Кушнер пристигна во Израел, каде што се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
1Кушнер пристигна во Израел, каде што се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
БалканДве лица загинаа на грчкиот остров Саламина, во близина на АтинаПожарите во регионот продолжуваат да земаат жртви. Две лица загинаа во пожарот што беснее на островот Саламина во близина на Атина, каде што речиси истовремено избувнаа два пожари, предизвикувајќи евакуација на стотици туристи и локални жители, објавија противпожарните служби. Мобилизирани се околу 150 пожарникари, а на терен дејствуваат и четири авиони и шест хеликоптери. Крајбрежната стража распореди пет брода. Островот Саламина е омилено одредиште на атињаните, особено за време на викендите. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
СветКушнер пристигна во Израел, каде што се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин НетанјахуЏаред Кушнер зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и пратеник за Блискиот Исток, пристигна во Израел, каде што се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху .Ова доаѓа откако Кушнер одржа разговори со Хамас за спроведувањето на мировниот план за Газа, поддржан од САД. Минатиот месец, одборот за мир на Трамп соопшти дека постигнал договор за „целосно разоружување“ на хамас и другите вооружени групи во Газа. Минатата недела, Израел го отфрли планот на Трамп од 15 точки, кој исто така повикува на повлекување на израелските трупи и обнова на Газа под нова цивилна палестинска администрација. Осум муслимански земји во неделата издадоа соопштение во кое го осудуваат отфрлањето на планот од страна на Израел. Многу Израелци се исто така скептични дека Хамас е подготвен да се разоружа.Тагови: Кушнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаАрмијата одбележува 34 години од формирањетоСо повеќе активности во Скопје и во Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на армијата. По повод 18 август – Денот на армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 пло-туни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со истрелување на еден пло-тун од 6 артилериски орудија.Триесет и четвртиот роденедне на армијата ќе бидео одбележан и во касарната „Јане Сандански“ во Штип со смотра на вториот пешадиски баталјон и други армиски единици. За роденден на армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИзвонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта на џез вечерите на „Охридско лето“Четирите џез вечери на фестивалот „Охридско лето“ изминаа во знакот на извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта.Честа да ја затвори џез програмата синоќа на Долни Сарај ја имаше бендот „Киото“ од Велика Британија кој го сочинуваат наградуваниот пијанист и автор на музика Рохан Хит и Лу Роудс. Нивната музика го отслика заедничките музички искуства и навлезе длабоко во значајни животни теми. Музиката без граници ја одбележа уште една незаборавна џез-вечер на „Охридско лето“. Завчера, Питер Сомуа и неговиот состав ѝ подарија на фестивалската публика енергично музичко доживување, во кое топлиот звук на трубата се сретна со џезот, африканските ритми и современите музички влијанија. Со својата интернационална музичка приказна, Питер Сомуа уште еднаш покажа дека џезот навистина е универзален јазик – способен да ги поврзе културите, континентите и луѓето. Истата вечер, Сомуа и неговиот бенд , по завршувањето на концертот, фестивалската сцена на Долни Сарај им ја отстапија на Нубаја Гарсија и нејзиниот состав - Лајл Бартон, Макс Лутерт и Сем Џонс. Тие ја поведоа фестивалската публика низ современ музички свет во кој џезот се преплетува со класичната музика, дабот, R&B и афро-карипските влијанија. Со својот препознатлив звук и енергија, Гарсија уште еднаш покажа зошто е една од највозбудливите фигури на современата британска џез-сцена. На 14 август, за љубителите на овој жанр музика, концерти одржаа Националниот џез оркестар кој ја претстави својата исклучителна концертна програма „Македонски сновиденија“ – енергична фузија од македонски фолклор и современ џез. Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот приреди магично музичко патување, инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Специјалниот гостин, трубачот Питер Сомуа од Гана, ѝ даде дополнителна енергија на вечерта, внесувајќи го својот препознатлив звук и африканските музички влијанија во оваа впечатлива музичка приказна. Dine Doneff и „Storytales“, заедно со Харис Ламбракис и Кирјакос Тапакис, ја поведоа публиката низ имагинарен свет од балади, приспивни песни, приказни и обредни мотиви инспирирани од македонското народно поетско наследство. Преку препознатливиот авторски јазик на Doneff, во кој се среќаваат балканската традиција, слободната импровизација, џезот и современата музика, „Storytales“ ја претвори личната приказна за идентитетот и меморијата во универзално музичко доживување Честа да ја отвори џез програмата на „Охридско лето“ ја имаше македонскиот гитарист и композитор Крсте Роџевски кој живее и работи во САД. Тоа беше вечер исполнета со авангарден звук, византиска традиција и современ џез.Во црквата „Света Софија“, Роџевски заедно со неговиот ансамбл Христијан Моневски, Дамјан Палоски, Андреа Мирческа и Оливер Јосифовски ја претставија концертната премиера на „Orthodoxia Kai Thanatos“ - проект во кој византиското пеење се сретна со експерименталниот и слободен џез, создавајќи уникатен музички јазик. Според директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, воведувањето на џез програмата претставува природно проширување на фестивалската понуда и одговор на интересот на публиката за различни музички жанрови, без притоа, како што вели, да се наруши основниот концепт и идентитет на фестивалот кој полни 66 години важи за една од најголемите и на реномираните музичко-сценски манифестации во регионот. Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter