ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска зборува за животен стандард, а граѓаните од СДС паметат само двоцифрена инфлација и осиромашување
2ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска зборува за животен стандард, а граѓаните од СДС паметат само двоцифрена инфлација и осиромашување
3Герасимовски: Улицата „8 Март“ во Дебар Маало добива мини пјацета со ново зеленило, инклузивен пристап и урбана опрема
СветТрамп: Ви благодарам, претседателе ПутинАмериканскиот претседател Доналд Трамп денеска се огласи на својата социјална мрежа Truth Social за да му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин.Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се огласи на својата социјална мрежа Truth Social за да му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин, кој им се придружи на светските лидери кои изразија поддршка за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа. „Ви благодарам, претседателе Путин“, напиша Трамп на Truth Social. Путин, како потсетување, денеска изјави дека Трамп „прави многу за мирот“, наведувајќи го прекинот на огнот на Блискиот Исток како пример, но додаде дека не е негова работа да одлучи дали американскиот претседател ја заслужува Нобеловата награда за мир. Доколку мировниот договор за Газа успее, тоа ќе биде „ништо помалку од историски настан“, рече Путин. Многу коментатори веруваат дека Путин свесно го пофалил Трамп за да го нахрани своето его и да го охрабри Вашингтон да заземе пристап кон војната во Украина што би бил поповолен за Москва.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПерински од Петровец: Покрај финансиска, општините добиваат и стручна поддршкаМинистерот за локална самоуправа Златко Перински оствари работна посета на Општина Петровец, каде одржа средба со градоначалникот Борче Митевски, членовите на Советот и општинската администрација.На средбата се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините во насока на јакнење на административните капацитети и подобрување на квалитетот на локалните услуги. Беше отворено и прашањето за ажурирањето на базите на даночни обврзници, како еден од клучните процеси за зголемување на сопствените приходи на општините и обезбедување поодржливо локално финансирање. Посебен акцент беше ставен на алатките и механизмите што им стојат на располагање на општините за поефикасно планирање, управување и реализација на локалните политики и развојни проекти. „Директната комуникација со општините е најдобриот начин да ги препознаеме реалните потреби и предизвици со кои се соочуваат. Ние направивме и системска проценка на потребите на општините, но и покрај тоа постојано сме вклучени преку директни средби. Редовно сме на терен и работиме заедно со локалните власти на изнаоѓање конкретни решенија. Ресурсниот центар е воспоставен да биде практична поддршка за општините и да им помогне поуспешно да ги извршуваат своите надлежности и да испорачуваат поквалитетни услуги за граѓаните“, изјави министерот Перински. Во рамки на средбата беше разговарано и за тековните и планираните инвестиции во општината. Преку двата јавни повика за финансирање на инфраструктурни проекти, за Општина Петровец се одобрени вкупно седум проекти во вредност од 100.727.775 денари. Градоначалникот Борче Митевски ја поздрави континуираната поддршка од Министерството за локална самоуправа и ја истакна важноста од постојаната комуникација меѓу централната и локалната власт. „За општините е од особено значење да имаат институционален партнер кој ги разбира нивните потреби и нуди конкретна поддршка. Проектите што ги реализираме со поддршка на Владата и Министерството придонесуваат за подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните, а Ресурсниот центар отвора дополнителни можности за унапредување на општинските капацитети“, истакна Митевски. Министерството за локална самоуправа продолжува со теренските посети на општините со цел непосредно согледување на локалните потреби и обезбедување навремена поддршка за нивниот развој.Тагови: Златко Перински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска зборува за животен стандард, а граѓаните од СДС паметат само двоцифрена инфлација и осиромашувањеПоранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, денес зборуваше за животниот стандард, иако токму во времето кога СДС беше на власт граѓаните се соочуваа со двоцифрена инфлација и сериозно намалување на куповната моќ.По седум години политики кои го доведоа народот на работ на егзистенција, денес на СДС им пречат мерките што носат повисоки приходи и подобар стандард за граѓаните. Владата, и покрај наследената празна државна каса од СДС и последиците од глобалната криза, спроведува политики кои даваат конкретни резултати. Просечната нето-плата од 2024 година до денес е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6%, додека инфлацијата е стабилизирана. Зголемени се пензиите, како и платите на здравствените работници, просветните работници и вработените во одбраната и полицијата. Стапката на невработеност е намалена од 12,5% на 11,3%, додека стапката на вработеност е зголемена од 45,6% на 46,5%. Економските показатели го потврдуваат напредокот. Македонија бележи раст на БДП од 3% во 7 последователни квартали и се вбројува меѓу побрзорастечките економии во Европа. Овие резултати покажуваат дека економските политики на Владата носат конкретни придобивки за граѓаните и создаваат основа за натамошно подобрување на животниот стандард. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Улицата „8 Март“ во Дебар Маало добива мини пјацета со ново зеленило, инклузивен пристап и урбана опремаОпштина Центар ги започна градежните активности за реконструкција на дел од улицата „8 Март“ во Дебар Маало, со која е предвидено формирање мини пјацета на површина од околу 140 квадратни метри. Новото урбано катче ќе биде поплочено со травертин, материјал кој обезбедува висок квалитет, издржливост и современ естетски изглед. На локацијата е предвидено поставување урбана опрема, современо осветлување и ново зеленило. На влезната точка која води кон уличката ќе биде изведена и пристапна рампа, со што ќе се овозможи непречено и безбедно движење за лицата со попреченост, како и за сите граѓани кои користат помагала за движење. „ Во план е поставување на повеќе мини паркови и пјацети низ општината. Целта е да го зголемиме зеленилото и да создадеме пријатни катчиња за одмор и рекреација. По уредувањето на улицата „8 Март“, планираме нови маалски пјацети на улиците „Коста Веселинов“, „Коле Неделковски“ и „Христо Смирненски“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Паралелно со овој проект, Општина Центар продолжува си хортикултурното уредување на потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, реконструкцијата на вториот дел од улицата „Ленинова“ и улицата „Мирослав Крлежа“. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook