Голем економски удел на странските компании, подобри плати за работниците и сооднос со домашните компании
2Голем економски удел на странските компании, подобри плати за работниците и сооднос со домашните компании
Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
1Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
СветТрамп ги шокира сојузниците: Предложил Шпанија да се исфрли од НАТО Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги шокира европските сојузници сугерирајќи дека НАТО треба да размисли за исклучување на Шпанија од своите редови.Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги шокира европските сојузници сугерирајќи дека НАТО треба да размисли за исклучување на Шпанија од своите редови, а сето тоа поради спор околу заостанувањето на воените трошоци на западноевропската земја. Членовите на безбедносната алијанса поддржана од САД се согласија во јуни значително да ги зголемат своите воени трошоци на 5 проценти од БДП, исполнувајќи еден од главните приоритети на Трамп, Европејците да трошат повеќе за сопствена одбрана, објави Ројтерс. Сепак, шпанскиот премиер Педро Санчез во тоа време изјави дека нема да се обврзе на целта од 5 проценти, нарекувајќи ја „некомпатибилна со нашата социјална држава и нашата визија за светот“. *TRUMP FLOATS DROPPING SPAIN FROM NATO ALLIANCE pic.twitter.com/qfLlITyuie — Investing.com (@Investingcom) October 10, 2025 На состанокот во Овалната соба со финскиот претседател Александар Стабс, лидерот на втората најнова членка на НАТО, Трамп рече дека европските лидери мора да извршат притисок врз Шпанија да ги зголеми своите обврски кон алијансата. „Вие треба да почнете да разговарате со Шпанија“, рече Трамп, додавајќи: „Треба да им се јавите и да откриете зошто заостануваат. Тие немаат изговор да не го прават тоа, но во ред. Можеби, искрено, треба да бидат исфрлени од НАТО“. Шпанија ја потврди својата посветеност кон алијансата и апелираше за смиреност, изјави владин извор, додавајќи дека земјата е полноправна членка на НАТО и ги исполнува целите за капацитети, исто како и САД. „Тие изјави беа дадени во одреден контекст, но сигурно знам дека вооружените сили на САД се добро запознаени со посветеноста на Шпанија“, изјави денес шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес. Таа додаде дека Шпанија ги одржува своите ветувања. Шпанија се приклучи на Организацијата на Северноатлантскиот договор во 1982 година. Алијансата за колективна одбрана, која сега има 32 членки, е во центарот на вниманието откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, започнувајќи ја најсмртоносната копнена војна во Европа од Втората светска војна.Тагови: Доналд Трамп Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеТемпературните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотициНиските утрински температури, а поладневните летни повисоки ги зголемија настинките кај педијатрите и семејните доктори. Чести се вирусните инфекции со зголемена температура до 38. Најмногу на удар се децата во градинка и децата од помалите одделенија. Докторите со совет за слојно облекување, потопло наутро, а веќе од попладне во летна облека. „Многу е важно веќе да се почне со витамин Д, децата да се рехидрираат и да не се посегнува по антибиотици“, вели д-р Мира Атанасова педијатар. И во детската клиника Козле во амбулантите се зголемени ангините и респираторните инфекции кај малите деца. Промената на температурата е голема главоболка и за метереопатите, промена во притисокот, слаба концентрација и проблеми со спиењето, објаснува Атансова. „Редовно земање на терапија, да се оди на прошетки кога е стабилно времето. Промените на времето многу предизвикуваат промена и со крвниот притисок, истиот редовно да се контролира“, вели д-р Мира Атанасова педијатар. Од УХМР за утре најавуваат топло и стабилно време од недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник ќе има пад на температурите максималните температури ќе бидат 25 степени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовисока казна за паркирање, отколку за фрлање ѓубре во река: Парадокс во казнената политикаГоспоѓата која од Порше фрли ѓубре од мост во реката Лепенец, а потоа насмеано и мафна и на камерата, доби повисока казна за непрописното паркирање, отколку за загадување на животната средина.Ако во Европа би ве чинело стотици евра, фрлањето на отпад од овој мост во реката ќе ве чини 40 или ако платите во рок од една недела, само 20 евра. Па, ваквиот случај отвори низа дилеми и прашања во јавноста – дали казнената политика е соодветна или само ги охрабрува ваквите постапки. Според еко-активистите, законот за јавна чистота треба да се промени итно, оти без драконски казни, ќе продолжиме да се давиме во отпад, но сметаат и дека повторно треба да стане популарна општокорисната работа – па кој се однесува несовесно, да си добие метла и да чисти низ градот еден месец. Воедно, сметаат дека добар дел од проблемот почива и врз воспоставениот систем кој мора да се подобри. -Единствен начин да се казни одлагањето на отпад од физичките лица е преку законот за јавна чистота, мора да се работи на зголемување на тие казни, во моментов можеби ќе делуваат драконски, но кога се соочувате со толку големо количество на отпад, мора да се започне од тоа. И во однос на реакцијата на институциите имаме мало заостанување, законот како закон постои, но постапувањето по истиот е многу ретко. Недоволно за тоа со кое ние се соочуваме. Дали е потребно многу поголемо на терен на комунални инспектори, МВР, комунални редари, тоа е работа која институциите треба да ја решат, но очигледно тоа ни недостасува најмногу од се,- - Татјана Стојановска – Еко-активист – „Независни за Карпош“. Од Град Скопје се на иста линија со еко – активистите, казните се ниски и се работи на нивна корекција. Воедно, уверуваат дека се работи и на воспоставување подобар систем, во кој е предвидена и долгонајавуваната комуналната полиција, предлог-закон кој е доставен до Владата. Што се однесува до жената која фрли ѓубре во Лепенец добила казна и од нив. -Како Град Скопје сметаме дека постојната казнена политика за одредени прекршоци не е доволно, а за дел од прекршоците предвидените глоби се ниски. За таа цел Градот Скопје има изработено анализа и конкретни предлози за измени на законската регулатива, со цел санкциите да бидат поефикасни и соодветни на прекршоците. Во насока на воспоставување поефикасен систем на комунален ред, до владата е доставен предлог – законот за комуналната полиција,- - Град Скопје. Во моментов, градскиот инспекторат располага со 13 комунални инспектари и 10 комунални редари, кои како што велат, на терен се во три смени, а согласно потребите, најавуваат и зголемување на тимот. Воедно, испланирано е и поставување на камери со кои меѓудругото ќе спречува одлагање на отпад каде што не му е место. Во меѓувреме, состојбата околу мостот на Лепенец во Карпош, од ден во ден е во се полоша состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЕкономијаГолем економски удел на странските компании, подобри плати за работниците и сооднос со домашните компании3.200 фирми или само 4,7% од претпријатијата во земјава се под странска контрола, но во нив работи речиси секој четврти вработен, а создаваат дури 37% од вкупната бруто додадена вредност – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Посовремената технологија, автоматизацијата и поголемата продуктивност се само дел од причините кои според претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров им даваат поголема економска тежина на странските компании. Дополнителна вредност според Димитров компаниите добиле и со поволностите кои добиле при влезот на пазарот во земјава, меѓу кои и десетгодишното ослободување од данок на добивка. Со ова смета дека се оставило простор за повисоки плати и подобри услови за работа, што привлекува поквалитетна и продуктивна работна сила. -Тоа не се мали привилегии, бидејќи на една плата од 30.000 денари, вие треба да платите даноци и придонеси од 15.000 денари. Тоа ви дава доволно можност да платата ја зголеми за 5 или 10.000 повеќе отколку би работеле во нормална македонска компанија. Но и во периодот кога завршија тие 10 години, тие компании веќе се дотолку финансиски стабилни и имаат доволно можности да исплаќаат повисоки плати. Од друга страна имаат разни сектори за човечки ресурси каде што работат на мотивација на работниците, на условите за работа и така натаму,- Ангел Димитров – организација на работодавачи. Сепак, Димитров вели дека статистиката не ја толкува како доказ дека домашните компании се помалку продуктивни. Објаснува дека разликата е структурата во домашната економија, составена од голем број на микро и мали претпријатија, што значи помал број на вработени и помал економски капацитет. - Нашиве поголеми компании кои се во слични дејности не заостануваат за продуктивноста од странски компании во ТИРЗ зоните, но за жал ние имаме многу мали микрокомпании кои се на број многу, а учествуваат со многу мал процент во бројот на вработените и во многу мал процент да речеме во бруто домашниот производ, бидејќи најголем процент од тие компании се трговски компании кои увезуваат некоја роба или се работи за мали услужни компании, така да не можат да се споредат ниту можностите ниту резултатите што ги прават тие наши микро и мали компании,- Ангел Димитров – организација на работодавачи. Според податоците на ДЗС најголемиот дел од бруто-додадената вредност странските компании ја создаваат во преработувачката индустрија, односно 35,3%, потоа во секторот комуникации со 16.7% и тргоцијата со 11,5%. Најголем број од фирмите се од Турција, околу 18 проценти, но најголема додадена вредност создават фирмите од Австрија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29