3Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел
ТенисТрет мандат за Хогерти на чело на светскиот тенисАмериканецот Дејвид Хогерти по трет пат е избран за претседател на Меѓународната тениска федерација (ИТФ), освојувајќи 72,94 отсто од гласовите на изборното собрание во мексиканскиот град Канкун.Хогерти стапи на должноста во 2015 година кога го наследи најдолговечниот претседател на ИТФ, Франческо Рики – Бити. Претходникот на Хогерти беше на чело на светскиот тенис од 1999 до 2015 година. Откако во 2027 година ќе му истече мандатот Хогерти нема да може повторно да се кандидира, бидејќи бројот на мандати е ограничен на три. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПод мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
МакедонијаМицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички брендВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од партија. ВМРО е име што се памети. Име што носи тежина. Име што буди чувство. ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од партија. ВМРО е име што се памети. Име што носи тежина. Име што буди чувство. Име натопено со солзите на генерации борци, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Струмица по повод 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележи на градскиот стадион под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“. Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд, создаден од историја, борба, болка и жртва, но и од верба и љубов кон татковината, Македонија. „Со денешен речник кажано, ВМРО е најголемиот македонски политички бренд. ВМРО создаден од историја. Од борба. Од болка, од жртва. Од верба и од љубов кон татковината. ВМРО е идеја што трае. Идеја што поминала низ востанија, прогони, победи, порази, надежи и разочарувања. И сепак останала жива. За да ги предводи следните национални победи. Затоа што нејзината суштина е едноставна и силна. Македонија да биде своја, да биде горда. Македонија да биде почитувана. Во таа идеја има корен, но има и иднина. Има традиција, но има и широчина. Има патриотизам, но има и програма“, рече Мицкоски. Затоа, додаде Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ денес има сила да биде најдобриот одговор за предизвиците пред Македонија: за економија што расте, за институции што служат, за млади што остануваат дома, за држава што создава и за народ што верува. „Тоа е нашата обврска. Да ја чуваме идејата, да ја шириме. Да ја претвораме во дела. Затоа што ВМРО не е само дел од македонската историја. ВМРО е причината затоа што Македонија забрзува и Македонија има иднина“, порача претседателот Мицкоски во обраќањето, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?Колку ги чинеше граѓаните на Македонија прославата на Мицкоски и ВМРО во Струмица?300.000 евра? 500.000 евра? Или многу повеќе? Превоз со автобуси, списоци од вработени по јавна администрација од цела Македонија, дневници? Колку ги чинеше тоа граѓаните? Како да го донеле Дејвид Гета? Додека народот се мачи да врзе крај со крај, додека цените незапирливо растат а сиромаштијата се зголемува, додека економијата тоне ВМРО со народни пари и партиската војска во јавна администрација ја слави безидејноста на своето владеење и изолацијата од ЕУ. Нема пари за повисоки плати, нема пари за субвенции за земјоделците, нема пари за 600 евра минимална плата, нема пари за поддршка на младите, нема пари за мерки, нема пари за лекови, пари има само за криминални тендери и луксуз за одлепената од реалност владејачка ВМРО. Колку платија граѓаните за Мицкоски да ги слави неуспесите и извештајот на Европскиот парламент за изолацијата на Македонија?, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во БриселМинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска (18 јуни) во седиштето на Алијансата во Брисел, ќе учествува на серија состаноци на Северноатлантскиот совет.Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска (18 јуни) во седиштето на Алијансата во Брисел, ќе учествува на серија состаноци на Северноатлантскиот совет, каде ќе стане збор за процесот на зацврстување на колективната одбрана преку континуирано инвестирање во одбраната, развојот на вооружените сили и одбранбената индустрија, распределбата на одговорности во командните структури на НАТО, како и за претстојниот Самит на НАТО во Анкара. Министерот Мисајловски освен на главната сесија на Северноатлантскиот совет, ќе учествува и на состанокот на Групата за нуклеарно планирање, како и Контакт-групата за Украина, соопштуваат од МО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter