Трипуновски : Владата да ги искористи сите меѓународни контакти за да се обезбеди пласман за пролетната зелка

Денеска сум во посета на Струмичкиот регион затоа што до мене стигаат безброј замолници и укажувања да се биде помеѓу земјоделците бидејќи како имаме еден сериозен проблем со пласманот на пролетната зелка, рече Цветан Трипуновски.

Она што сакам да го кажам е дека во услови на една светска пандемија и најголемите светски маркети во европските држави се со празни полици, ние се соочуваме со пласманот на зелката. И од она што можам да го видам овде на терен посетувајќи ги неколкуте откупни пункови во Куклеш и овде во Пипереово, општина Василево, гледам дека цената е многу ниска. Наместо празни прес конференции треба навистина македонскиот земјоделец оној којшто треба да ја прехрани нацијата, треба да се помогне во оваа ситуација затоа што не е време ниту за политика ниту за политиканство, едноставно треба да се носат правилни мерки.

Она што сакам да го посочам од тука е да укажам дека треба навистина на земјоделците коишто нареднава година ќе биде исклучително тешка, со оглед на мерките коишто се превземаат за заштита од коронавирусот, сакам да предложам сите заостанати субвенции од изминатава 2019 година да бидат исплатени за земјоделците, се со цел да имаат прилив на средства со коишто ќе можат да ја одржат и оваа производна 2020 година.

Тука сакам да ја предложам мерката три денари за предадена „куртова капија“ во преработувачките капацитети коишто нормално во овој дел од Македонија највеќе се произведува.

Втората работа е тоа што сакам да апелирам до владата, да ги искористи сите меѓународни контакти за да се обезбеди пласман за пролетнава зелка, затоа што не тој начин ќе помогнеме и на откупувачите и ќе помогнеме и на земјоделците да го пласираат овој производ. Исто така сакам да укажам дека инспекциските служби треба да бидат на терен постојано. За жал денеска во мојава посета не сретнав ниту еден инспектор. Тие инспекциски служби треба да го спорведуваат законот во пракса, тоа ќе значи дека оние откупувачи коишто ќе работат согласно процедурите, прописите и законите ќе можат да работат. Меѓутоа како што бев сведок и неколку од порталите коишто објавија минатата неделала, имаше откупувачи коишто не ги почитуваат оние договорени цени, па ја рушат цената и на останатите купувачи.

Така да со овие сет на мерки треба да се овозможи да македонскиот земјоделец има прилив и да го пласира својот производ, затоа што ние како македонска држава на овој вреден земјоделец треба да создадеме услови за да тој може да произведува во оваа тешка година. Со ваквиот однос којшто во моментов го имаме од страна на Владата, мислам дека не се помага доволно.

Јас сите овие предлози коишто ви ги соопштив, ќе ги доставиме во писмена форма до Владата, исто како што беше и вчерашната моја прес конференција каде што барав непродуктивните трошења, односно ставки програмата за финансиската подршка за руралниот развој да се пренаменат за исплата на субвенции за претходни години.За мене е несвојствено во светска пандемија, во тешка економска криза да се предвидуваат милион евра за саемски манифестации, да се предвидат милион евра за прскање на облаците против природни непогоди. Се е тоа добро, меѓутоа временскиот период не е добар, тие пари побарав да се пренаменат во исплата на субвенции затоа што само така земјоделците ќе можат да купат и репроматеријали и нормално да ја произведат цела производна 2020 година.

Она што уште еднаш сакам да го кажам е дека навистина е очајна ситуацијата во Македонија, и навистина треба да им се помогне на овие луѓе, рече Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер