МакедонијаАнкета Маркет вижн: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водствоГолеми се разликите во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ и на нивните лидери Христијан Мицкоски и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата Маркет вижн.Големи се разликите во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ и на нивните лидери Христијан Мицкоски и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата Маркет вижн во периодот од 11 – 27 септември на примерок од 1.200 испитаници. На прашањето „за која политичка партија ќе гласате на наредните избори, 19,3 отсто одговориле дека ќе гласат за ВМРО-ДПМНЕ, 5,6 отсто за СДСМ, а рејтинзите на ДУИ и на Влен се изедначени – 4,2%. 41 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да излезат да гласаат, не знаат дали ќе излезат на гласање или не сакаат да одговорат на ова прашање. Меѓу испитаниците кои се определени за одредена политичка партија, за Левица би гласале 4 отсто од испитаниците, за ЗНАМ 1 отсто. И кај лидерите, довербата за Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, (20,4%) е во голема предност пред довербата во Венко Филипче, претседателот на СДСМ (3,8%). Дури 44,1% од испитаниците немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија, а 12,5% не сакаат да одговорат на ова прашање. Довербата за Али Ахмети е 3,7%, за Димитар Апасиев – 3,4%, за Изет Меџити – 2,6%. Лидерите на новата политичка партија Влен, Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши, се во предност во однос на лидерот на опозициската ДУИ. И анкетата спроведена во јуни покажа убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски пред опозициската СДСМ. Анкетата е спроведена со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотДраматични сцени по земјотрес во Панама: Згради се нишаат, оштетени цркви и хотели...Силниот земјотрес што во синоќа ја погоди Панама предизвика голема материјална штета, а на социјалните мрежи се шират драматични снимки од оштетени и урнати згради.Особена загриженост предизвикуваат сцените од градот Пенономе, оддалечен повеќе од сто километри од епицентарот, каде што се оштетени цркви, хотели и други објекти. Земјотресот беше почувствуван и во соседните држави, додека надлежните служби продолжуваат да ги проценуваат последиците. Според првичните податоци од Институтот за геонауки при Универзитетот во Панама, земјотресот имал магнитуда од 7, а жариштето било на длабочина од десет километри, на околу 39 километри западно од Тоноси. Nos solidarizamos con nuestros hermanos panameños tras el fuerte sismo registrado hoy, cuya magnitud reportada fue de 7,7 y que habría ocasionado afectaciones en algunas estructuras. Desde Colombia enviamos nuestro más sincero mensaje de apoyo y solidaridad al pueblo panameño, especialmente a las familias afectadas. Esperamos que las autoridades y los organismos de emergencia puedan atender oportunamente la situación y proteger la vida de las comunidades. ¡Toda nuestra solidaridad con Panamá en este difícil momento! — Samir Abisambra (@samirabisambra) October 9, 2026 Сепак, подоцнежните анализи на меѓународните сеизмолошки институции укажаа на посилно тресење на тлото. Американскиот геолошки институт (USGS), во еден од своите прелиминарни извештаи, ја процени магнитудата на 7,7 и предупреди на можноста од човечки жртви и голема материјална штета. Бројни видеа што набрзо се појавија на интернет сведочат за силината на земјотресот. Жителите опишуваат како зградите силно се нишале, предмети паѓале од мебелот, а многумина во страв истрчале надвор од своите домови. Според информациите објавени од CNN, потврдена е автентичноста на снимките од Пенономе на кои се гледаат тешко оштетени згради. El surfer Panameño Gabriel Hernández posteo este video desde Azuero https://t.co/Jkf8uQvm1i — Francisco Jose (@MrPakirri) October 9, 2026 Меѓу нив е и црква чија камбанарија делумно се урнала, додека оштетен е и дел од надворешната фасада на друга зграда.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
МакедонијаЦелосно реконструирана улица „9“ во н.м ИлинденОпштина Илинден целосно ја реконструираше улица „9“ во населеното место Илинден, капитален инфраструктурен проект од суштинско значење за подобрување на сообраќајната поврзаност, безбедноста и квалитетот на живот на граѓаните.Со реконструкцијата на улицата во должина од околу 1.200 метри и широчина од 6 метри, со изградбата на тротоари од двете страни, како и со уредување на водоводната и канализационата мрежа и останатата подземна инсталација, се заокружува еден капитален инфраструктурен зафат со кој се унапредуваат условите за одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. Улица „9“ претставува важна сообраќајна артерија која поврзува повеќе населени места и патни правци. Нејзината важност е дополнително нагласена и со фактот што долж неа се наоѓаат објекти од јавен интерес кои секојдневно ги користат голем број граѓани, меѓу кои зградата на Општина Илинден, ООУ „Гоце Делчев“ и Домот на култура „Илинден“. „Реализацијата на овој проект е дел од континуираните активности на Општина Илинден за реконструкција, модернизација и унапредување на локалната инфраструктура. Преку вложувањата во улиците и патната мрежа, Општината создава подобри услови за секојдневно движење, полесна пристапност до јавните објекти и поефикасно поврзување на населените места.“ – истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Општина Илинден продолжува со реализација на проекти насочени кон развој на локалната инфраструктура, унапредување на комуналните услови и создавање современа, безбедна и квалитетна средина за живеење за сите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Воз излета од шините кај Риека, вагоните паднале во провалија Товарен воз на компанијата „Трансагент“ излета од шините утрово, на 10 октомври, на влезот во станицата Меја во близина на Риека, при што 11 вагони паднаа во провалија. Во несреќата нема повредени лица, но станицата претрпела голема материјална штета и е целосно затворена за сообраќај. Несреќата се случи во неделата во 9:25 часот. Од „Хрватски железници“ соопштија дека возот превезувал жито и се движел кон Риека. Дефект на сопирачките Според досегашните информации, машиновозачот пред излетувањето го известил диспечерот дека сопирачките откажале и дека не може да го запре возот. Кратко потоа, возот излета од шините на влезот во станицата Меја. Единаесет вагони завршија во клисурата, додека локомотивата и два вагона останаа на станицата. Никој не беше повреден во несреќата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20