Здравје10 октомври - светски ден на менталното здравјеСветскиот ден на менталното здравје се одбележува секоја година на 10 октомври, со цел да се подигне свеста за значењето на менталното здравје и да се поттикнат активности за подобра поддршка на луѓето ширум светот.„Не сме помалку вредни“ - гласот на пациентите во центарот на Светскиот ден на менталното здравје Би сакал/а општеството и блиските да разберат дека... „Проблемите со менталното здравје се еднакво исти како и сите други здравствени проблеми“. „Тешко е да се живее со депресија“. „Колку и да сум стабилен, или да личам стабилен, внатрешно ништо не е променето“. „Имам болест“. Една работа што би сакал/а да се промени е... „Да бидам здрава и нормална“. „Да ме сфатат другите“. „Да се прифатат менталните болести“. Ова се само дел од сведоштвата од пациенти од ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија, по повод Светскиот ден на менталното здравје, 10 октомври, што годинава се одбележува под мотото „Лични искуства: вистински гласови, вистински промени“. Ги замоливме нашите пациенти преку анонимизирани пораки да ги опишат нивните чувства, нивната борба и нивните желби со цел нивниот глас да стигне до јавноста, да поттикне поголемо разбирање и да покаже дека зад секоја дијагноза стои човек со сопствена приказна, потреби и надежи. Кампањата, која Универзитетската клиника за психијатрија ќе ја продолжи и во периодот што следува, има за цел да ја истакне потребата на луѓето кои живеат или живееле со ментални потешкотии да не бидат само слушнати, туку нивните искуства да бидат препознаени како важен облик на знаење и искуство. Во време кога депресијата, анксиозноста и останатите ментални потешкотии се во пораст, сметаме дека од исклучителна важност е да се разбие стигмата и да се испрати пораката дека барањето помош не е слабост. Проф. д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиника за психијатрија вели дека многу често самите пациенти кои имаат потреба од психијатриско психолошка помош, можат да бидат од помош не само за себе, туку и за останатите. „На тој начин се праќа порака дека не си сам и не си единствен. Многу често луѓето кои страдаат од било каква мака, без разлика дали е телесна или психолошка, првото чувство што го имаат е страв и прашањето дали само мене ми се случува ова, дали сум единствен на светот кој има вакви потешкотии? Поради тоа, многу е важно да се слушне некој кој поминал низ истото или има слична животна патека“, вели проф. д-р Арсова. Таа додава дека нивната цел како здравствени работници е да не ги стигматизираат луѓето и да им создаваат чувство дека тие се различни од другите. „Сите ние сме различни и во однос на нашите карактеристики и во однос на нашата психолошка состојба, но тоа не нѐ прави помалку вредни во однос на останатите. Секој човек во текот на својот живот може да дојде во ситуација да побара помош, затоа што едноставно не можеме сами да се справиме со сите работи. И тоа не е срам, туку напротив, претставува големина и зрелост“, вели проф. д-р Арсова. Токму затоа, на овој ден испраќаме порака дека треба да се слушне гласот на безгласните, бидејќи тие се личности кои заслужуваат почит, разбирање и поддршка. Секој човек заслужува да биде слушнат, виден, разбран, вреднуван и почитуван и да добие соодветна помош кога му е потребна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
ФудбалКаква казна очекува Роналдо – отсуство од националниот тим во траење од половина година? Португалската фудбалска федерација го суспендираше Кристијано Роналдо откако тој го напушти кампот на репрезентацијата по несогласувањата со тренерот Жорже Жесус.Португалската фудбалска федерација го суспендираше Кристијано Роналдо откако тој го напушти кампот на репрезентацијата по несогласувањата со тренерот Жорже Жесус, а конечната одлука за времетраењето на казната би можела да се движи во опсег од еден до шест месеци. Според еден португалски весник, суспензијата била автоматски покрената врз основа на дисциплинските правила на Сојузот, додека дисциплинскиот совет ќе одлучува за нејзиното конечно времетраење. Казна во времетраење од повеќе од еден месец би можела да значи дека Роналдо ќе ги пропушти следните натпревари на Португалија во Лигата на нациите, против Данска и Велс. Според американската спортска мрежа ESPN, се очекува казната да биде пократка, а при одлучувањето ќе се земе предвид и извинувањето на Роналдо. Конфликтот изби за време на натпреварот меѓу Португалија и Норвешка, кој Португалија го доби со 4:2. Според медиумите, Жезус го испратил Роналдо на загревање, но потоа не го вклучил во игра, што искусниот напаѓач го доживеал како навреда и одлучил да го напушти репрезентативниот камп. Роналдо во вторникот им се извини на своите соиграчи и на португалската јавност, признавајќи дека неговите постапки треба да имаат последици. „Одговорноста е исклучиво моја. Уште еднаш им се извинувам на Португалците, но прекршеното ветување имаше одлучувачко влијание врз мене. Сметав дека моето останување само ќе му наштети на тимот и го направив она што отсекогаш велев дека ќе го сторам доколку повеќе не се чувствувам корисен – си ги спакував работите и заминав“, изјави Роналдо. Тој додаде дека очекува Португалската фудбалска федерација да го казни за напуштањето на кампот, нагласувајќи дека правилата мора да важат за сите играчи, без оглед на нивниот статус во националниот тим. „Јас не сум кој било играч, јас сум капитен на тимот, што претставува отежнувачка околност“, изјави Роналдо. Роналдо одигра 234 натпревари за португалската репрезентација и постигна рекордни 146 гола.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на улици, нова пешачка патека и набавка на возила во ЗелениковоЛокалната власт во Општина Зелениково, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатата година работеше на подобрување на локалната инфраструктура, при што беа реконструирани повеќе локални улици.Во населеното место Орешани беше изградена нова пешачка патека, од мостот на главната улица до преминот преку Зелениковска Река. Општината, исто така, набави повеќе видови возила наменети за одржување на патната инфраструктура и за извршување на комуналните дејности. Особено значаен за Општина Зелениково е и проектот за градски воз на релацијата Зелениково-Скопје, кој на граѓаните им овозможува подобра поврзаност со главниот град. Општината и во наредниот период ќе продолжи да работи на унапредување на животната средина, подобрување на условите за живот и создавање поквалитетна и поздрава средина за сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЕ: Минералното богатсво на Македонија со долгорочна развојна рамка до 2046 годинаМакедонија преку долгорочен план ќе создаде услови за подобро искористување на својот геолошки потенцијал и негово претворање во инвестиции, индустриски развој, нови работни места и поголема додадена вредност за домашната економија.Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година ги утврдува приоритетите за современи геолошки истражувања, одговорно користење на минералното богатство и создавање услови за долгорочни вложувања. Македонија располага со разновиден геолошки потенцијал, меѓу кој се олово, цинк, бакар, злато, антимон и никел, како и мермер, травертин, гранит и варовник. Еден од главните приоритети е поголем дел од економската вредност да се создава во земјата. Тоа подразбира поголема поврзаност на рударството со домашното производство, развој на преработувачки и други индустриски капацитети и примена на современи технологии. Подобреното геолошко истражување ќе овозможи попрецизно утврдување на потенцијалот и навремено планирање на идните вложувања. Со тоа се отвора простор за нови деловни активности и јакнење на домашните производни капацитети. Паралелно, се поставуваат повисоки стандарди за заштита на животната средина, транспарентност и заштита на јавниот интерес. Стратегијата е усогласена со европските политики, вклучително и Европскиот акт за критични суровини, што создава можности за поголемо вклучување на Македонија во европските индустриски синџири. Документот е подготвен преку стручна соработка на Македонската академија на науките и уметностите и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со учество на експерти и консултации со релевантни институции и стручната јавност. Стратегијата е донесена од Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува долгорочна рамка за развој на геолошките истражувања и рударството до 2046 година. Со овој документ се создава основа минералното богатство да не биде само предмет на експлоатација, туку двигател на домашната индустрија, инвестициите и долгорочниот економски развој, со одговорно управување и зачувување на животната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook