Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
2Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
Шоу бизВидео: Дензел Вашингтон му се налути на фотограф на црвениот тепих во Кан!Холивудската ѕвезда, актерот Дензел Вашингтон ги загуби нервите на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан, и започна вербална расправија со еден од многубројните фотографи. Оскаровецот Дензел Вашингтон се најде во центарот на вниманието пораДензел дојде на фестивалот за премиерата на неговиот нов филм „Highest 2 Lowest“. 70-годишната Дензел разговараше со колешката А$АП Роки додека многубројните фотографи ги повикаа. Според очевидци, фотографот сакал да го привлече вниманието на Дензел и го фатил за рака. Ова многу го налутило славниот актер. Дензен се свртел кон фотографот и го предупредил да престане. Фотографот, како што се гледа на видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, се насмевна и повторно посегна по раката на актерот, но Дензел нагло ја повлече неговата рака и повтори: „Престани“. Тој беше видно вознемирен. Denzel had to get somebody together at Cannes 👀 pic.twitter.com/bKmMYPucap — chris evans (@notcapnamerica) May 19, 2025 Малата вербална расправија на црвениот тепих не го спречи Дензел Вашингтон да слави на филмскиот фестивал. Дензел, режисерот Спајк Ли и А$АП Роки добија овации за нивната работа на филмот, кој е прва соработка на Дензел и Спајк по речиси 20 години.Тагови: Кан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНевреме погоди делови од Австрија синоќа, одрон однесе автобусВо долината Штанцертал во Австрија, порој од кал однесе автобусот од патот синоќа - во кој се наоѓаа возачот и тројца патници . Сите четири лица се спасени од пожарникари, а возачот бил однесен во болница, објави heute.at. По обилните дождови, во понеделник околу 20:20 часот се случија неколку лизгања на земјиштето. Карпи и кал ги покрија, меѓу другото, државните патишта Б171 и Л68. На патот помеѓу селата Шнан и Флирш, порој од земја и вода го погоди автобусот што сообраќаше низ долината. Gestern gab es den ersten von drei Unwettertagen. Bei Schnann (T) wurde ein Bus von einer Mure mitgerissen. Hagel gab es etwa im Raum Zwettl (NÖ). Und in Vöcklabruck (OÖ) gab es neben 96 km/h Sturmböen auch Überflutungen im Stadtzentrum. 🎥 Dominik Mair, Wetter-Hausruckviertel pic.twitter.com/MeMquxWpXf — Manuel Oberhuber (@manu_oberhuber) June 30, 2026 Водата и калта од потокот Хое Рифе достигнала висина од околу 80 сантиметри на патот и навлегла во автобусот, принудувајќи ги членовите на Доброволната противпожарна служба да го спасат 49-годишниот возач и тројца патници. Патниците - 31-годишен маж од Иран, 39-годишна жена и 14-годишно девојче од Австрија - не се повредени во инцидентот. Возачот на автобусот е однесен со брза помош во болницата во Замс со повреди од непозната сериозност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВРЕДИ: Требаше Али Ахмети да замине во опозиција за Зајас да дознае зошто остана без канализацијаИма една иронија што не може да се сокрие.Во 24 години власт, Али Ахмети не успеа да обезбеди канализација ниту за своето родно место, Зајас. Имаше власт, министри, директори, општини и милиони евра на располагање. Канализација немаше. Денес, кога документите излегуваат на виделина, станува појасно и зошто. Секој нов факт што излегува во јавноста сè повеќе ја руши маската на ДУИ. На Албанците им продаваа „каузи“, а зад затворени врати се договарале шеми, се вклучувале домашни компании и се вртеа милиони евра од европските фондови. Жителите чекаа канализација, а некој друг си ги чекал исплатите. Колку повеќе се одмотува клопчето, толку повеќе се отвораат прашањата. Кој ќарил? Кој ги внел компаниите во проектот? Кој молчел? И дали истрагата ќе стигне до секоја алка во овој синџир? Албанците заслужуваат да ја знаат вистината. Заслужуваат да знаат каде завршиле милионите, кој профитирал од проектот и зошто Зајас цели 24 години остана со септички јами наместо со канализациски систем. Зајас повеќе нема да биде заложник на ветувањата на ДУИ. Она што тие го оставија заглавено во кал 24 години, сега конечно се става на вистинскиот пат. ВРЕДИ нема да дозволи ова прашање да се затрупа со прашина. Бараме истрагата да оди до крај. Да се отвори секој договор, секоја исплата, секоја компанија и секоја можна политичка, бизнис или семејна поврзаност. ДУИ зад себе остави долгови и сомнежи. Сега е време да понесе одговорност.Тагови: ВРЕДИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и неговите „успеси“ - кога пропагандата се судира со реалностаХристијан Мицкоски вчера тврди дека опозицијата го блокира Изборниот законик затоа што е „уплашена од успесите на Владата“.Изгледа дека почна да верува на сопствените лаги. Ќе му одговориме со факти, а не со пропаганда. Прво, Европскиот парламент во јунскиот извештај за 2026 година не ја става Македонија меѓу најдобрите во регионот. Напротив - изразува жалост поради недостатокот на напредок од претходниот извештај, особено во делот на владеењето на правото, судската реформа и борбата против корупцијата. Додека Црна Гора цели кон членство во 2028, а Албанија кон затворање на преговорите во 2027, Македонија стагнира. Второ, „успесите“ на Владата се видливи на секојдневно ниво: • Економија во колапс, инвестициите паднати за 60%. • Буџет без пари, за само две години ја задолжија државата за 2,5 милијарди евра, наскоро нема да има за редовна исплата на пензии. • Граѓаните стојат по неколку часа на границите поради политиката на изолација. • Младите масовно заминуваат затоа што нема европска перспектива. Мицкоски ја претвори Македонија во слепо црево на Балканот. Трето, Мицкоски вели дека Владата ги прифатила сите предлози на опозицијата. Тоа не е вистина. Не знаеме на кого мисли, бидејќи СДСМ и луѓето околу Фронтот за вистина и правда се единствената реална опозиција во Македонија. Сè друго е театар. Четврто, опозицијата не го блокира Изборниот законик од страв од „успеси“ - успеси нема. Единствениот успех на оваа Влада е видлив само за нив лично - во криминалните тендери. СДСМ го блокира законот за да спречи изборен грабеж и затоа што одбива да учествува во уште еден закон скроен по мерка на организираната криминална група ВМРО, во момент кога Владата не исполни ниту еден сериозен реформски услов кон ЕУ. Скопје, 30.06.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter