Во Албанија уапсен поранешениот министер за здравство Беќај - Канал 5

Во Албанија уапсен поранешениот министер за здравство Беќај

По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) денеска е уапсен поранешниот албански министер за здравство Илир Беќај.

Во Албанија уапсен поранешениот министер за здравство Беќај

- Според обвинителството, Беќај додека ја извршувал функцијата директор на државната Агенција за стратешки програми позната како САСПАК, создал коруптивна шема со цел да профитира преку организирање фиктивни тендери. Покрај Беќај, уапсени се и двајца негови соработници, Ермал Кертулај и Алфред Најкола.

На тројцата судија во претходна постапка им одредил мерка притвор, на други две лица „домашен притвор“ а две лица ќе се бранат од слобода.

- Против поранешниот министер Беќај и останатите осомничени СПАК подигна неколку обвиненија, почнувајќи од корупција, прикривање или непријавување богатство, повреда на еднаквоста на тендерите и измама. Беќај, додека ја водеше Агенцијата организирал најмалку осум тендери за услуги во рамките на два настани организирани во 2023 година, но реално тие не биле предмет на редовна постапка за набавка, туку победникот бил договорен и утврден многу порано а постапката за набавка била спроведена фиктивно заради документација и плаќање, додаваат медиуми повикувајќи се на СПАК.

Според истиот извор преку угостителски објект чиј фактички сопственик бил Беќај, но фигурирало друго лице, само во еден случај за одржување конференција потрошени биле 125.000 евра, а во друг за една вечера околу 40.000 евра. Постојат цврсти докази дека се вршело перење пари преку ресторанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Од 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени.

Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале

Убиено е  26 годишно момче во Чаир , потврдија од Министертвото за внатрешни работи. 

Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале

Настанот се случил синоќа околу 23 часот и 30 минути во СВР Скопје во близина на раскрсница помеѓу улиците „Прохор Пчински“ и ,,Војдан Чернодрински“ во Скопје. Пред излог на фирма стоеле 5 лица на возраст од 24 до 36 годишна возраст сите од Скопје, кога до нив застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил 26 годишниот А.М. кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ден на жалост во Непал, потрагата по преживеаните продолжува

Непал денес одбележува ден на жалост во спомен на загинатите во поплавите од 26 август, при што владините канцеларии ги спуштаат знамињата, а членовите на семејствата ги завршуваат ритуалите за жалост.

Ден на жалост во Непал, потрагата по преживеаните продолжува

Денес е 13-тиот ден од поплавите во кои загинаа повеќе од 1.300 луѓе во Непал и Тибет, а околу 5.000 се водат како исчезнати, вклучувајќи странци, според агенцијата за управување со катастрофи на Непал, објавува Асошиејтед Прес.

Во Непал, каде што Хиндусите го сочинуваат мнозинството од населението, периодите на жалост траат 13 дена, во кои блиските членови на семејството остануваат дома, а роднините ги посетуваат за да им оддадат почит.

На последниот, или 13-ти, се одржуваат ритуали за молитва за душите на починатите.

Неколку лица чии членови на семејствата сè уште се водат како исчезнати одржаа симболични погреби со ритуали за жалост.

Владата претходно го прогласи понеделникот за ден на официјална жалост и сите канцеларии ќе ги спуштат знамињата на половина копје.

Во Катманду, членови на семејствата се собраа во близина на канцелариите на премиерот и клучните министерства за да побараат од владата да го забрза спасувањето на стотици луѓе кои работеле во хидроелектраните и биле однесени од реката Ботекоси или закопани под урнатините.

Потрагата сè уште е во тек

Потрагата по стотици луѓе кои сè уште се водат како исчезнати продолжува.

Спасувачите извлекоа еден Кинез од електраната во саботата, а двајца непалски работници беа спасени од електраната во петокот.

Спасувачките напори се повеќе се фокусираат на 12 хидроелектрани, каде што околу 900 работници се водат како исчезнати, а се верува дека околу 500 се заробени во различни тунели, соопштија властите.

Специјализирани спасувачки тимови од Индија, Кина, Јужна Кореја и САД пребаруваат низ урнатините, оштетените згради и тунелите, надевајќи се дека ќе пронајдат преживеани.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер