Загрижени родители алармираат за безбедноста на нивните деца, видеа со меѓуетничко насилство на Тик Ток
2Загрижени родители алармираат за безбедноста на нивните деца, видеа со меѓуетничко насилство на Тик Ток
Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
1Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
2ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
3Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
МакедонијаИзминатата седмица санкционирани 122 непрописно паркирани возила на територија на Општина ЦентарЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 10.08 до 16.08.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбвинителството поведе истрага за криминалата група инволвирана во изнуди и перење на париГраѓани позајмувале пари за лекување на блиски или за други потреби, но и откако ќе ги врателе со огромни камати, биле под притисок со долгови, закани и изнуда од кумановската лихварска група што беше разбиена вчера.Според информациите организатор на групата е Драган Петровски, познат како „Даци Штука“ кој заедно со уште од упсените заврши во 30-дневен притвор, за еден е одреден куќен притвор, а четвртиот осомничен од групата што почнала да оперира од 2021 година подолг период е надвор од државата. Тие и откако ќе ги наплателе долговоите со камати, продолжувале да им бараат нови исплати, а ги користеле и банкарски сметки на жртвите за перење пари. Обвинителството соопшти дека во еден од случаите, оштетена жена позајмила 4.000 евра, а заедно со каматата вратила вкупно 6.500 евра. -Иако во целост му го вратила договорениот износ, тој побарал од неа да ја користи нејзината сметка за преку неа да пушти во оптек пари прибавени со изнуди. Жртвата одбила, а тој почнал да и се заканува, барајќи да го стави нејзиниот автомобил како наводен залог за фиктивни долгови. По налог на осомничениот бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, како да е гаранција за наводен заем. Освен тоа изготвиле и уште еден фиктивен договор за заем од 1.000.000 денари. На договорите за залог и заем осомничените го фалсификувале потписот на оштетената како заемопримач и без нејзино знаење ги завериле на нотар,- -ОЈО ГОКК. Нотарот од Куманово, со иницијали Д.Ж., кој дозволил да се заверат вакви лажни документи е осомничен за несовесно работење во службата и за него до Судот е доставен предлог за определување мерки на претпазливост. Во друг случај, оштетен побарал пари за лекување на сопругата. Иако ги вратил позајмените средства, осомничените продолжиле да му бараат пари, а преку неговата банкарска сметка, без негово знаење, биле префрлани поголеми суми кои потекнувале од изнуда. Трансакциите биле прикажувани како заеми, по што парите биле подигнувани во готовина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаЗагрижени родители алармираат за безбедноста на нивните деца, видеа со меѓуетничко насилство на Тик ТокМалолетничко насилство со етнички мотиви во Тетово .Малолетничко насилство со етнички мотиви во Тетово – родители алармираат дека на Тик-Ток се шири предизвик преку кој се објавуваат видеа од тоа како деца од албанска националност малтертираат врсници од македонска и сето тоа се објавува во групи на социјалните мрежи. Родителите се револтирани, велат дека нападите се брутални и оставаат последици, па затоа ако треба нивните деца да излезат некаде, тие мораат да ги придружуваат. Тоа се случувало најчесто денски, во период на настава...Напаѓачите според сведоштвата биле на 13-14 годинишна возраст, а пресретнувале помали соученици, претежно машки, но родители сведочат дека пресретнато било и девојче, кое било натерано да каже: „Јас сум балистка“. Според експертите со кои разговаравме – меѓуврсничкото насилство е сериозен фемомен особено во меѓуетничка средина, а за да се стави крај на ваквиот тип насилство најзначајна е меѓуинституционалната соработка. – Насилството коешто го вршат на свои возрасни групи или на поендинци, се со цел, тука настанува најголемиот проблем – да го истакнат на социјалните мрежи и притоа вршат и понижување. Дечињата затоа и не се свесни. Ова што се случува, а се случува периодично – дури и зачестува е многу сериозен општествен проблем, кадешто ние мораме да ги вклучиме сите чинители,- изјави Иван Анастасовски, универзитетски професор. Министерката за образование Весна Јаневска вели дека Министерството преку кампањи работело на поттикнување на свеста и кај стручните служби во училиштата, но и кај родителите. Сепак, Јаневска посочи дека на крај, одговорност за ваквото однесување мора да има. – Направени се прирачници, воспоставен е систем на делувањ во случај на врсничко насилие во училиштата, за наставниците, за стручната служба. Секој треба да носи одговорност за секоја акција што ќе ја поведе – и малолетниците без оглед што се малолетници, но и нивните родители треба да имаат одговорност и мора да станат свесни, ова повеќе пати сме го кажале, не моќже грижата да е само на училиштата,- изјави министерка за образование и наука Весна Јаневска. Од тетовската полиција велат дека годинава пријавни се 12 случаи на меѓуврсничко насилство, од кои 5 се расчистени, а на другите уверуваат дека се работи.. Парични казни се изречени на родителите, а за дле од случаите се води и кривична постапка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаПомали гужви и побрза исплата на шалтерите денеска во битолската експозитура на АЛТА банкаПомали гужви и побрза исплата на шалтерите денеска во битолската експозитура на АЛТА банка. Од денеска започна и исплатата на социјалната помош.Помали гужви и побрза исплата на шалтерите денеска во битолската експозитура на АЛТА банка. Од денеска започна и исплатата на социјалната помош, откако средствата од Министерството за социјална политика вчера биле префрлени на сметките во банката. Шесте шалтери работат во две смени, вклучително и утре. Од банката најавуваат дека од следната недела ќе започне шалтерска исплата и во другите градови каде што има најголем број клиенти. Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски најави средби со потенцијални купувачи на банката, заедно со гувернерот Славески и министерката за финансии Кочоска. Тој повторно уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат обештетени до последниот денар. Според него посериозен проблем е нарушената трговска соработка со Србија, бидејќи македонски компании веќе се соочуваале со проблеми со српските партнери чии сметки се блокирани во затворената банка во Србија. -Народната банка и Владата имаат свои инструменти и со помош на тие инструменти целосно ја контролираме состојбата, така што тука нема апсолутно простор за грижа. Целта е да се спаси, бидејќи навистина станува збор за здрава финансиска институција,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Од СДСМ повторно обвинија дека Владата на седница во септември минатата година донела заклучоци поврзани со понудата на АЛТА банка за преземање акции од 16 јавни институции, со што според нив, му овозможила на Давор Мацура да стекне поголем пакет акции. Мицкоски уште вчера ги отфрли обвинувањата, објаснувајќи дека државните претпријатија имале удел од околу два до три проценти, за кои Владата по локалните избори лани им препорачала да ги понудат акциите на новиот сосптвеник, доколку е заинтересиран. -Трајко Славевски вели имало консултации, Кочоска вели немало и не била информирана. Штом зинат, лажат. Сега народот пати и не може да дојде до своите пари. А овие во Владата лажат, си ја префрлаат одговорноста за да се спасат и пробуваат да го заташкаат скандалот,- Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ. -Откако ја добивме информацијата дека акционерите ги продале своите акции на новиот сопственик и дека тие акции се повеќе од 80,90% немаше повеќе смисла ние да остануваме сопственици во новото друштво со 2,3% и веднаш по завршувањето на локалните избори во 2025 донесовме на Влада одлука со која што им препорачавме на прептријатијата да ги понудат тие акции доколку е заинтересиран сопственикот да ги купи,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Во меѓувреме, тече рокот од 21 ден за тројцата привремени администратори, кои откако на 1 ноември го презедоа управувањето со банката, треба да ја утврдат нејзината состојба, а потоа да достават извештај до Народната банка. По ова, како што кажа Мицкоски вчера, има две опции – или да се најде нов сопственик или банката да оди во стечај, но и во двата слуѕачи уверува дека нема да има оштетени. Тагови: Алта банка Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00