Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија
2Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија
3Блокадите на училиштата се шират низ Франција, учениците палеа канти и фрлаа предмети кон полицијата
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
2Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
БалканТрета дојава за бомба во авион на релација Белград – Москва, Вучиќ смета дека е хајка на државаНа летот Белград-Москва на српската авиокомпанија Ер Србија, третпат во последните пет дена е примена дојава за бомба, објавија белградските медиуми.Се наведува дека „свиркачите прават голема штета“ и „водат специјална војна“ против националната компанија. Првата пријава била примена по електронска пошта во петокот минатата недела, а втората вчера, и двете се покажале лажни по безбедносната проверка, а белградскиот портал „Вечерње новости“ тврди дека денешната пријава пристигнала по електронска пошта од Украина. Веста дека авион на „Ер Србија“ на летот за Москва слетал минатиот петок затоа што наводно била поставена бомба во авионот, ја поттикна Украина да ја обвини Србија за профитерство поради зголемениот број летови кон Русија за време на санкциите на Западот против земјата. Првиот заменик-министер за надворешни работи на Украина, Емине Џепар, изјавила дека „Ер Србија“ го удвоила бројот на летови до Москва во време кога другите европски авиопревозници воведоа санкции кон Москва, а небото на Европската унија беше затворено за руски компании и приватни авиони. „Србија е единствената во Европа со отворено небо за Русија. Заработувањето пари на украинска крв е недостојно за земја кандидат за ЕУ“, напиша Џепар на Твитер. На социјалната мрежа реагираше и естонскиот европратеник Урмас Пает, кој сугерираше дека на српската национална авиокомпанија треба да и` се забрани летање во воздушниот простор на Унијата бидејќи „Србија и Ер Србија ги игнорираат санкциите на Европската унија против Русија“. „Ер Србија е прозорец кон Европа за Русија“, напиша Пает. Србија моментално има 15 лета неделно до руската престолнина, три во петок и недела, а до 3 март имало по еден лет дневно за Москва. Српскиот претседател Александар Вучиќ во саботата изјави дека Србија е подготвена да го врати бројот на летови за Москва на нивото пред воведените санкции кон Русија, односно на еден дневно, откако ќе се искористат однапред купените билети. Вучиќ оцени дека „има хајка против Србија“, па праша: „Зошто тоа не им го прават на заливските земји од кои бараат нафта, а имаат 15 пати повеќе летови од нас?За Москва непречено летаат и авионите на Туркиш ервејс. Нема да ги допрат оние кои се во НАТО, а кои се делумно во Европа и Азија и кои имаат 30 пати повеќе летови од нас“, рече Вучиќ во интервју за ТВ Пинк. Денешниот извештај за бомбата во авионот на „Ер Србија“ пристигна пред полетувањето на летот ЈУ 652, кој беше закажан за 14:30 часот. На официјалниот портал на аеродромот „Никола Тесла“е објавено дека летот е одложен, леталото е подложено на антидиверзантски проверки според безбедносните процедури, а не се соопштува очекуваното време на полетување. На почетокот на март Србија гласаше за резолуција на Генералното собрание на ОН со која се осудува руската инвазија на Украина, но официјален Белград нагласи дека нема да воведе санкции кон Москва за да ги зачува националните и економските интереси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
АвтомобилизамДачија има Трибрид мотори: Дали знаете што значи тоа?Дачија претстави погонски систем наречен Трибрид – а името не е случајно избрано.Поимот Трибрид се однесува на комбинација што интегрира бензински мотор, можност за користење ТНГ (LPG) и хибридна технологија – всушност, три начини на искористување на енергијата во едно возило. Засега, новиот систем е достапен кај моделите Duster и Bigster, конкретно во верзиите со погон на сите тркала. Системот испорачува вкупна моќност од 150 КС, користејќи 48-волтен „благ“ хибриден систем за електрификација. Погонот се заснова на 1,2-литарски трицилиндричен бензински мотор, додека електромоторот – сместен на задната оска – генерира до 31 КС. Оваа конфигурација му овозможува на електромоторот истовремено да ги подобри вкупните перформанси и да обезбеди погон на сите тркала, пренесува RevijaHAK. Со моќноста управува шестстепен автоматски менувач, а возилото достигнува максимална брзина од 180 км/ч. На тој начин, Дачија комбинира неколку технологии што ретко се гледаат заедно: ТНГ, помош од „благ“ хибриден систем и електричен погон на задната оска. Цената е особено интересна. Почетниот модел „Dacia Bigster Tribrid 150 4x4“ чини 29.200 евра, што го прави релативно достапна опција за купувачите на кои им се важни погонот на сите тркала и можноста за користење ТНГ. Засега, Трибрид е достапен кај ограничен број модели, но концептот покажува како Дачија се обидува да комбинира различни технологии без да навлезе во ценовниот опсег на целосно електрифицираните и поскапи SUV модели. Извор: Б92Тагови: Дачија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„САД и Иран сакаат да се вратат на преговарачката маса“„Чувствувам желба за враќање на преговарачката маса, а МААЕ ќе биде подготвена да го поддржи тоа, исто како што го правела и во минатото“, изјави Гроси.Рафаел Гроси, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), денеска изјави дека чувствува желба кај Соединетите Американски Држави (САД) и Иран да се вратат на преговарачката маса, додавајќи дека е подготвен да помогне во тој процес. Во интервју за „РИА Новости“, тој оцени дека продолжувањето на преговорите е од суштинско значење и треба да се случи што е можно поскоро. „Чувствувам желба за враќање на преговарачката маса, а МААЕ ќе биде подготвена да го поддржи тоа, исто како што го правела и во минатото“, изјави Гроси. САД и Иран моментално одржуваат индиректен контакт преку катарско посредување. Како што претходно објави „Ројтерс“, посредниците одржуваат одвоени консултации со американската и иранската страна, додека иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи и претставниците на Катар остануваат во САД. Една од главните теми на консултациите беше изменета верзија на седумдневниот план за отворање на Ормускиот Теснец, предложен од Техеран. Иранската нуклеарна програма, исто така, останува клучно прашање во однос на потенцијалното продолжување на дијалогот.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВладата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаваријаВладата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија“.Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија“, во која се сместени осум државни институции, како и за досега преземените и планираните активности за санација и целосно нормализирање на условите за работа. Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, Владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата. Оваа мерка се презема исклучиво од превентивни и безбедносни причини, при што приоритет останува заштитата на здравјето и безбедноста на вработените, паралелно со непречено продолжување на работните процеси и функционирањето на институциите. Надлежните служби интензивно работат на санација на последиците и на создавање услови за безбедно и целосно враќање на вработените во објектот, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook