Новиот норвешки крал во првото обраќање му оддаде почит на починатиот татко, му затрепери гласот (ВИДЕО)
2Новиот норвешки крал во првото обраќање му оддаде почит на починатиот татко, му затрепери гласот (ВИДЕО)
ЕвропаСилна бура ги крши бродовите од карпи на Кипар- еден човек загина (ВИДЕО)Едно лице загина, а шестмина се спасени откако вчера силно невреме пропратено со немирно море предизвика три брода да удрат во карпите и да потонат во близина на Кипар, јавуваат локалните медиуми.Мажот бил извлечен во несвест од морето со спасувачки хеликоптер во близина на Кејп Греко на југоисточниот брег на островот и подоцна бил прогласен за мртов, додека двајцата преживеани се задржани на лекување во болница, објави Сигмалив. Επιχείρηση διάσωσης στο Κάβο Γκρέκο: Ελικόπτερα και διασώστες στη μάχη με τα κύματα – Αποκλειστικά πλάνα pic.twitter.com/Ikg99vFYPj — ink Cyprus (@inkcyprus) August 29, 2026 Поплавени улици, предизвикани одрони Силен дожд и силен ветер го погодија медитеранскиот остров, кој поплави улици, предизвика лизгање на земјиштето и урна бројни дрвја. Противпожарната служба добила бројни итни повици поради штетите од невремето. Портпаролот на противпожарната служба изјави дека најмногу интервенции имало во областа околу главниот град Никозија.Тагови: кипар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШтерјова: Мицкоски ги штити Стоилковиќ и Кирановиќ за величењето на Младиќ, што е следно?Мицкоски го штити својот пулен во Владата, Иван Стоилковиќ, како и директорот на Агенцијата за правата на заедниците, Далибор Китановиќ.Од никого не бара одговорност за величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ. Мицкоски не го споменува Стоилковиќ, не го повикува на одговорност, на Китановиќ му остава простор, да го повлечел јавно искажаниот став за Ратко Младиќ или да си поднесе оставка. Наместо кривично да одговараат и давајцата, согласно член 407 од Кривичниот законик поради „Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“. Нема тука простор за негово одлучување или различно толкување. Луѓе како Стоилковиќ и Китановиќ со такви ставови не треба и не смее да бида вршители на каква било јавна функција во Владата. Дали Мицкоски се согласува со својот министер Иван Стоилковиќ? Дали Ратко Младиќ е и негов генерал? Ако Мицкоски не се согласува со Стоилковиќ и Китановиќ, тогаш нека ги осуди нивните ставови и нека ги разреши. Ова е дел од поширока агенда, сценарио на Вучиуќ која Мицкоски ја спроведува и за која СДСМ предупредува. Создавање тензии, поделби меѓу граѓаните, етнички провокации и поделби, операција „Талог“. Медиумите се подготвени. Латас, човек на српските служби, води кампањи по методот на Гебелс, навреди, поделби, постојано повторување на ист навредлив термин за да се дехуманизира политичкиот противник. Стоилковиќ навредува пратеници во Собранието, го велича Ратко Младиќ. Се е дел од иста кампања. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија. Прашањето е што е следно? Што друго имаат подготвено?, рече Кети Штерјова од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДвокатен автобус се запали на средно Водно, чадот се гледа од Скопје Чадот кој е видлив од Скопје на планината Водно е од запален двокатен автобус, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.Според податоците кои ги имам во моментов, на видиковецот на Водно има запален двокатен автобус на ЈСП, скопските пожарникари работат на негово гаснење, очекувам набргу да биде изгаснат, засега не постои опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација, изјави Ангелов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКлиматски промени- падна снег во најжешката пустина Во пустината Атакама во Чиле, одеднаш падна снег, а научниците од НАСА веруваат дека снежните врнежи се предизвикани од климатскиот феномен Ел Нињо.Во пустината Атакама во Чиле, одеднаш падна снег, а научниците од НАСА веруваат дека снежните врнежи се предизвикани од климатскиот феномен Ел Нињо, кој периодично се јавува во тропскиот Тихи Океан и значително влијае на временските услови низ целиот свет. Сателитските снимки објавени од американската вселенска агенција НАСА покажуваат невообичаено обилни снежни врнежи кои покриле делови од пустината Атакама и висорамнината Хајнантор во северно Чиле, објавува Шпигел. Висината Хајнантор е дом на големиот радиотелескоп ALMA, а работата на телескопот беше привремено прекината поради снег и силни ветрови. Иако снегот повремено паѓал во овој сушен регион и претходно, погодената област овој пат е особено голема. Причината за обилните снежни врнежи е таканаречен посебен систем со низок притисок кој се судрил со поле од влажен воздух над северно Чиле, се вели во соопштението на НАСА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40