Три автоматски менувачи кои треба да се избегнуваат - Канал 5

Три автоматски менувачи кои треба да се избегнуваат

Автоматските менувачи полека почнуваат да преовладуваат кај автомобилите, стануваат се попопуларни затоа што овозможуваат поголем фокус на патот и олеснето во големите гужви.

Три автоматски менувачи кои треба да се избегнуваат

Меѓутоа издржливоста на овие менувачи и понатака е клучно прашање, без разлика што се значително унапредени во однос на претходната деценија.

Заради комплицираниот систем тие се почувствителни и со самото тоа поскапи за одржување од стандардните мануелни менувачи.

Меѓутоа, како во секој сегмент од животот, постојат добри, препорачливи автоматски менувачи и оние полоши кои треба да се избегнуваат.

Моментално статусот на најлош автоматски менувач на пазарот го држи „DP0/AL4“ од Рено- Нисан групацијата. Француско- јапонската алијанса го користи овој менувач во поевтините модели како Дачија Логан и Сандеро.

Меѓутоа присутен е и во моделите на други фанцуски произведувачи како Пежо 308 и Цитроен Ц4.

На второ место од листата е првата серија од роботизираниот менувач на Фолксваген под ознака „DSG DQ200“.

Најдобар меѓу најлошите е менувачот „JATCO“ познат и како „JF011E“ кој е застапен во моделите Џук и Кашкаи од Нисан. За него е карактеристично дека по пројдени 50.000 километри се јавува зуење од конусните лагери.

Секако, и најлошиот менувач може да биде поиздржлив од оние прогласени за поквалитетни, а клучен фактор е редовното одржување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страст, љубов и трагичен расплет – „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет на 11 септември

На 11 септември 2026 година, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи - едно од најпознатите и највпечатливи дела на италијанскиот веризам.

Страст, љубов и трагичен расплет – „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет на 11 септември

Со својата силна музичка експресивност и драмска непосредност, „Кавалерија рустикана“ ја носи приказната за љубовта, љубомората, предавството и честа, претставени низ судбините на нејзините главни ликови. Маскањи создава музичка партитура исполнета со страст и драмски набој, во која оркестарот и вокалните интерпретации ја градат атмосферата и напнатоста што водат кон трагичниот расплет.

На сцената на Националната опера и балет, делото ќе биде изведено под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Џандоменико Вакари од Италија. Сценограф е Зоран Николовски, костимограф Елена Дончева, концерт-мајстор Јане Бакевски, а хор-мајстори се Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Во улогата на Сантуца ќе настапи нашата првенка, Весна Ѓиновска Илкова, Туриду ќе го толкува Зоран Сотиров, Алфио – Марјан Јованоски, Лола – Катерина Стојановска, а Мајка Лучија – Соња Пендовска Мадевска заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Премиерно изведена во 1890 година, „Кавалерија рустикана“ е дело со кое Маскањи се вбројува меѓу композиторите кои го одбележаа развојот на италијанскиот оперски веризам. Нејзината музика, препознатлива по силниот драмски интензитет и непосредното пренесување на човечките емоции, и денес ја задржува својата привлечност и редовно се изведува на оперските сцени ширум светот.

Национална опера и балет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

На 14 септември, професионалните возачи на камиони од Западен Балкан ќе ги блокираат сите гранични премини кон земјите од ЕУ, по потврдената потврда на Европската комисија дека правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена во шенген зоната нема да биде променето..

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната. Системот за земјите од Западен Балкан почна да се применува на 12 октомври 2025 година, а по завршувањето на преодниот период следеше целосна имплементација. Според информациите, возачите кои ќе го надминат дозволениот престој од 90 дена во рамките на 180 дена може да бидат вратени во земјата на живеење, додека товарните возила остануваат на местото каде што се наоѓале во моментот на проверката. Превозниците предупредуваат дека ваквите ограничувања создаваат сериозни проблеми за меѓународниот транспорт, бидејќи професионалните возачи, поради природата на работата, често мораат да престојуваат во земјите од ЕУ подолг период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Загина возач на патот Охрид – Кичево, удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Загина возач на магистралниот пат Охрид- Кичево.

Загина возач на патот Охрид – Кичево,  удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Несреќата се случила ноќеса кога возачот најпрвило удрил во кучиња скитници изгубил контрола на возилото и удрил во металните оградни браници покрај патот и возилото се запалило.

Во возилото било пронајдено телото на починатиот возач. На местото интервенирала екипа на територијалната противпожарна единица Охрид, која го локализирала и изгаснала пожарот. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на судска медицина за обдукција, како и за утврдување на идентитетот на починатото лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер