Трамп: Зеленски в петок доаѓа во Белата куќа на потпишување на договорот за минерали - Канал 5

Трамп: Зеленски в петок доаѓа во Белата куќа на потпишување на договорот за минерали

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски в петок може да ги посети САД за да го потпише важниот договор за минералите .

Трамп: Зеленски в петок доаѓа во Белата куќа на потпишување на договорот за минерали

-Слушам дека тој (Зеленски) доаѓа в петок. Секако, мене ми е во ред доколку тој тоа го сака. И тој би сакал тоа да го потпише заедно со мене. И разбирам дека е тоа голема работа, многу голема работа, рече Трамп пред новинарите во Овалната соба , пишува Гардијан.

Според информациите од медиумите, Киев и Вашингтон во текот на вчерашниот ден постигнале договор откако САД се откажале од барањето да го добијат целиот приход од екстракцијата на ретките минерали во Украина, чија вредност се проценува на 500 милијарди долари.

Украинската вицепремиерка Олга Стефанишина вчера за Укринформ изјави дека преговорите меѓу украинскиот и американскиот тим се во завршна фаза и дека се договорени речиси сите клучни детали од договорот за минерали.

Зеленски нагласи дека договорот мора да содржи јасни безбедносни гаранции на САД и посочи дека Украина сака да биде рамноправен партнер, а не должник.

Детали од Договорот за минерали САД - Украина

Индекс.хр

Киев се согласи со условите на договорот за минерали за ретки земји со САД и украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да го потпише веќе задутре во Вашингтон, додека Европејците ќе се состанат денеска во Брисел за да се обидат да влијаат на решавање на конфликтот во Украина. Нови детали од договорот се објавени во текот на ноќта.

Што вели договорот?

Извор запознаен со содржината на нацрт-договорот вели дека тој не вклучува никакви американски безбедносни гаранции или продолжување на испораките на оружје, но наведува дека САД сакаат Украина да биде „слободна, суверена и безбедна“, објави Ројтерс.

Друг извор изјави за Ројтерс дека идните испораки на оружје сè уште се разговараат меѓу Вашингтон и Киев.

Украинскиот онлајн портал „Украинска правда“ објави дека е постигнат договор за американски пристап до суровини во земјата погодена од конфликтот во замена за поддршка од Вашингтон, додавајќи дека го виделе нацрт-договорот, пренесува ДПА.

Висок украински функционер синоќа за АФП изјави дека Американците ги отстраниле сите клаузули кои не им одговараат на Украинците, особено онаа за 500 милијарди долари што минералите требаше да ги донесат во САД.

Приходите ќе одат во заеднички фонд

Истиот извор изјави за АФП дека Вашингтон ќе развие рудно богатство со Украина, а приходите од тоа ќе одат во нов фонд со кој заеднички ќе управуваат Украина и САД.

„Слушнав дека доаѓа во петок. Тоа е сосема во ред со мене. Тој би сакал да го потпише со мене и го разбирам тоа - тоа е голема работа, многу голема работа“, им рече Доналд Трамп на новинарите во Белата куќа во вторникот.

Белата куќа предложи посета на Зеленски

Изворот, кој сакаше да остане анонимен, изјави за Ројтерс дека Белата куќа предложила посета на Зеленски. Официјални лица од двете страни се согласија со нацрт-договорот за минерални суровини и советуваа тој да биде потпишан, рече изворот.

Состанокот во Белата куќа може да му даде можност на Зеленски директно да му го претстави на Трамп случајот за континуирана американска поддршка за Украина, откако американскиот претседател минатата недела го обвини Киев за започнување на војната.

Американскиот претседател побара од Украина да дозволи пристап до минералните суровини како компензација за помошта од милијарди долари доделена на Украина од администрацијата на неговиот претходник Џо Бајден.

Клучни минерали

Украина има наоѓалишта на 22 од 34 минерали идентификувани од Европската унија како критични суровини, според украинските податоци. Тие вклучуваат индустриски и градежни материјали, феролегури, благородни и обоени метали и некои метали од ретки земји.

Украинските резерви на графит, клучна компонента во батериите за електрични возила и нуклеарни реактори, претставуваат 20 отсто од светските ресурси.

Во пресрет на евентуалното потпишување на договорот во петок во Вашингтон, лидерите на 27-те членки на Европската унија во среда ќе се сретнат на вонредна видео-конференција на тема Украина.

Што сакаат Русите?

Русија, која окупираше околу 20 отсто од територијата на Украина, инсистира дека ќе ги прекине непријателствата само кога мировните преговори ќе дадат резултат што ја „задоволува“. Таа бара Украинците да се откажат од можното членство во НАТО и да отстапат пет региони кои целосно или делумно ги окупирала.

„Балансиран став“

Од телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин на 12 февруари, Европејците се обидуваат да подготват одговор на разговорите од кои досега беа исклучени. Францускиот претседател Емануел Макрон во Белата куќа инсистираше на „безбедносни гаранции“ за да се спречи Русија повторно да нападне во иднина.

Паралелно со средбата во Вашингтон, пукнатините меѓу Европејците и Американците се материјализираа на спектакуларен начин во Обединетите нации, каде што САД, заедно со Русите и Севернокорејците, гласаа против резолуцијата со која се потврдува поддршката за Украина и нејзиниот територијален интегритет.

Тоа беше можност Кремљ во вторникот, преку портпаролот Дмитриј Песков, да ја поздрави „балансираната позиција“ на САД и да каже дека не гледа „знак на рамнотежа“ меѓу Европејците.

Трамп: Крај на војната можен за неколку недели

Макрон се обиде да влијае на позицијата на Доналд Трамп во понеделникот, а британскиот премиер Кир Стармер ќе се обиде да го стори истото во четврток.

„Цениме што нашите партнери се подготвени не само да продолжат, туку и да ја зголемат поддршката за нашата земја и нашиот народ“, рече Зеленски во вторникот вечерта, по телефонскиот разговор со Макрон.

Со доаѓањето на власт на 20 јануари, републиканскиот милијардер ја промени американската политика кон Украина. Војната во Украина може да заврши „за неколку недели“, увери Трамп во понеделникот.

Наскоро нова американско-руска средба

Нова средба меѓу руски и американски дипломати е планирана за крајот на неделата, според Москва. Првите средби меѓу министрите за надворешни работи Сергеј Лавров и Марк Рубио се одржаа во Саудиска Арабија на 18 февруари.

Обединетото Кралство и Франција работат на план за распоредување европски сили во Украина по постигнувањето мировен договор за да се одврати Русија од дополнителни напади.

И Трамп рече дека верува оти е потребна некаква форма на мировни сили во Украина доколку се постигне договор за ставање крај на конфликтот. Американскиот претседател во понеделникот рече дека Москва ќе прифати такви мировни сили, но Кремљ следниот ден го негираше тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм во Хапоел – Мициќ и Итудис не разговараат?

 Српскиот плеј Василије Мициќ не настапи во победата на Хапоел против Ефес поради повреда на зглобот, но се чини дека во самиот тим постојат подлабоки проблеми.

Аларм во Хапоел – Мициќ и Итудис не разговараат?

Според „Спорт 5“, шефот на стручниот штаб на Хапоел ТА, Гркот Димитрис Итудис и репрезенативецит на Србија, Василије Мициќ не се во добри односи.

До неодамна беа многу блиски, но ситуацијата се промени, па наводно речиси и да не разговараат повеќе. Наводно, комуникацијата е сведена на апсолутен минимум.

„Тоа не е нешто што може да помине незабележано. Тензијата јасно се чувствува. Нешто се случи меѓу Васа и Итудис и нивниот однос веќе не е онаков каков што беше“, велат извори од Хапоел. Според сведочењата, Мициќ потврдил дека односите со Итудис западнале во сериозна криза и станале многу лоши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Условите во студентскиот дом „Стив Наумов“ се најсовремени, СДСМ ја манипулира јавноста

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата на СДСМ за лошите услови во студентскиот дом „Стив Наумов“.

Јаневска: Условите во студентскиот дом „Стив Наумов“ се најсовремени, СДСМ ја манипулира јавноста

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата на СДСМ за лошите услови во студентскиот дом „Стив Наумов“, посочувајќи дека студентите престојуваат во современ и реновиран објект, а евентуалните технички недостатоци ќе бидат отстранети навремено од изведувачот, со оглед дека објектот е под гарантен рок.

Јаневска денеска изврши непосреден увид во домот, откако претходно беа поканети медиумите, но и претставнци на политичката партија СДСМ, кои не се одзваа на поканата. При посетата на домот, министерката порача дека тврдењата за рушење ѕидови, протекување покриви и други сериозни недостатоци не одговараат на реалната состојба.

„Денес видов дека СДСМ држеше прес. Партијата синоним за лицемерство, рече дека е со студентите. Еве како СДСМ во негово време беше со студентите. Живееја во ужасни услови во домовите. Сега е сосема поинаку, оваа Влада навистина се грижи за младите. Имавте можност да влезете во домот и да видите“, изјави Јаневска.

Министерката нагласи дека студентскиот дом „Стив Наумов“ е реконструиран од австриска компанија во соработка со Европската Унија и дека европските претставници при посетите го оценија како еден од најмодерните на Балканот.

„Не само ние туку и европретставниците потврдија дека ова е еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот, а во споредба и со некои други земји пошироко“, истакна министерката.

Во однос на забелешките за одредени технички недостатоци, Јаневска рече дека кај новоизградени објекти може да се појават поединечни проблеми, но нагласи дека домот е под гаранција и дека изведувачката компанија ќе мора да ги отстрани сите утврдени дефекти.

„Дали може да се случи некаков инцидент? Да, може да се случи, домот е нов и стан кога купуваат граѓаните, може да се случи нешто да не е баш како што треба. Домот е под гаранција, фирмата е позната, сè што треба да поправи ќе се поправи и ние ќе се држиме до тоа. Но, дека се рушат ѕидовите, дека течат покириви или дека се случува нешто друго, не е точно. Вие сами видовте“, изјави таа.

Министерката апелираше до семејствата на студентите да не подлегнуваат на обидите на политичките партии и други злонамерници да ги вознемируваат со информации дека нивните деца се сместени во небезбедни услови.

„Децата им живеат во убави услови кои досега ги немало во оваа земја и ќе продолжат во исти такви услови да живеат. Доколку имаат каква било забелешка за живеењето во домот, ние тоа ќе го поправиме“, рече Јаневска.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меркел: Загрижена сум поради зајакнувањето на политичките екстреми во Германија

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека е загрижена поради зајакнувањето на политичките екстреми во Германија, но дека сепак верува оти е можно да се зачува политичкиот центар.

Меркел: Загрижена сум поради зајакнувањето на политичките екстреми во Германија

Таа сугерираше дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) мора да понуди поширока политичка платформа што ќе поврзува различни општествени групи.

Во интервју за „Магента ТВ“, снимено во музејот „Боде“ во Берлин, поранешната канцеларка зборуваше и за своите здравствени проблеми, политичката ситуација во Германија и внатрешните динамики во рамките на ЦДУ.

Осврнувајќи се на епизодите на тресење што ги доживеа за време на воените почести во 2019 година, Меркел објасни дека тоа била реакција на нејзиното тело на значителен личен притисок – вклучувајќи ја смртта на нејзината мајка и сознанието дека наскоро ќе ја напушти канцеларската функција.

„Кога ги доживеав тие тресења во 2019 година, тоа веројатно беше ослободување од напнатоста предизвикана од смртта на мајка ми, како и од фактот што знаев дека ќе се повлечам од мојата позиција. Во такви моменти, телото едноставно испраќа сигнали“, рече Меркел.

Таа додаде дека не можела да си дозволи подолга пауза, но одлучила дека, во иднина, главно ќе останува да седи за време на воените церемонии.

„Зголемена општествена поларизација“

Зборувајќи за политичката ситуација во Германија, Меркел истакна дека со загриженост гледа на изборните успеси на партијата „Алтернатива за Германија“ (AfD) и партијата „Левица“ (Die Linke), предупредувајќи на сè поизразена општествена поларизација. „Ме загрижува тоа што екстремите стануваат сè помоќни, а она што за мене беше многу важно во политиката – рамнотежата и умереноста – полека исчезнува“, посочи поранешната канцеларка.

Таа ја поддржа одлуката на „ЦДУ“ да ја задржи забраната за соработка со „AfD“ и со партијата „Левица“, но истовремено упати критики кон одредени ставови на „Левицата“ – конкретно кон нивниот став кон НАТО и, како што наведе, кон прашањето за антисемитизмот во одредени делови од таа партија во Берлин.

Осврнувајќи се на политичката стратегија на актуелниот лидер на ЦДУ и кандидат за канцелар, Фридрих Мерц, Меркел забележа дека концептот на „чиста ЦДУ“ не треба да се сведува исклучиво на економската политика. Според неа, ЦДУ мора да послужи како мост – помеѓу вработените и работодавачите, помеѓу граѓаните со мигрантско потекло и оние што долго време живеат во Германија, како и помеѓу урбаните и руралните средини.

„Тоа е ’чиста‘ ЦДУ – понуда за секој граѓанин“, изјави Меркел.

Таа исто така сугерираше дека политичките партии не треба да се фокусираат исклучиво на „AfD“. На%место тоа, тие мора јасно да ги формулираат сопствените платформи и да ги убедат граѓаните да ги поддржат.

Дали Германија ќе добие жена претседател?

Меркел се осврна и на можноста Германија да добие жена претседател, изразувајќи поддршка за таа идеја и напоменувајќи дека во рамките на ЦДУ и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) има жени кои се квалификувани за таа улога.

Во однос на европската безбедност, таа оцени дека е неопходно да се развие доволно силен механизам за одвраќање, со цел да се спречи евентуален руски напад врз НАТО. Истовремено, таа призна дека зголемувањето на трошоците за одбрана за време на нејзиниот канцеларски мандат – особено по 2015 година – не се одвивало доволно брзо.

Меркел исто така повтори дека одлуката за постепено напуштање на нуклеарната енергија, донесена за време на нејзиниот мандат, била исправна, додавајќи дека таа исто така придонела за намалување на општествените поделби во Германија.

Поранешната канцеларка ја предводеше германската влада од 2005 до 2021 година.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер