САД: Специфична куќа со комбиниран британско-средзмноморско-американски стил - Канал 5

САД: Специфична куќа со комбиниран британско-средзмноморско-американски стил

Дизајнерката од САД, Хајди Вудман на барање на сопствениците на имот во Индијанаполис, успеала да ја пренесе, надгради и истакне харизмата на 20-тите од домот што тие го оставиле зад себе во нивната нова куќа. 

САД: Специфична куќа со комбиниран британско-средзмноморско-американски стил

Така, новото живеалиште во населбата Меридијан Кеслер било сосем нова „празна страница“, каде што продолжува приказната за семејството со шест деца. Надворешноста е инспирирана од стилот на британските Тудори, но семејството се одлучило да внесе и лежерни средоземноморски одлики коишто би го одржале ентериерот светол. Ѕидовите се бели, а забележливи се и типичните сводови и заоблени делови коишто ги омекнуваат соодветните агли, високи тавани и извртените скали. Но, работата почнуваше речиси од темелот, пишува „Архитекчурал дајџест“ (Architectural digest).

- Се погрижив да внесам многу варијации во квалитетот на материјалот со „топло“ дрво, „живи“ метали, гипс, камен и мек текстил, како мохер. Исто така, вметнав и тони висококвалитетен мебел, изјави таа.

Една од детските спални има розово варосани ѕидови, но трпезаријата со дрвена овална маса има доста формален изглед, како и просторијата за читање... Куќата има и туш-кабина со поглед кон небо, како и мала соба за преспивање на вториот кат.

- Тие сакаа мирно, неутрално катче како дом, со многу шарм во тие секундарни простори. А, по стилот на архитектурата, главните простории навистина требаше да бидат чисто бели, појасни Вудман.

Скалите биле проблем на почетокот, велат. Сопствениците првично сакале тие да бидат истакнати во претсобјето, но на крај се согласиле дека тоа не треба да биде средишна точка на домот па планирањето ги преместило покрај претсобјето, како еден извртен украс на домот. /MИА

УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст

Следува период на топло време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст,  информира Управата за хидрометеоролошки работи. 

УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст

Во следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

УХМР за утре најавува минимална температура од -1 до 7 степени, а дневната од 14 до 26 степени.

Минчев во Кичево: Ќе ја вратиме довербата во локалните самоуправи

ЗНАМ со сопствени листи за советници и план за локален развој.

Минчев во Кичево: Ќе ја вратиме довербата во локалните самоуправи

Во рамки на теренската кампања „Заедно повеќе знаеме“, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев, оствари средби со граѓаните, членовите и симпатизерите во Македонски Брод и Кичево.

Минчев порача дека вистинската сила е во народот и дека ЗНАМ ја гради својата програма врз основа на реалните проблеми и потреби на луѓето: „Не ветуваме чуда, туку решенија. За нас политиката не е маркетинг, туку обврска кон секој граѓанин кој чека правда, работа и достоинствен живот. Нашата визија е чесна Македонија во која институциите ќе бидат на страна на народот, а не на партиските елити.“ - истакна Минчев. Средбите во овие две општини беа искористени и за дијалог со младите, земјоделците и претставниците на локалниот бизнис, при што беа отворени клучни прашања како што се:

– иселувањето на младите

– нефункционалната администрација

– недостатокот на инфраструктурни инвестиции

– потребата од децентрализација

„Македонски Брод и Кичево не бараат милост, туку шанса. Нашиот план е јасен – ќе донесеме локални политики со вистинска финансиска поддршка и транспарентна реализација. Време е граѓаните да добијат институции што работат за нив, а не против нив.“ - порача Минчев.

Во таа насока, тој најави дека Движењето ЗНАМ ќе настапи со сопствени советнички листи во сите општини каде што граѓаните препознаваат потреба од нова политичка енергија и кадар без партиски багаж.

„Заедно со Вас, ќе понудиме луѓе со кредибилитет, интегритет и желба да работат. Ќе им дадеме шанса на нови лица од локалната заедница – млади, жени, активисти, кои знаат и сакаат да ја променат средината во која живеат.” - додаде Минчев.

Во рамки на посетата на Македонски Брод, генералниот секретар Горан Минчев присуствуваше и на отворање на канцеларијата на Општинската организација на Движењето ЗНАМ, која ќе биде отворен простор за комуникација со граѓаните, предлози и иницијативи од локалната заедница.

Движењето ЗНАМ продолжува со теренските посети низ целата држава, со цел градење на изборна програма што ќе произлезе од дијалогот со граѓаните, а не зад затворени партиски врати.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Двегодишно дете падна од 15-ти кат во Вашингтон и преживеа

Двегодишно дете преживеало пад од 15-ти кат на станбена зграда недалеку од Вашингтон, информираат американските медиуми..

Двегодишно дете падна од 15-ти кат во Вашингтон и преживеа

Според портпаролот на локалната противпожарна служба во округот Монтгомери, Мериленд, падот од балконот бил ублажен од густите грмушки под зградата.

Телевизиската станица „ABC“ објави дека малата телесна тежина на детето, исто така, одиграла клучна улога во неговото преживување на несреќата.

Момчето во несреќата се здобило со скршеница на раката. Точната причина за несреќата сè уште не е утврдена. Истрагата е во тек.

Фото: Индекс.хр

притисни ентер