Три бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика одржана како онлајн натпревар во Сингапур - Канал 5

Три бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика одржана како онлајн натпревар во Сингапур

ИОИ е најпрестижниот годишен интернационален натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите – членки на ИОИ заедницата.

Три бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика одржана како онлајн натпревар во Сингапур

По јуниорите, кои на неодамна одржаната 4-та Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2020) освоија бронзен медал, повеќегодишниот континуитет на успешни претставувања на македонските ученици – информатичари на интернационалните натпревари по информатика оваа година го продолжуваат и сениорите – средношколци.

На 32-рата по ред Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2020), која од 13-ти до 23-ти септември се одржува во облик на онлајн натпревар, тимот на Македонија, составен од учениците Благојче Павлески, Андреј Величковски, Андреј Шеќеров и Тео Китановски, предводени од лидерите, м-р Емил Станков и д-р Бојана Котеска од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои три бронзени медали. Со резултатот што го постигнаа младите наши ученици, уште еднаш докажаа дека Македонија треба да се гордее со нив.

ИОИ е најпрестижниот годишен интернационален натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите – членки на ИОИ заедницата. Секоја година, во околу 90 држави од светот се организираат национални натпревари во програмирање, на кои што учествуваат вкупно повеќе од 400 000 ученици, сите со единствен мотив – да се изборат за големата чест и привилегија да ја претставуваат својата држава на ИОИ. Според начинот на поделба на медалите, ИОИ како научна олимпијада по информатика е најстрога во споредба со врвните научни олимпијади по другите науки (математика, хемија, физика, биологија).

Официјален домаќин на ИОИ 2020 е Сингапур, а главен организатор е Националниот Универзитет на Сингапур, со поддршка од Министерството за Едукација на Сингапур. Заради пандемијата со COVID-19, оваа година за прв пат Интернационалната олимпијада по информатика се спроведуваше онлајн, при што натпреварувачите од секој национален тим беа надгледувани од страна на нивните лидери. Македонскиот тим се натпреваруваше од просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), кој ги овозможи сите услови за квалитетно техничко поврзување со Сингапур.

Годинава на ИОИ учествуваат вкупно 343 ученици од 87 земји од целиот свет. Во оваа исклучително силна конкуренција, трите бронзени медали за Македонија ги освоија Благојче Павлески од Прилеп, Андреј Шеќеров од Скопје и Андреј Величковски од Куманово.

Од првото учество како независна држава на ИОИ во 1996 година, Македонија има резултати со кои предничи и во однос на земјите со слична големина како и во однос на доста поголеми земји – учеснички на ИОИ: доега се освоени 2 сребрени и 21 бронзен медал.

Претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, проф. д-р Миле Јованов, кој повеќе години по ред е еден од четирите избрани членови на врвното управувачко тело на олимпијадата, Интернационалниот комитет, изјави: „Радосен сум од успехот на нашите ученици, кои се вистински амбасадори на нашата земја. Овој успех покажува дека со несебичното повеќегодишно волонтерско ангажирање на неколкумина професори од Здружението, можно е да се постигнуваат врвни резултати на интернационално ниво, и наместо да сме рангирани некаде кон крајот на одредени листи, можеме да сме далеку повисоко. Добрите резултати кои што редовно ги покажува македонскиот тим ја промовираат Македонија како место од кое големите интернационални ИТ компании може да најдат квалитетни вработени.

Во услови кога работата на Здружението не е помогната од државните институции, крајно сме благодарни на поддршката од општествено одговорните компании Нетцетера, Грабит, Докстим, Сорсикс и Семос едукација, кои ја помагаат организацијата на натпреварите и подготовката на учениците. Благодарен сум што во последните неколку години полека почнува да се препознаваат врвните постигнувања на нашите ученици од страна на државата со воведување на механизми за нивно наградување, преку одредени конкурси на Агенцијата за млади и спорт, МОН и ФИТР, иако е потребно значително подобрување на регулативата во МОН за ова, во соработка со Здруженијата".

Доколку условите го дозволат тоа, следната, 33-та по ред, Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2021), ќе се одржи идната година, на лице место – во Сингапур.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во светската куќа на фудбалот: Инфантино (не) може да добие нов мандат?!

Според статутот на организацијата, Џани Инфантино не може да се кандидира за четврти мандат како претседател на ФИФА во 2027 година, изјави синоќа поранешниот шеф на Управниот комитет на ФИФА, Мигел Мадуро.

Хаос во светската куќа на фудбалот: Инфантино (не) може да добие нов мандат?!

Дали Џани Инфантино може да остане на чело на ФИФА?

Во исто време, организацијата за човекови права „Ферсквер“ (FairSquare) испрати писмо до националните сојузи-членки, повикувајќи ги да го прогласат за неподобен за кандидатура.

„Ферсквер“ претходно побара од ФИФА да донесе одлука според која Инфантино нема право да бара нов претседателски мандат, со образложение дека тој веќе ги одработил максималните три мандати дозволени според статутот на организацијата.

Сепак, Инфантино успешно аргументираше дека неговиот прв мандат на чело на организацијата – кога беше избран на Вонредниот конгрес во 2016 година, по оставката на Сеп Блатер – не треба да се смета во тоа ограничување, бидејќи претставувал завршување на еден прекинат мандат.

Во декември 2022 година, Советот на ФИФА „едногласно потврди“ дека периодот помеѓу 2016 и 2019 година не се смета за мандат на Инфантино, но организацијата „Ферсквер“ (FairSquare) наведува дека образложението за таквата одлука никогаш не било јавно објавено.

„Членот 33, став два од Статутот на ФИФА е многу јасен кога вели дека ниедно лице не може да ја извршува функцијата претседател повеќе од три мандати“, изјави Мадуро за новинарите.

„Џани Инфантино беше избран три пати; тој беше претседател на ФИФА во текот на три мандати. Затоа, според мене, уште еден претседателски мандат на Инфантино не може да биде во согласност со правилата.“

Мадуро е португалски правник кој беше отстранет од својата функција во ФИФА во 2017 година, откако го блокираше реизборот на рускиот заменик-премиер Виталиј Мутко во највисокото раководно тело на организацијата. Мадуро додаде дека формулацијата на правилото не предвидува никаков исклучок за случај на скратен мандат.

„Текстот на таа одредба е јасен – се зборува за три мандати. Не се прави разлика дали тие мандати се целосни или нецелосни, дали се четиригодишни или пак траеле помалку од четири години“, рече Мадуро.

Изгледите за реизбор на Инфантино значително се подобрија минатиот месец, откако првиот човек на азискиот фудбал ја поддржа неговата кандидатура, додека поддршката од разните конфедерации му обезбедува доминантна позиција меѓу 211-те членки на ФИФА кои имаат право на глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Саганаки

Во среда (28.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Мартин Јорданоски.

„Гответе со Дракче“ - Саганаки

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакување ракчиња

1 козерва доматни пелати

1 домат

1 мало пакување фета сирење

1 лажиче сенф

1 главица кромид

2 - 3 чешниња лук

маслиново масло

сол, бибер и нане

2 потпечени лепчиња

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј

Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз, кое треба да започне следниот месец во покраината Алберта, изјави во вторникот премиерот Марк Карни.

Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј

Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз, кое треба да започне следниот месец во покраината Алберта, изјави во вторникот премиерот Марк Карни пред новинарите.

Канада, клучен меѓународен сојузник на Украина во војната против Русија, веќе ја осуди одлуката на Спортскиот арбитражен суд од минатата недела, со која им се дозволува на Русите да се натпреваруваат на настани организирани од Меѓународната федерација за хокеј на мраз.

Предвидено е Светското јуниорско првенство да се одржи во периодот од крајот на декември до почетокот на јануари.

„Сè додека Русија и Белорусија ја поддржуваат оваа незаконска, неоправдана и ужасна војна во Украина, и сè додека таа трае, ниту еден од тие спортисти нема да се натпреварува за својата земја во Канада“, изјави канадскиот премиер. „Значи, ако прашувате конкретно за Светското јуниорско првенство – Русите нема да бидат таму“, рече тој на телевизиска прес-конференција одржана по завршувањето на самитот во Антигва.

Претходно во вторникот, националните федерации за хокеј на мраз на Норвешка, Данска, Шведска и Чешка изјавија дека ќе одбијат да играат против Русија на Светското првенство во хокеј на мраз за мажи, кое следната година ќе се одржи во Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер