3Митева со детален извештај за 35 години независност на Македонија: Програма што обедини генерации, градови и уметници
Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
2Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
ЖивотТргнал на патување околу светот пред речиси три децении - Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажуваБританецот Карл Бушби, кој во 1998 година тргна на пат околу светот пеш, конечно се врати на британско тло откако го преплива Ламанш, пишува британскиот весник „Индипендент“. 57 годишниот Карл се врати на британско тло по 28-годишно патување низ светот, за време на кое поминал 50.000 километри низ 29 земји, но сепак му преостануваат уште околу 400 километри до крајната дестинација. Поранешниот падобранец од Хал своето извонредно патување го започна во Чиле пред 28 години, а во понеделникот, на 5 октомври, пристигна на плажата Шекспир, јужно од Довер. За време на патувањето, тој помина вкупно 50.000 километри низ 29 земји, придржувајќи се до правилата што сам си ги поставил – да не користи никакви превозни средства и да не се враќа дома сè додека не го заврши својот потфат. Бушби го мина опасниот регион Дариен меѓу Колумбија и Панама за време на конфликтот меѓу колумбиските власти и марксистичките герилци. Тој исто така го оствари првото забележано пешачко преминување на Беринговиот Проток од исток кон запад и стана првиот човек што препливал 184 милји, односно околу 296 километри, низ Каспиското Море. Тоа пристигна во Европа минатата година, а минатиот месец стигна до каналот Ламанш. По 20 часа поминати во вода и три дена на море, за време на кои се бореше со силни ветрови, тој конечно стигна до британскиот брег. Таму го пречекаа неговиот татко, браќата и неколку пријатели. „Чувството е одлично повторно да се биде на британско тло по сите овие години“, изјави Бушби за ITV News. „Не беше лесно, а токму тоа е и поентата – да докажам дека сум поспособен отколку што мислев. Сите можеме да постигнеме многу повеќе отколку што воопшто можеме да замислиме“, додаде тој. Сепак, неговото патување сè уште не е завршено. Крајната дестинација е куќата на неговата мајка во Хал, до која треба да стигне во текот на следниот месец. Кога пред 28 години замина од домот на мајка си, очекуваше дека ќе се врати за само 12 години. Сега е на чекор до целта. „Заминав оттаму пред 28 години и наскоро ќе го завршам патувањето таму. Остануваат уште околу 400 километри, така што морам да побрзам“, изјави Бушби за „Тајмс“. Неговото враќање во Хал ќе го означи крајот на еден од најизвонредните долгорочни патнички потфати, кој траеше речиси три децении.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАпелација ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања ЃорчевскаАпелацискиот суд ги потврди доживотните казни затвор За Љупчо Палевски Палчо, Велобор Манев, Боре Видевски и на Влатко Кешишев, но ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.Според судиите од Апелација Основниот кривичниот суд скопје не ги ценел доволно доказите на јавното обвинителство против Ѓорчевски „Нашата препорака е да се изврши преоценка на доказите, со конкретни укажувања, особено на исказите на обвинетите дадени во јавното обвинителство, исказот на мајката на Вања Ѓорчевска и пораките во вибер-комуникацијата“, соопштија на брифинг вчера судиите од Апелација. Претходно, од кривичниот суд информираа дека по добивањето на пресудата веднаш ќе закажат ново судење за Александар Ѓорчевски. Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа убиени во ноември 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
ФудбалАнглиски медиуми: Ковачиќ заминува од Манчестер Сити Според фудбалскиот портал „Football Insider“, кој се повикува на сопствени извори следното лето по истекот на договорот, хрватскиот репрезенативец Матео Ковачиќ да го напушти Манчестер Сити.Извештаите укажуваат на тоа дека во моментов не се водат преговори за продолжување на договорот на 32-годишниот хрватски фудбалер од средниот ред. Ковачиќ остана во Сити во текот на летото иако му преостануваше помалку од една година од договорот и се поврзуваше со неколку други клубови. Тој сакаше да се докаже пред Енцо Мареска по разговорите со претставниците на клубот, но моментално се соочува со тешкотии да обезбеди редовна минутажа. „Football Insider“ пренесува дека, доколку не дојде до промена на ситуацијата, Ковачиќ ќе го напушти „Етихад“ кога ќе му истече договорот следниот јуни. На неговата иднина влијае и неизвесната ситуација во Манчестер Сити. Клубот поднесе жалба на одлуката со која беше прогласен за виновен за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата, а засега не се знае кога ќе биде донесена одлука по таа жалба. Исто така, не е јасно со какви казни би можел да се соочи клубот. Ковачиќ му се приклучи на Манчестер Сити од Челзи во 2023 година и оттогаш има одиграно 102 натпревари за клубот. Минатата сезона настапи само девет пати откако претрпе сериозна повреда на Ахиловата тетива. „Football Insider“ пренесува дека се очекува неколку големи клубови да покажат интерес за Ковачиќ пред следното лето, кога тој би можел да стане слободен играч. Во моментов, склучувањето нов договор со Сити не се смета за веројатно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаКузеска: За повисока плата гласаа само пратениците на СДСМ и коалицијата Левица не гласаше за минимална плата, сателит не штити работници.Во Собранието се гласаше за минимална плата од 600 евра на предлог на СДСМ. Пратениците на руската партија Левица не беа во салата. Не дадоа ниту еден глас. Токму на Светскиот ден на пристојна работа. Заедно со ВМРО-ОКГ, ЗНАМ и ВЛЕН, кои исто така не гласаа ЗА. Во салата ги немаше ни пратениците на ДУИ. За повисока плата гласаа само пратениците на СДСМ и коалицијата. Тоа не е некаква процедура. Тоа е доказ. Што стои во Програмата на Левица? Еве, во програмата на Левица велат дека стојат на страната на обесправените. Дека работничките права се безвредни и дека тие ќе ги бранат. Дека се единствената автентична партија за која унапредувањето на трудот е апсолутен приоритет. Пред избори ветуваа минимална плата на ниво од две третини од синдикалната потрошувачка кошница. Медијална плата. Исплата од први до седми. Дупла дневница за викенд и празник. Укинување на привилегијата за плати над 10.000 евра. Кога дојде закон за 600 евра минимална плата, Левица не гласаше. Работникот не ги плаќа сметките со пароли и со лажни програми. Не ја полни корпата со соопштение. Ако партија што се колне во работничката не гласа за минимална плата, таа не е лева партија. Таа е партија на далечинско. Оправдувања нема. Нека им кажат на своите гласачи. Нека ѝ кажат на јавноста зошто застанаа токму на оваа тема. Зошто, на денот кога се мери пристојна работа, минималецот не вредеше ниту за нивно присуство, ниту за нивни глас. Одговорот е на масата на која седнаа. Платформа, ЗНАМ 2.0. Луѓе што од внатре работат да ја урнат единствената опозиција, СДСМ. ЗНАМ го знаеме од денот кога ја предадоа партијата, па гласачите. Платформата ја знаеме од денот кога се виде тендер од 1,6 милиони евра од ВМРО-ОКГ. Помалку од Гета. Повеќе од образ. Левица е анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка. Руска партија, во земја каде Америка е стратешки партнер и каде околу 80 проценти од граѓаните го поддржуваат и НАТО и Европската Унија. Партија за ништо. Како таква партија да биде дел од влада што тврди дека оди кон Европа? Не може. Освен ако не ѝ треба на арамијата. За алиби. За да ги ситни опозициските гласови. За да му даде “ракавица в лице” кога ќе му снема пари за тендери, а да му даде алиби за избори. Второто прашање е потешко. Зошто партија што нема врска со СДСМ бара смена на раководството на СДСМ? И тоа заедно со претходни функционери што го донесоа катастрофалниот резултат во 2024, кога СДСМ ја загуби власта. Уште потешко. Луѓе од СДСМ што до вчера беа за НАТО, за Америка и за ЕУ седнаа на маса со луѓе што се против сè тоа. Со партија што НАТО го нарекува убиец. Како се спојува неспоиво? Само ако е нарачано. Само ако веќе работат за Мицкоски и за организираната криминална група ВМРО-ОКГ. Левица не е опозиција. Платформата не е реформа. И двете се алатки. Едната руско далечинско. Другата тендерско. Шефот е ист. На граѓаните денес им е јасно. Целта е спас на криминалната група на власт. Ненародна партија што себеси се смета за елита, а народот за талог, глодари, медиокритети. Истата што ги осиромаши и ги задолжи поколенијата, ја забрани слободата на говор, медиумите ги воведе во мрак, а Македонија ја изолира. СДСМ гласаше за плата за работниците. Ќе гласаме и повторно. Власта ќе се врати во рацете на народот. Сателитите ќе останат без сигнал. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00