитриј Лубинец, за да ја координира хуманитарната операција. „На пат сме кон Олешки со комесарот на Врховната рада на Украина за човекови права, Дмитриј Лубинец. Заедно ја координираме реализацијата на договорите постигнати со посредување и координација на првата дама на САД, Меланија Трамп“, изјави таа.

Олешки се наоѓа на левиот брег на Днепар, спроти градот Херсон, кој е под контрола на украинските сили. Според руската страна, во градот настанала тешка хуманитарна ситуација поради дејствијата на украинската војска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер