Трамп жестоко го понижи Макрон: Тој е добро момче, ама тоа што го зборува за Палестина... - Канал 5

Трамп жестоко го понижи Макрон: Тој е добро момче, ама тоа што го зборува за Палестина...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли како неважна одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да ја признае државата Палестина во септември, објави Ројтерс.

Трамп жестоко го понижи Макрон: Тој е добро момче, ама тоа што го зборува за Палестина...

„Она што го кажува е неважно. Тој е добро момче, ми се допаѓа, но неговата изјава нема тежина“, рече Трамп.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера објави дека неговата земја ќе ја признае државата Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во септември.

Неговата одлука да ја признае државата Палестина предизвика мешани реакции во Франција и низ целиот свет.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро ја осуди одлуката на Макрон, велејќи дека таа „поттикнува терор“.

„Најостро ја осудуваме одлуката на претседателот Макрон да признае палестинска држава веднаш до Тел Авив, по масакрот од 7 октомври. Таквата одлука го наградува теророт и ризикува да создаде уште еден ирански посредник, исто како што беше случајот во Газа“, рече Нетанјаху.

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ја поздрави денешната одлука како „победа за палестинската кауза“. „Ова го одразува посветеноста на Франција на поддршката на палестинскиот народ и нивните легитимни права на нивната земја и татковина“, рече Абас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдено е: Си на средба со Трамп

 Кина потврди дека претседателот Си Џинпинг ќе оствари државна посета на Соединетите Држави, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. 

Потврдено е: Си на средба со Трамп

Кинескиот лидер ќе престојува во САД од 23 до 25 септември, на покана на американскиот претседател Доналд Трамп.

Првиот човек на САД, Трамп го покани Си во Белата куќа на 24 септември, за време на неговата посета на Пекинг во средината на мај.

Оваа посета ќе биде прва посета на Си Џинпинг на САД од 2023 година, кога тој отпатува во Калифорнија за состанокот на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка (APEC) и се сретна со тогашниот американски претседател Џо Бајден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отворен повик за 2027: Македонија2025 продолжува со Програмата за извршно образование Зафировски

Нова можност за македонските бизнис-лидери за усовршување на Келог школата за менаџмент.

Отворен повик за 2027: Македонија2025 продолжува со Програмата за извршно образование Зафировски

Македонија2025 го отвори повикот за стипендии во рамки на Програмата за извршно образование - Зафировски за 2027 година, наменет за искусни македонски менаџери, претприемачи и бизнис-лидери кои сакаат да ги унапредат своите лидерски и раководни способности преку образование на една од најпознатите светски школи за менаџмент.

Избраните кандидати ќе имаат можност да учествуваат на Програмата за развој на извршни раководители (Executive development program) на Келог школата за менаџмент при Нортвестерн универзитетот во САД.

Од започнувањето на Програмата за извршно образование Зафировски во 2017 година, досега 51 македонски професионалец успешно ја има завршено програмата и се приклучи на заедницата на Зафировски стипендисти. Во периодот од 11 до 30 октомври 2026 година, на Келог ќе замине и нова група од седум истакнати македонски професионалци, со што програмата продолжува да ја проширува мрежата на лидери и да вложува во развојот на македонската деловна заедница.

Програмата се реализира со поддршка на Фондацијата Робин и Мајк Зафировски, во партнерство со Келог школата за менаџмент. Нејзината долгорочна цел е да придонесе кон создавање силна заедница на македонски лидери кои стекнатото меѓународно знаење, искуство и контакти ќе ги преточат во развој на своите компании, индустрии и македонската економија. Мајк Зафировски, еден од основачите на Македонија2025 и покровител на програмата, од нејзиното основање активно придонесува кон остварување на визијата за развој на 100 македонски бизнис-лидери преку врвно меѓународно образование.

Интензивна програма за искусни лидери

Програмата на Келог е интензивна тринеделна програма наменета за искусни менаџери и раководители кои се подготвуваат за пошироки лидерски и стратешки одговорности. Наставата опфаќа клучни области од современото деловно работење, меѓу кои стратегија, финансии, маркетинг, операции, управување со луѓе, иновации, дигитална трансформација, податоци и вештачка интелигенција, преговарање, комуникација и водење организации низ промени и сложени деловни предизвици.

Особена вредност на програмата е можноста учесниците да учат и да разменуваат искуства со раководители и претприемачи од различни земји и индустрии, како и да изградат меѓународна професионална мрежа која продолжува и по завршувањето на програмата.

За 2027 година се предвидени две сесии: 2 – 21 мај 2027 година и од 10 – 29 октомври 2027 година. Двете сесии ќе се одржат со физичко присуство во кампусите на Келог во Еванстон и Чикаго, САД.

Кој може да аплицира?

Повикот е наменет за искусни македонски менаџери, раководители на повисоки позиции, претприемачи и сопственици на компании кои имаат значајно професионално искуство, потенцијал за понатамошен лидерски развој и амбиција да создадат пошироко влијание во своите организации и во македонската економија.

Кандидатите треба да имаат најмалку 10 години релевантно професионално искуство, добро познавање на англискиот јазик, поддршка од компанијата во која работат и можност целосно да се посветат на програмата.

Покрај учеството на програмата на Келог, избраните стипендисти ќе работат и на индивидуални и групни проекти поврзани со конкретни деловни или општествени предизвици во Македонија, со цел стекнатото знаење да добие практична примена и поширока вредност.

Следната генерација македонски лидери

Со отворањето на повикот за 2027 година, Македонија2025 продолжува да вложува во луѓе кои имаат амбиција, искуство и потенцијал да направат значаен исчекор во својата професионална кариера и да придонесат кон развојот на Македонија.

Повикот е можност за оние професионалци кои се подготвени да излезат од рамките на секојдневното управување, да ги преиспитаат своите досегашни пристапи, да стекнат нови знаења и перспективи и да станат дел од силна заедница на македонски лидери со меѓународно искуство.

Рокот за поднесување апликации е 20 октомври 2026 година.

Сите информации за условите, критериумите и начинот на пријавување се достапни на: https://macedonia2025.com/en/news/zafirovski-executive-education-program-open-call-scholarships

За повеќе информации: Нена Манчев, [email protected]

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хутите предупредуваат земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен

Висок функционер на бунтовниците Хути , поддржани од Иран, ги предупредува земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен.

Хутите предупредуваат земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен

Висок функционер на бунтовниците Хути , поддржани од Иран, ги предупредува земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен, посочувајќи дека неговата група ја уверила администрацијата на трамп дека нема да нападне американски бродови во црвеното море,информираше Асошиејтед прес.

Мохамед Ал-Бухаити, член на политичкото биро на Хутите, рече дека Вашингтон им се обратил на бунтовниците по нивното брзо напредување по западниот брег на Јемен до теснецот Баб Ел-Мандеб претходно овој месец.

Трамп минатиот викенд изјави дека неговата администрација „имала разговори“ : „Хутите нè повикаа и не сакаат да се борат со нас“, рече тој.

„Тие би претпочитале да не бидеме вклучени, а ги пуштаат повеќето бродови да поминат“.

Асошиејтед прес објави дека оман бил домаќин на состанок меѓу претставници на САД и Хутите минатиот викенд, повикувајќи се на официјален претставник на Хутите . Со тоа завршија еднонеделните американски бомбардирања против бунтовниците, во замена за прекин на нападите врз американските бродови во Црвеното море.

„Целта на нашите воени операции не е да се затвори теснецот Баб Ел-Мандеб, туку да се обезбеди слобода на пловидба низ него за сите, вклучително и за јемен“, рече претставникот на Хутите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер