Трипуновски: Земјоделците од Овчеполието ќе добијат навремено вода за наводнување

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Овчеполието каде што направи увид во количините на вода во системот за наводнување Брегалница.

- Сакам да информирам дека од системот за наводнување Брегалница во општините Свети Николе и Лозово процентуално со вода покриени се:

90% Црнилиште

90% Аџиматово

100% Делисинци

90% Сарамзалино

скоро 100% Лозово.

Наскоро очекувам сите овие места да бидат 100% покриени со вода за наводнување. - изјави Трипуновски.

Трипуновски потенцираше дека со правилна и сериозна работа може да се испорача вода за наводнување до земјоделците и покрај катастрофалната состојба на системите за наводнување.

Исто така во наредните неколку дена вида за наводнување на земјоделските површини ќе има и во останатите места во Овчеполието.

- Во претходните години водата пристигала на крајот од сезоната кога воопшто не е потребно да се наводнува, а сега имаме вода на самиот почеток кога е и најпотребна. Ние вистински се грижиме за македонските земјоделци! - заврши Трипуновски.

„Колачето на моќта“ - кавијарот и неговите здравствени придобивки

Кавијарот има долга историја. Потекнува од Древна Персија, а според античкиот филозоф Аристотел, на гозбите на нашето поднебје кавијарот и есетрата биле најавувани со труби и цвеќиња уште од четвртиот век п.н.е.

И денес кавијарот е симбол на луксуз. Старите Персијци го создале првиот солен вид кавијар. На Средниот Исток нашироко се верувало дека е оваа храна е лековита, па затоа и го добила името „кавијар“ што на персиски јазик значи „колаче на моќта“. Но, кавијарот каков што го знаеме денес е релативно понова храна. Сè до средниот век, во Персија и околу Касписко Море, икрата од рибата есетра се служела згмечена и тоа важело за погодна замена за месо.

Значи, и есетрата (вид риба од којшто се добивал изворниот кавијар), отсекогаш се сметала за многу посебно јадење. Во 1324 година, англискиот крал Едвард Втори ја прогласил есетрата за „кралска риба“ и само на луѓето од кралскиот дворец им било дозволено да јадат вакви риби. Се чини, ова важи и ден-денес на Островот. Сите диви есетра-риби најдени на британскиот брег - сѐ уште се во сопственост на монархот.

Правењето кавијар, како и неговото зачувување со помош на сол, се користи за потребите на владетелите и дворецот. Во овој специјалитет уживала и руската аристократија.

Покрај класичниот кавијар, Русите развиле доста вешт начин на користење и помалку убави рибји јајца. Така настанал сув и збиен производ во густ облик, може да се чува подолго време и лесно да се превезува на подолги растојанија. Таков „пресуван“ кавијар и денес се продава. За време на руската Октомвриска револуција од 1917 година, руското благородништво побегнало - голем дел во Франција, па на тој начин и рускиот кавијар „се проширил“ на запад, повторно - како симбол на луксуз.

Како што кремот на европското општество го прифаќало новиот рибји специјалитет, и есетрата била сè повеќе експлоатирана - сè до точка на загрозеност на опстанокот на овој вид. Во средината на 20 век се случиле првите обиди за размножување на овие риби.

Во рок од 20 години, кавијарот добиен од одгледувани риби е успешно пласиран на пазарот - со задржан квалитет. Најголеми светски извозници на кавијар денес се Русија, Иран, Казахстан и Кина.

Процесот на правење кавијар е доста сложен. Женката-есетра се чисти од крв веднаш по уловот, за да се избегне загадувањето. Икрата потоа се отстранува во стерилна средина и се потопува во студен солен раствор. Потоа се сее низ посебна мрежа за да се отстранат сите нечистотии. По собирањето се пакува во стаклени садови, а понекогаш и во метални конзерви.

Икрата (јајцата) од есетра е кревка. Ако се користи премногу сол таа станува тврда и непроѕирна. Ако има премалку сол, пак, икрата станува лута. Сè мора да се врши на температура пониска од 10 Целзиусови степени - тоа е главниот конзерванс.

Тегличка кавијар може да се чува до една година во производството, а најдобро време за консумирање е три месеци по подготовката. Се чува во најстудениот дел од фрижидерот, на четири Целзиусови степени. А, кога ќе го отворите, советот гласи: Почекајте 30 минути пред јадењето, за кавијарот да ја достигне оптималната соодветна температура. Откако ќе се отвори, мора да се изеде во рок од најмногу 24 часа.

Ставете го оригиналното пакување на мраз. Обично се користат кристални или порцелански корпи за мраз, додека кавијарот се зема со бисер или дрвена лажица.

Кавијарот може да се нанесе на печен, или на обичен леб. Може да се додаде и малку несолен путер. Што се однесува до пијалоците, ладната вотка, сув шампањ или бело вино одлично одат со кавијар. Но, избегнувајте какво било вино што со ароми или вкусови - тие би го прикриле делумно вкусот на кавијарот.

Инаку, на кавијарот не му треба ништо посебно во однос на додатоци. Иако некои го користат како додаток на јадења, како што се компири или тестенини, поради неговиот деликатес, сепак се советува да се јаде посебно.

Кавијарот содржи селен, железо, фосфор, калциум, бакар... Добар извор е и на витамините А, Е, Б12, Б1 и Б6. Заедно со омега-3 масните киселини спаѓа во храната препорачлива за луѓе изложени на големи напори (спортисти) но и за опоравување после потешки операции. /МИА

За шест месеци во Амазонската прашума регистрирани рекордни 13.489 пожари

 Во првите шест месеци од годинава во Амазонската прашума во Бразил регистрирани се 13.489 пожари, покажуваат сателитските податоци.

Тоа е зголемување од 61 процент во споредба со истиот период минатата година и е најлоша бројка во изминатите 20 години.

Бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања (ИНПЕ) од 1998 година ги следи пожарите во Амазон. Најголем број пожари од јануари до јуни е забележан во 2003 година, кога се регистрирани 17.143 и во 2004 година, кога имало 17.340 пожари.

Според податоците на ИНПЕ, во периодот од 1 јануари до 21 јуни годинава површината изложена на уништување на шумите е намалена за 42 отсто во споредба со истиот период во 2023 година.

Бројот на пожари достигна рекордно ниво и во два други екосистеми јужно од Амазон: мочуриштето Пантанал и саваната Серадо, која најмногу се наоѓа во Бразил.

Во Пантанал, дом на милиони кајмани, папагали, џиновски видри и најголема концентрација на јагуари, во првите шест месеци од годинава забележани се 3.538 пожари што е зголемување за повеќе од 2.000 отсто во споредба со лани. Вкупниот број на пожари е за 40 проценти поголем од 2020 година, што е рекордна година за шумски пожари во тој регион. Само во јуни се регистрирани 2.639 пожари, што е шестпати поголема бројка досега.

Ситуацијата е загрижувачка затоа што врвот на сезоната на шумски пожари вообичаено е во втората половина од годината, особено во септември.

Сојузната држава Мато Гросо, каде се наоѓа најголемиот дел од Пантанал, прогласи вонредна состојба минатата недела, а властите најавија дека ќе пристигнат пожарникари од други региони за да помогнат во гаснењето на пожарите.

Серадо, заедно со африканската и австралиската савана, е една од трите големи савани на Земјата, се соочи со 13.229 пожари од јануари до јуни, речиси колку и Амазонската прашума.

Серадо покрива област со големина на Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија заедно. /МИА

Ужас во Индија: Најмалку 107 загинати во човечко стампедо на верски собир (ВИДЕО)

Во стампедо на верски собир во малиот град Катрас, во најнаселената индиска држава Утар Прадеш, загинаа над 107 лица, додека над 150 се повредени, меѓу кои голем број жени и деца, јавуваат индиските медиуми.

Во Катрас редовно се одржува религиозен настан посветен на хинду богот Шива.

Стампедото се случило кога завршувал овогодинешниот верски собир, пренесува India Today.

„Досега во болницата Етах се примени 107 безживотни тела. Повредените се уште не се донесени во болница. Истрагата е во тек, како и идентификацијата на жртвите“, изјави локален функционер.

Тој изрази загриженост дека е можно билансот на жртвите да не е конечен.

Јоги Адинат, претседател на Советот на министри во Утар Прадеш, им нареди на службите за итни случаи да ја забрзаат испораката на помош.

притисни ентер