Три дена по веста дека е бремена , Кети Пери објави тажна вест - Канал 5

Три дена по веста дека е бремена , Кети Пери објави тажна вест

Само три дена откако објави дека е бремена, пејачката Кети Пери  сподели тажна вест.

Три дена по веста дека е бремена , Кети Пери објави тажна вест

Нејзината баба Ен Перл почина на 99-годишна возраст.

Кети имала посебна врска со нејзината баба и била многу приврзана кон неа. Таа ја сподели веста преку социјалните мрежи и исто така и го посвети својот настап во Мелбурн.

„Ова е за баба. Таа се одмора во мир“, напиша таа на Твитер. Овој настап беше и нејзино прво појавување на концерт откако објави дека е бремена со актерот Орландо Блум.

"Не знам дали има такво нешто, но јас ги замислувам душите од овој свет да останат и да и го бакнуваат челото на баба ми. Се надевам дека е така. Ен Перл Хадсон беше борец. Таа ја преживеа големата економска криза, одгледувајќи три деца, работејќи без прекин. Таа отсекогаш била своја и секогаш ќе ја носам во мене. И добро ќе биде затоа што сега сите во рајот имаат ангел кој ќе се грижи за нив “, напиша Кети во емотивната објава.

I don’t know when a soul enters a new vehicle but if there is an afterlife where there’s a waiting room of the coming and going my mind wonders if the soul that is waiting to come into my world is getting a kiss on the forehead from my sweet Grandma that departed this earth yesterday. My heart hopes so. If she is able to speak with the soul in waiting the conversation would probably include “are sure you wanna pick this wild group?!” There would most definitely be some sarcasm, a witty quip or two... tbh grandma probably had a glass of her favorite blush wine ready upon arrival to this afterlife... and a most fashionable look, jewels included, naturally. A lot of what I am is because of my father... and he is because of her. She started it all, as she used to remind us and I’m so grateful she did. Family... is there to show us what love can be... sometimes that journey of finding the love is tough to get to AND through but if you can open your heart and let the light lead the way you will find that incomparable love. Ann Pearl Hudson was a fighter. She survived the Great Depression, raised 3 kids on her own as a seamstress, making G strings for showgirls and other such characters in Vegas. She was always authentically herself, funny and full of all the sweet cozy things you think of when you think of grandmas. She gave me crisp dollar bills in hallmark cards, she let us eat her favorite almond cookies from the 99 cent store while we asked questions about the different fans she had on display on her walls. She was a wonderful grandma and I will forever carry some of her in me. When my whit comes out, that’s Ann. When my authenticity comes out, that’s Ann. When my stubbornness comes out, hell, that’s Ann. When my fighter spirit comes out, that’s Ann. When my style comes out, that’s Ann. May she rest in deep peace and kiss the forehead of the soul to come and let them know everything is gonna be OK, especially now that they have gained an angel to look over them ♥️♠️

A post shared by KATY PERRY (@katyperry) on

Бабата на Кети се здоби со многу обожаватели откако се појави во филмот Part Of Me , посветен на концерт на Кејт. Таа беше препознатлива по чувството за хумор и саркастичните одговори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави „голем, прекрасен договор за Украина и Европа“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп објави нов безбедносен договор за Украина кој „може да се однесува на цела Европа“. 

Трамп најави „голем, прекрасен договор за Украина и Европа“ (ВИДЕО)

Тој го презентираше предлогот по состанокот со висок руски претставник, но без конкретни детали, што предизвика конфузија во европските престолнини, пишува CNN.

Трамп ги даде своите коментари по состанокот со Кирил Дмитриев, санкционираниот раководител на рускиот суверен фонд за богатство кој дејствува како емисар на претседателот Владимир Путин. Американскиот претседател, кој веќе постојано ветуваше дека ќе преговара за крај на војната во Украина, не даде детали за новиот план.

„Ќе биде нешто многу големо. Ќе вклучи повеќе од само Украина, па дури би можел да кажам дека може да вклучи цела Европа. Ќе биде голем, прекрасен договор и сите ќе бидат воодушевени“, изјави Трамп пред новинарите во четврток.

Договор за Украина и Европа

Зетот на Трамп, Џаред Кушнер, исто така зборуваше на платформата X. Тој тврдеше дека е потребна „поширока европска безбедносна архитектура“ за „да се решат безбедносните загрижености на сите страни, да се намали ризикот од иден конфликт и да се создаде постабилна и попредвидлива безбедносна и енергетска средина“.

„Европа и Русија се борат повеќе од 30 години да воспостават одржлива безбедносна рамка. Децении недоверба, спротивставени безбедносни интереси и разорните последици од оваа војна го прават ова исклучително тежок предизвик, но е од суштинско значење за траен мир“, рече Кушнер. Тој не ја спомена руската инвазија на Украина или серијата хибридни напади за кои Европа ја обвинува Москва.

Кушнер, исто така, повика на „поголема воена транспарентност и реципрочни мерки за намалување на ризикот од ескалација“ меѓу Русија и Европа. Изјавата би можела да предизвика загриженост во делови од Европа, со оглед на долгогодишниот став на Москва дека присуството на НАТО во Источна Европа само по себе е ескалација.

Европски сојузници без информации

Сепак, неколку европски претставници запознаени со конфликтот изјавија за CNN дека не знаат точно на што се осврнува Трамп. Во четврток, претседателот разговараше со германскиот канцелар Фридрих Мерц, клучен сојузник на Украина.

Германски владин претставник одби да ја објасни содржината на повикот, но истакна дека новите идеи на администрацијата на Трамп се засноваат на преговори во текот на изминатите месеци. Не е познато дали Трамп разговарал со други европски лидери.

Во меѓувреме, портпаролката на НАТО, Алисон Харт, потврди дека разговорите меѓу НАТО, САД, Украина и ЕУ и европските партнери се одржале во четврток во Брисел. Ова се случило во пресрет на трилатералниот состанок на САД, Украина и Русија, кој се одржува во Абу Даби следната недела. Харт рече дека состанокот „се обидел да постигне напредок кон праведен и одржлив крај на војната во Украина“, но одби да даде повеќе детали.

Притисок за преговори во услови на конфликт

Рускиот претставник Дмитриев беше во Белата куќа во четврток на настан организиран од првата дама Меланија Трамп. Таа собра претставници на Русија и Украина за да го одбележи успешното примирје од минатата недела во окупираното украинско село Олешки. Трамп подоцна им рече на новинарите дека не се сретнал со украинската делегација.

Претседателот неодамна почна да инсистира на преговори за повторно завршување на војната, по јавниот конфликт со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Но, и покрај ветувањата, војната продолжува, а Русија секојдневно напаѓа украински цивили.

Путин продолжува да инсистира на своите максималистички барања. Тие вклучуваат руска контрола врз целиот регион Донбас во источна Украина, намалување на украинската војска и одбивање на Киев да се приклучи на НАТО. За Киев, ова се неприфатливи услови што покажуваат дека Путин не е сериозен во врска со мировните преговори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џорџина се пофали со нов автомобил, еден детал привлече внимание (ВИДЕО)

Џорџина Родригез, сопругата на Кристијано Роналдо, се пофали со нов луксузен автомобил на социјалните мрежи. 

Џорџина се пофали со нов автомобил, еден детал привлече внимание (ВИДЕО)

Таа го сподели видеото од неговата испорака со своите повеќе од 77 милиони следбеници, а објавата дојде во моментот кога нејзиниот сопруг го објави крајот на неговата репрезентативна кариера.

Нов Range Rover вреден повеќе од 200.000 евра

Џорџина покажа на Инстаграм како таа и нејзините деца го пречекаа новиот Range Rover во елегантна шампањ боја пред семејниот дом.

Судејќи според видеото, пристигнувањето на скапиот автомобил особено ја развесели. Иако не го откри точниот модел, се проценува дека неговата цена би можела да надмине 200.000 евра.

Вниманието го привлече и еден интересен детаљ на автомобилот - персонализирана регистарска табличка со името на Џорџина. „Кога испораката ќе стигне во вашата куќа“, се пошегува таа покрај клипот.

Сепак, таа не откри дали се почастила со новиот автомобил или го добила како подарок.

Роналдо се збогува со португалската репрезентација

Објавата на Џорџина доаѓа во време кога нејзиниот сопруг Кристијано Роналдо е повторно во центарот на вниманието. Португалскиот фудбалер во четврток објави дека се збогува со репрезентацијата по 23 години.

Тој ја сподели одлуката со емотивно видео на социјалните мрежи, во кое се потсети на годините поминати во дресот на репрезентацијата и им се заблагодари на сите што го следеа во текот на целата негова кариера.

„Португалија секогаш ќе биде во мене. Португалци, дојде време да се збогувам со дресот со број 7. Никогаш не го сметав само за мој, туку 23 години имав чест и одговорност да го носам, да го бранам и да го претставувам на стадионите низ целиот свет“, рече Роналдо.

YouTube video

Тој посвети особено емотивен дел од пораката на своето семејство, на кое му се заблагодари за нивното разбирање и поддршка во текот на сите години од неговата фудбалска кариера.

„Ви благодарам што го споделивте овој сон со мене. Ви благодарам за разбирањето за сите отсуства, жртви и моменти во кои репрезентацијата го заземаше просторот што ви припаѓаше. Ако стигнав до тука, тоа е затоа што секогаш одевме рака под рака“, заклучи португалскиот фудбалер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани

Според најновите информации, две лица загинаа во падот на мал авион во Германија, кој се урна на автопатот А2 помеѓу Бург и Кринберг, на североистокот од земјата, соопшти полицијата.

Авион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани

„Авионот се запали за време на падот. Според сегашните информации, спасувачите пронајдоа две мртви лица во авионот“, изјави за „Билд“ портпаролот на локалната полиција Стефан Бродтрук.

Причината и околностите на несреќата, која се случи непосредно пред 15 часот во покраината Саксонија-Анхалт, сè уште се истражуваат.

Полициската и спасувачката операција траеја неколку часа, а автопатот кон Хановер беше затворен во тој период.

Според порталот „Флајтрадар“, авионот што се урна бил двосед регистриран на воздухопловниот спортски клуб во Кроп, и полетал од нивниот аеродром во Шлезвиг во 12:33 часот, објави Мирор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер