Трамп тврди дека Иран е целосно поразен - Канал 5

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Иран е целосно победен и бара договор.

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен

- Медиумите, кои шират лажни информации, не сакаат да известуваат за одличните резултати што ги постигна американската војска против Иран, кој е целосно поразен и сака да склучи договор, но не договор што јас би го прифатил, објави Трамп на „Трут соушл“ (Truth Social).

Тој претходно на сопствената социјална мрежа објави дека американската армија само што извршила еден од најмоќните воздушни напади во историјата на Блиски Исток.

- Пред само неколку моменти, Централната команда на САД спроведе еден од најмоќните бомбардирања во историјата на Блискиот Исток, целосно уништувајќи ги сите ВОЕНИ цели на островот Харг, бисерот на Иран, наведе Трамп.

Тој додаде дека одлучил да не ја напаѓа нафтената инфраструктура на островот.

- Одлучив да НЕ ја уништам нафтената инфраструктура на островот. Меѓутоа, ако Иран или некој друг направи нешто за да го спречи слободното и безбедно поминување на бродовите низ Ормускиот Теснец, веднаш ќе ја преиспитам таа одлука, посочи Трамп.

Тој го повика Иран да го положи оружјето и „да го спаси она што останало од нивната земја, а нема многу од неа“.

Иранските вооружени сили утрово соопштија дека секој напад на нафтената и енергетската инфраструктура ќе доведе до напад на енергетската инфраструктура во сопственост на нафтените компании кои соработуваат со САД во регионот.

Островот Харг е мал остров во северниот Персиски Залив, во близина на брегот на Иран, кој служи како терминал за речиси целиот извоз на нафта од полињата во централен и западен Иран. Низ Харк поминува околу 90 проценти од извозот на нафта на Иран, поради што островот се смета за најчувствителна економска цел на Иран.

Преку Харк поминуваа од 1,3 милиони до 1,6 милиони барели нафта дневно. Но, Иран го зголеми својот проток на околу три милиони барели дневно кон средината на февруари, според инвестициската банка „ЏП Морган“, во очекување на можен напад предводен од САД. Дополнителни 18 милиони барели се складирани и на островот како безбедносна резерва.

Терминалот првично бил изграден од американската нафтена компанија „Амоко“ и бил преземен од Иран за време на револуцијата во 1979 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош доделува стипендии за талентирани млади ученици - спортисти од VIII и IX одделение

Општина Карпош објави јавен оглас за доделување стипендии за талентирани спортисти, жители на општината, кои во учебната 2026/2027 година ќе бидат ученици во VIII или IX одделение. 

Општина Карпош доделува стипендии за талентирани млади ученици - спортисти од VIII и IX одделение

Со оваа мерка Општина Карпош продолжува со поддршката на младите спортски таленти и нивниот развој, особено на учениците кои со своите индивидуални резултати се издвојуваат на национално и репрезентативно ниво.

Право на стипендија имаат ученици кои се жители на Општина Карпош и ќе можат да достават потврда од училиштето дека во учебната 2026/2027 година ќе бидат запишани во VIII или IX одделение.

Кој може да добие стипендија?

Кандидатите треба да имаат остварено индивидуални спортски резултати во периодот од 1 септември 2025 до 31 август 2026 година, потврдени од матичната национална спортска федерација и усогласени со нејзиниот календар на натпревари.

Според огласот, предвидени се две категории.

Прва категорија, за која стипендијата изнесува 3.500 денари месечно, опфаќа спортисти кои:

освоиле прво место на официјално национално првенство, односно се национални прваци во индивидуална конкуренција;

добиле награда за индивидуално постигнување, како што се национален рекорд, најдобар играч, најдобар поентер, голгетер, талент и слично;

се репрезентативци на Македонија и имаат учествувано најмалку на еден репрезентативен натпревар, при што потребно е да се наведе кога, каде и против кој противник се одиграл натпреварот и да се достави соодветен доказ – записник, билтен или друг документ.

Втора категорија, со стипендија од 3.000 денари месечно, ги опфаќа спортистите кои освоиле индивидуално второ место на официјално национално првенство. Други спортски успеси и резултати, кои не се опфатени со наведените критериуми, нема да бидат земени предвид при рангирањето. Стипендиите ќе се исплаќаат во период од осум месеци во текот на учебната година.

Што треба да достават кандидатите?

За учество на огласот потребно е да се достават: биографија на спортистот, потврда од клубот дека спортистот е негов член, фотокопија од спортска легитимација, важечки документ од матичната национална федерација со потврда за остварените спортски успеси и резултати, контакт телефон и е-mail адреса, како и трансакциска сметка.

Документите се доставуваат во затворен плик во Архивата на Општина Карпош, на улица „Никола Русински“ бр. 11 – Скопје, со назнака:

„За доделување на Стипендии за талентирани спортисти жители на Општина Карпош кои учат во VIII и IX одделение“. Крајниот рок за доставување на документите е 21 септември 2026 година.

Напоменуваме дека некомплетните и ненавремено доставените документи нема да бидат разгледувани.

Важни напомени

Еден кандидат од Општина Карпош може да оствари право само на една стипендија – спорт или образование. Исто така, доколку спортистот веќе добил еднократна парична помош од областа на спортот и спортската рекреација од Општина Карпош, неговото барање за стипендија за талентирани спортисти за учебната 2026/2027 година нема да биде разгледувано и одобрено. Барањето, односно предметот, треба да го поднесе родител или законски старател.

Со оваа стипендиска програма, младите спортисти од Карпош добиваат дополнителна можност за финансиска поддршка и поттик за продолжување на спортскиот развој и постигнување уште подобри резултати.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Денес сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за формирање на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Времето денес и утре претпладне ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во четврток и петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер