Шоу бизТројца фанови биле повредени на концертот на Дуа Липа, пејачката шокирана (ВИДЕО)Пејачката со албанско потекло Дуа Липа на својот Инстаграм профил се огласи за да каже дека е згрозена од развојот на настаните и дека во тек е истрага во врска со инцидентот што се случи на нејзиниот концерт во Торонто.Имено, Липа го привршувала настапот кога нешто пред полноќ внатре во концертната сала бил поставен огномет. - Синоќа неовластен огномет беше испукан во толпата за време на мојот концерт во Торонто, напишала таа на приказната на својот Инстаграм профил. - Создавањето безбеден и инклузивен простор на моите настапи е секогаш мој прв приоритет, а јас и мојот тим сме шокирани и збунети од настаните како и сите вие. Истрагата за настаните е во тек и сите инволвирани работат напорно за да дознаат како се случил инцидентот, додаде Липа. „Тоа за моите обожаватели беше толку неверојатно искуство и многу ми е жал за секој кој беше исплашен, се чувствувал несигурен или чие уживање во шоуто беше загрозено на кој било начин“, напишала таа, завршувајќи ја објавата со „Љубов, Дуа“. Синди Чунг, службеник за односи со медиумите во Полициската служба во Торонто, изјавил за People дека тројца учесници на концертот биле третирани поради „многу полесни повреди“. Еден од присутните на концертот, исто така, зборувал за медиумите и истакнал дека многу други присутни веројатно не знаеле дека импровизираниот огномет бил непланиран. - Беше на крајот, за време на нејзината последна песна, а конфетите веќе беа фрлени, па мислевме дека е дел од финалето, рече тој. - Никому не му пречеше освен на луѓето кои беа до бината, но беше навистина страшно, додаде тој. anyone know if these fireworks at the toronto dua lipa concert were planned?? i got a video of them shooting into the crowd and people running away. hope no one got hurt #DuaLipa #Toronto #FutureNostalgiaTour pic.twitter.com/YgfTvAvozr — aj🎊edtwt! (@calsandbones) July 28, 2022 Портпаролот на Maple Leaf Sports & Entertainment (MLSE) исто така изјавил за магазинот People дека посетителите на сите настани мора да поминат низ детектори за метал пред да влезат во арената. Компанијата објави и соопштение за медиумите во врска со настанот на настапот на пејачката. - Синоќа на крајот од концертот во арената Скотибанк, еден од присутните пушти неовластен и незаконски огномет на подот од арената. Како резултат на тоа, тројца учесници добија мала повреда на местото на настанот и можеа да си одат дома без дополнителна медицинска помош, се вели во соопштението. Компанијата тогаш истакнала дека ги известила властите за ова прашање. „Како едно од најдобрите места во САД, создавањето безбедно место за секој посетител на Scotiabank Arena е врвен приоритет за MLSE и веднаш почнавме да работиме со полицијата во Торонто за целосно да го истражиме овој непромислен и опасен чин“, напишале тие. . - Како и секогаш, им благодариме на полициската служба во Торонто, на медицинскиот тим на лице место, на вработените и на присутните на концертот за брзата поддршка во одговорот на овој инцидент, нагласија тие. Липа моментално е на турнејата „Future Nostalgia“ на која го промовира својот истоимен албум. Турнејата требаше да започне во 2020 година, но беше одложена поради почетокот на глобалната пандемија. Таа заврши со настап во Мајами минатиот февруари. Предвидено е да трае до ноември, кога Липа ќе ја заврши турнејата со настап во Австралија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии Царински службеници на граничен премин Богородица запленија седум млади змии, од кои четири питони и еден гуштер, откако истите во соработка со полициски службеници беа откриени при контрола на возило управувано од косовски државјанин. Со намера да нелегално да ги внесе во државава, сторителот, змиите претходно спакувани во кутии и марами ги скрил под седиштето. Главно станува збор за заштитени видови, два питони од видот „Carpet Spilota“, еден питон од видот „Short tailed“, еден питон од видот „Brandly Carpet“, една змија „Chinese Ring rat“, како и од „Raticulated Super Dwarf“. Воедно меѓу запленетите змии е и отровна змија „Baron sneake“. Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против сторителот од страна на Царинска управа е поведена соодветна постапка. Потенцираме дека заштитените видови се строго регулирани со задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотДраматични сцени по земјотрес во Панама: Згради се нишаат, оштетени цркви и хотели...Силниот земјотрес што во синоќа ја погоди Панама предизвика голема материјална штета, а на социјалните мрежи се шират драматични снимки од оштетени и урнати згради.Особена загриженост предизвикуваат сцените од градот Пенономе, оддалечен повеќе од сто километри од епицентарот, каде што се оштетени цркви, хотели и други објекти. Земјотресот беше почувствуван и во соседните држави, додека надлежните служби продолжуваат да ги проценуваат последиците. Според првичните податоци од Институтот за геонауки при Универзитетот во Панама, земјотресот имал магнитуда од 7, а жариштето било на длабочина од десет километри, на околу 39 километри западно од Тоноси. Nos solidarizamos con nuestros hermanos panameños tras el fuerte sismo registrado hoy, cuya magnitud reportada fue de 7,7 y que habría ocasionado afectaciones en algunas estructuras. Desde Colombia enviamos nuestro más sincero mensaje de apoyo y solidaridad al pueblo panameño, especialmente a las familias afectadas. Esperamos que las autoridades y los organismos de emergencia puedan atender oportunamente la situación y proteger la vida de las comunidades. ¡Toda nuestra solidaridad con Panamá en este difícil momento! — Samir Abisambra (@samirabisambra) October 9, 2026 Сепак, подоцнежните анализи на меѓународните сеизмолошки институции укажаа на посилно тресење на тлото. Американскиот геолошки институт (USGS), во еден од своите прелиминарни извештаи, ја процени магнитудата на 7,7 и предупреди на можноста од човечки жртви и голема материјална штета. Бројни видеа што набрзо се појавија на интернет сведочат за силината на земјотресот. Жителите опишуваат како зградите силно се нишале, предмети паѓале од мебелот, а многумина во страв истрчале надвор од своите домови. Според информациите објавени од CNN, потврдена е автентичноста на снимките од Пенономе на кои се гледаат тешко оштетени згради. El surfer Panameño Gabriel Hernández posteo este video desde Azuero https://t.co/Jkf8uQvm1i — Francisco Jose (@MrPakirri) October 9, 2026 Меѓу нив е и црква чија камбанарија делумно се урнала, додека оштетен е и дел од надворешната фасада на друга зграда.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦелосно реконструирана улица „9“ во н.м ИлинденОпштина Илинден целосно ја реконструираше улица „9“ во населеното место Илинден, капитален инфраструктурен проект од суштинско значење за подобрување на сообраќајната поврзаност, безбедноста и квалитетот на живот на граѓаните.Со реконструкцијата на улицата во должина од околу 1.200 метри и широчина од 6 метри, со изградбата на тротоари од двете страни, како и со уредување на водоводната и канализационата мрежа и останатата подземна инсталација, се заокружува еден капитален инфраструктурен зафат со кој се унапредуваат условите за одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. Улица „9“ претставува важна сообраќајна артерија која поврзува повеќе населени места и патни правци. Нејзината важност е дополнително нагласена и со фактот што долж неа се наоѓаат објекти од јавен интерес кои секојдневно ги користат голем број граѓани, меѓу кои зградата на Општина Илинден, ООУ „Гоце Делчев“ и Домот на култура „Илинден“. „Реализацијата на овој проект е дел од континуираните активности на Општина Илинден за реконструкција, модернизација и унапредување на локалната инфраструктура. Преку вложувањата во улиците и патната мрежа, Општината создава подобри услови за секојдневно движење, полесна пристапност до јавните објекти и поефикасно поврзување на населените места.“ – истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Општина Илинден продолжува со реализација на проекти насочени кон развој на локалната инфраструктура, унапредување на комуналните услови и создавање современа, безбедна и квалитетна средина за живеење за сите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter