Тројца тренери на Ајакс во карантин поради коронавирус

Епидемијата на коронавирусот се шири низ светот, новиот вирус стигна и во Холандија.

Според холандските медиуми прв на удар од коронавирусот е фудбалскиот клуб Ајакс.

Медиумите наведуваат дека во карантин се ставени помошниот тренер Кристијан Поулсен, кондициониот тренер Александар Шонмејкер и физиотерапевтот чие има не е навадено.

Од „амстердамската корона“ се заразил и легендарниот дански фудбалер Томас Каленберг.

-Точно е дека тројца наши вработени се во домашен карантин од превентивни причини, изјавил портпаролот на Ајакс.

Во карантин се и дански фудбалери од клубовите „Брондби ‘’и ,,Лингби’’. Клубовите минатиот викенд играле натпревар.

притисни ентер