СветТрамп воведе царини за увоз во САД: За Македонија ќе изнесуваат 33 отстоАмериканскиот претседател Доналд Трамп и формално му објави трговска војна на светот. На долго најавуваниот „Ден на ослободување“ ја потпиша извршната наредба за царини за сите земји, вклучително и за Македонија. Како што појасни Трамп, станува збор за два пакета на царини, 10 проценти за увоз на секаков вид на стоки во САД, и т.н. реципрочни царини кои достигнуваат и до 90 проценти, каде влегува и земјава. Причината за тоа како што кажа тој е бидејќи САД според него со години биле ограбувани и од непријателите, но и од сојузниците. -Со декади, нашата земја е ограбувана, силувана и разграбувана од блиски и далечни нации, и пријатели и непријатели исто така. Воведуваме реципрочни царини на земји низ светот. Реципрочни – тоа значи тие ни го прават на нас, а ние им го правиме на нив. Многу е едноставно, не може да биде поедноставно од тоа. Ова е еден од најважните денови според мене во американската историја, тоа е нашата Декларација на економска независност. / Тие ни наплаќаат на нас, ние им наплаќаме на нив и им наплаќаме помалку, па како може некој да биде вознемирен? Но, ќе бидат, бидејќи не сме наплаќале на никого ништо, но сега ќе наплаќаме.-Доналд Трамп – Претседател на САД. Царините се очекува сериозно да влијаат врз Кинеската автомобилска индустрија која сега се соочува со потенцијална загуба на милиони работни места, вклучително и за Индија, Индонезија и повеќе држави од далечниот исток кои низ годините важеа за места со ефтина работна рака. На европскиот континент пак, Шефица на ЕК Урсула фон Дер Лајен најави соодветен одговор од Унијата која со над 450 милиони жители важи за најголем светски пазар. Според неа, чекорот на Трамп ќе ги зголеми цените на секое ниво, но тоа ќе го почувствуваат и американските граѓани. -Ние веќе го финализираме првиот пакет на контра-мерки како одговор на царините за челикот. Исто така се подготвуваме за останати контра-мерки за заштита на нашите интереси и бизниси доколку преговорите не успеат. / Европа има сè што и е потребно за да ја преброди оваа бура. Заедно сме во ова. Ако нападнете еден од нас, ќе нè нападнете сите нас.-Урсула фон Дер Лајен – Претседателка на ЕК. На листата на држави кои ги објави американскиот претседател Трамп, се најдоа и ненаселени места како островот Јан Мајен во близина на арктикот и островите Херд и Мекдоналд каде единствени жители се локалните пингвини. Објаснување за овој потег нема, но од Белата Куќа појаснија дека Русија и Белорусија не се во листата на држави бидејќи се под санкции. Долгогодишните американски сојузници пак, речиси без исклучок најавија дека ќе возвратат со контра мерки. -Одлуките кои ќе ги преземеме во деновите и неделите кои доаѓаат ќе бидат водени само од нашиот национал интерес, во интерес на нашата економија,-- Кир Стармер – Премиер на В. Британија. -Оваа одлука е катастрофа за светот на економијата. Ова е огромна тешкотија за Европа, но мислам дека е и катастрофа за САД-Франсоа Бајру – Премиер на Франција.. -Ќе се бориме против овие тарифи со контра-мерки, ќе го заштитиме нашиот народ,--Марк Карни – Премиер на Канада. -Трговските рестрикции наметнати од владата на САД може да имаат значително влијание врз односите меѓу Јапонија и САД--Јошимаса Хајаши – Генерален секретар на владата на Јапонија. Македонија која на листата на американскиот претседател се најде со царини во висина од 33 проценти е на второто место од соседите, по Србија која доби 37 проценти. Албанија и Косово имаат 10, а Бугарија и Грција како дел од ЕУ ќе се соочат со царини од 20 проценти. Според листата на Трамп, земјава царинела стоки од САД во висина од 65 проценити, но не е познато врз основа на што е направена таа пресметка. Сепак, дел од странските новинари велат дека пресметката е извршена врз основао трговскиот дефицит кој САД го има со одредена држава. Како пример е посочена Индонезија која имала извоз од 28 милијарди долари и увоз од 17 милијарди долари, врз основа на што добила царини од 64 проценти.Тагови: Доналд Трамп САД царини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Сами против ситеСами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови, напиша на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски по изборите во Брвеница.Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа. Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата. Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook