ЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!
1ЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!
3Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа
ЕвропаВидео: Започна евакуацијата на жителуте на Олешки во регионот Херсон Евакуацијата започна, подготвени се 25 автобуси, оние што сакаат да заминат имаат рок до 14:00 часот. Во градот Олешки, во регионот Херсон, започна голема хуманитарна операција, јавуваат руските медиуми. За евакуација на цивилното население обезбедени се 25 автобуси со најмалку 750 седишта. Рускиот комесар за човекови права, Јана Лантратова, изјави дека се обезбедени сите неопходни безбедносни услови за евакуација, а жителите што сакаат да го напуштат градот ќе можат да го сторат тоа до 14:00 часот, по што ќе започне распределбата на хуманитарна помош. Für die sichere und freiwillige Evakuierung der Bewohner von Aleshki wurden 25 Busse bereitgestellt, mit mindestens 750 Sitzplätzen. Es wurden Transportmittel für immobile Personen, neun Krankenwagen und die Begleitung von mehr als 50 medizinischem Personal organisiert. Die humanitäre Hilfe wurde auf Anfrage der Bewohner selbst gesammelt. Das Wichtigste jetzt ist, die notwendigen Hilfsgüter zu liefern und denen zu helfen, die beschlossen haben, abzureisen. — RUSSNiUS 🇷🇺 (@vladi2726) October 30, 2026 Во операцијата учествуваат повеќе од 50 медицински експерти, додека во градот пристигнаа и над 50 новинари од различни земји, вклучително и од Соединетите Држави, за да го следат спроведувањето на хуманитарната мисија. „Американски новинари, новинари од различни земји, вкупно повеќе од 50 претставници на медиумите. Токму затоа сè се одвива отворено, што е многу важно“, изјави Лантратова, пренесува „Спутник“. Таа потврди дека режимот на прекин на огнот во зоната на хуманитарната операција сè уште се почитува и дека не се забележани никакви инциденти. „Режимот на прекин на огнот во областа на хуманитарната мисија во Олешки се одржува. Немаше инциденти. Руската и украинската страна целосно ги исполнуваат своите обврски“, напиша исто така Лантратова на платформата „Макс“. Russian forces have begun taking civilians from occupied Oleshky to Russia, apparently disregarding previously announced agreements governing the operation. The operations are being conducted by the Russian military, without American representatives or teams from either side’s ombudsman office present. Russia’s state news agency TASS is openly filming the operation. There is no indication that civilians are being given a choice of where they wish to go. No buses or other vehicles designated to transport evacuees to Ukrainian-controlled territory are visible. The operation raises serious concerns that Russia is once again exploiting a humanitarian evacuation to forcibly transfer Ukrainian civilians. The parallels with the evacuation of Mariupol’s Azovstal steel plant are disturbing. Once again, Moscow appears to be disregarding agreed procedures while controlling the fate of Ukrainian civilians. — SPRAVDI — Stratcom Centre (@StratcomCentre) October 29, 2026 Комесарката исто така најави дека патува во тој град заедно со украинскиот омбудсман, Дмитриј Лубинец, за да ја координира хуманитарната операција. „На пат сме кон Олешки со комесарот на Врховната рада на Украина за човекови права, Дмитриј Лубинец. Заедно ја координираме реализацијата на договорите постигнати со посредување и координација на првата дама на САД, Меланија Трамп“, изјави таа. Олешки се наоѓа на левиот брег на Днепар, спроти градот Херсон, кој е под контрола на украинските сили. Според руската страна, во градот настанала тешка хуманитарна ситуација поради дејствијата на украинската војска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
МакедонијаЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!Кого зафркавате и со чија интелигенција си подигрувате кога за само 24 часа сами си ја паѓате сопствената лага? Како раштиман оркестар сте – што воопшто правите на владина седница, дали министрите воопшто имаат поим што прават другите ресори, или воопшто не ги интересира и се на некој светски конгрес додека ја бламираат целата држава? На 28 октомври премиерот Христијан Мицкоски се сликаше на гламурозна скапо платена претстава и триумфално ја промовираше апликацијата „м.Услуги“, ветувајќи му на народот крај на шалтерите и дигитални документи на мобилен. Но, само ден подоцна, бледата реалност ја спушти рампата: министерот Стефан Андоновски излезе и ладнокрвно соопшти дека дигиталната лична карта и возачка дозвола не важат при полициска контрола, бидејќи МВР и институциите воопшто не се подготвени! ЛДП бара јавен одговор на прашањата: Колку народни пари чинеше оваа скапа промотивна фарса за џабе, кога електронските документи на мобилен не можат да се користат на терен? Кој ќе понесе одговорност за оваа скандалозна некоординираност на владата? Ќе понесе ли некој одговорност за ова ново јавно бламирање на премиерот и целата владина машинерија? Можеби она што треба јавноста да го дознае многу брзо: Дали некој намерно го мести премиерот во сопствената партија, бидејќи ова веќе е чисто лудило – еден ден едно, друг ден друго и тоа за секое живо прашање? „Ова е врв на несериозност и политичко аматерство! Граѓаните се уморија од евтини ПР-трикови, празни QR-кодови и фешти каде се делат лажни надежи. Додека министрите се сликаат за лајкови, граѓанинот и понатаму мора да ја носи пластичната лична карта за секој случај и да истражува по шалтерите каде што државата е дигитална, а каде заглавена во камено време. Доста со лажни паралелни реалности – или направете функционален систем кој работи за народот, или престанете да го малтретирате со секојдневни бламажи“, вели Цветанка Геговска, членка на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП). ЛДП бара итна одговорност и престанок на овие евтини дигитални маскаради. Државата не е циркус за промотивни видеа, а граѓаните заслужуваат сериозни институции, а не министерство за чист ПР!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Серена Вилијамс изненади во најсекси фустанот досега Најтрофејната светска тенисерка во историјата, Американката Серена Вилијамс не престанува да ја изненадува јавноста со своите смели и необични појавувања за неа. Откако се повлече од спортот, славната тенисерка му се посвети на семејството и децата, но и на значајни настани во светот на модата. Често ја гледаме на разни настани и не е тајна дека таа привлекува внимание со својата послаба фигура. Неодамна таа присуствуваше на свечена вечера во Лос Анџелес, а за таа пригода го облече најпровокативниот и најпопуларниот дезен оваа сезона. Станува збор за животински принт, во овој случај леопард-дезен, кој совршено го истакна нејзиниот секси изглед. Како што можете да забележите, за оваа пригода Серена одбра фустан со нагласен струк, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура, а е дело на британската дизајнерка Клио Пепијат. Фустанот има и длабок шлиц на бутот, кој додава „зачин“ на ова секси издание, како и длабоко деколте кое едвај ги задржуваше градите на место. Серена го заокружи своето сензуално издание со ненаметливи додатоци, но и со брановидна фризура. Може да се заклучи дека поранешната тенисерка „доминираше“ на овој настан.Тагови: Серена Вилијамс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНикол Кидман предизвика коментари: Фотошоп или вештачка интелигенција?Холивудската ѕвезда, актерката Никол Кидман се појави на насловната страница на австралиското издание на „Вог“ (Vogue), што предизвика дебата на социјалните мрежи за тоа дали е користена вештачка интелигенција при уредувањето на фотографиите. Познатата холивудска ѕвезда позира во многу младешки комбинации и изгледа неверојатно младо – иако има 59 години – поради што многу корисници на интернет заклучија дека вештачката интелигенција можеби имала удел во тоа. Никол е прикажана во црн костим за капење од „Шанел“, фармерки со низок струк од истиот бренд, елегантен фустан, како и комплет што се состои од капа и горен дел, меѓу другите изданија. Во преден план се нејзините извајани стомачни мускули, косата со „ефект на влажен изглед“ и младешкото лице, а секоја од комбинациите зрачи со гламур. Нејасно е дали сликите се обработени во „Фотошоп“ или се создадени со помош на вештачка интелигенција, како што шпекулираат корисниците на социјалните мрежи. Многумина се согласуваат дека „таа изгледа како да има 35 години“ и дека нејзината облека во „тинејџерски стил“ не е соодветна за нејзината возраст, пренесува „Superžena“. „Ја обожавам Никол, но овие фотографии се толку очигледно обработени во ’Фотошоп‘ што е смешно“, како и „Телото ѝ е одлично, но облеката повеќе му прилега на тинејџер“, гласеа некои од коментарите – додека други беа воодушевени од фотографиите, фалејќи го изгледот на актерката: „Педесет и девет! Изгледа неверојатно!“, „Фантастична е!“ и „Само продолжете да ѝ завидувате“.Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook