Собраниска седница за реконструкција на Владата – разрешени се осум министри, Стоилковиќ со најмногу гласови – 95 „за“
2Собраниска седница за реконструкција на Владата – разрешени се осум министри, Стоилковиќ со најмногу гласови – 95 „за“
Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
2Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
Шоу бизЏек Николсон никогаш не се пензионира, тврди неговата поранешна партнерка Лара Флин Бојл, поранешната партнерка на Џек Николсон, тврди дека оскаровецот „никогаш не се пензионирал“ и покрај тоа што верувал дека се повлекол од актерството.Актерката, која се забавуваше со Николсон повеќе од две децении, рече дека останала пријателка со Џек, за кого рече дека People е „голем дел од нејзиниот живот“. Николсон (86) последен пат се појави во долгометражен филм во романтичната комедија „Како знаеш“ од 2010 година, со Рис Витерспун, Овен Вилсон и Пол Руд. Во изминатите 14 години тој одолеа на сите понуди да се врати на актерството. Николсон никогаш официјално не се пензионирал, иако во интервју за Vanity Fair во 2013 година изјавил дека немал голем интерес да се врати на актерството. Кога го прашале за неговото пензионирање, Бојл рекла: „Светот на Џек е секогаш тука. За Џек нема пензионирање. Никогаш“, пренесува NME.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНово вознемирувачко видео: Девојче во Куманово обиколено, удирано со шлаканици и клоциСе нижат случаите на врсничко насилство.Три девојчиња наспроти едно, со шлаканици и удирајќи ја и со клоци ја тераат жртвата да се извинува, а во еден момент насилничките ја кубат за коса притиснувајќи ја до ѕид. Според првичните информации видеото кое сега е објавено и на медиумите е снимено пред околу еден месец во Куманово, но сега било пријавено во полиција, а денеска девојчето жртва е повикано на разговор во станица. Снимката од физичкото малтретирање првично осамнала на социјалната мрежа „снепчет“ како начин да се даде до знаење кои можат да бидат последниците ако некој употребува пцовки против насилничките. Од МВР за Канал 5 велат дека се запознаени со случајот и дека постапуваат. Иако настанот се случил пред околу еден месец, оттаму брифираат дека сега е пријавен во полиција. Во врска со објавеното видео за кое прашувате, ве известуваме дека СВР Куманово во координација со ОЈО Куманово презема мерки и активности за расчистување на случајот, по што соодветно ќе ја известиме јавноста,-МВР. Според првичните информации жртвата има 14 години, а една од насилничките е возрасна и има 19 години, другите се малолетни. Во рок од околу еден месец ова е втор случај со јавно објавени снимки на кои се гледа како малолетнички се тепани, понижувани и малтретирани, во главно, од врснички. Во скопски Аеродром, жртва беше дванаесет годишно девојче кое беше натерано да клекне на коленици и да се извинува, да каже дека нема да пријави во полиција, додека е удирано со шлаканици влечено за коса и снимано од поголема група малолетници кои навиваат. За овој случај во тек е постапка пред суд, откако Обвинителството за четворица малолетници побара да бидат изречени мерки на претпазливост - забрана на децата во судир со законот да се приближуваат или воспоставуваат и одржуваат контакти и врски помеѓу себе и со жртвата. Во меѓувреме, се уште нема пресуда за еден од најпознатите вакви случаи кој предизвика силна реакција и во јавноста што се случи пред околу три месеци во Ѓорче кога насилнички малтретираа девојче, гасеа цигара од нејзе и ја понишуваа терајќи ја да јаде измет. Процедурата се уште не е завршена и е во тек.Тагови: насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаСобраниска седница за реконструкција на Владата – разрешени се осум министри, Стоилковиќ со најмногу гласови – 95 „за“Во Собранието започна дводневната расправа за реконструкцијата на Владата, која ќе опфати 8 министри. Расправата ја следи Јана Јосифоска. Јана, како тече седницата, кога може да се очекува да бидат избрани новите членови на кабинетот на премиерот Мицкоски? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПропадна обидот на Левица за координативна средба на опозициските партии за Изборниот законикНа два дена до истекот на рокот во Собранието да се донесе Изборниот законик, опозицискиот блок остана без заедничка позиција откако пропадна обидот да се свика координативен состанок инициран од партијата Левица. Од СДСМ обвинуваат дека состанокот е како што велат, „класичен обид на Мицкоски, преку своите сателити„ , да создаде слика дека опозицијата ја блокира реформата на Изборниот законик. -Тоа е веќе видено сценарио во кое сателитските партии на Мицкоски се обидуваат да ја вовлечат опозицијата во неговата валкана игра. Прашањето е едноставно: Зошто опозицијата би требало да се собира по нарачка на Мицкоски? СДСМ нема да учествува во оваа претстава. Нема да му бидеме алиби на Мицкоски. Нема да се собираме за да му правиме услуга во неговата кампања за предвремени избори. – Порачаа од СДСМ преку партиското соопштение. Од Левица обвинија дека одбивањето на СДСМ за координација околу изборниот законик е неодговорно опозициско однесување во момент во кој како што велат, постои реална можност за заедничко дејствување. За СДСМ, сепак, сегашниот изборен модел е прашање на политичко преживување. Затоа панично го бранат системот што произведува изгубени гласови, непропорционална распределба на мандати и вештачки политички кислород за партии кои одамна ја загубија довербата кај граѓаните. Се надеваат дека она што повеќе не можат да го добијат од граѓаните, ќе го добијат од изборната математика. – велат од Левица. Од ДУИ пак велат дека не ја прифатиле поканата од Левица за присуство бидејќи истата ја добиле само еден час пред започнување на состанокот. За ВМРО-ДПМНЕ денешниот пропаднат обид за опозициска координација е доказ дека опозицијата намерно го блокира овој чекор од реформската агенда. -Со месеци се преговараше, над 4 месеци, потоа кога требаше да се поднесе законот, се повлекуваа, со што директно одиме на тоа дека едноставно опозицијата нема интерес овој закон да биде донесен и да го исполниме последниот „benchmark“ што го имаме како врска од реформската агенда. Доколку тоа не се случи во текот на денешниот ден, а со оглед дека рокот е до 15 јули, уште еднаш ќе се покаже хипокризијата, каде што во првиот дел од денот не обвинуваат дека не сме ориентирани кон исполнување на реформите за приближување кон Европската Унија, во вториот дел од денот самите ги блокираат,- - Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. По ова станува се поизвесно дека по четиримесечни преговори во Министерството за правда и неколку обиди да се деблокира Изборниот законик кој е заглавен во Собрание со над 13 илјади амандмани, дека истиот нема да биде донесен до 15 јули кога треба да се испрати извештајот за реформската агенда до ЕК. Освен моделот на гласање на дијаспората, од партиите се чека и консензус за изборниот модел како и за и финансирањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55