Лишени од слобода три лица под сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност на територија на скопски Чаир
1Лишени од слобода три лица под сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност на територија на скопски Чаир
Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
1Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
СветТрамп со Катар потпиша договор вреден над еден трилион долари Американскиот претседател Доналд Трамп и катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад ал-Тани потпишаа серија договори во Доха, за време на вториот ден од четиридневната турнеја на Трамп низ земјите од Персискиот Залив.Според соопштението на Белата куќа, потпишани се договори со Катар што треба да генерираат „економска размена во вредност од најмалку 1,2 трилиони долари“, додека конкретните билатерални договори се проценуваат на повеќе од 243,5 милијарди долари. Клучни договори • „Катар ервејс“ нарача до 210 авиони од „Боинг“, со вкупна вредност од 96 милијарди долари. Белата куќа тврди дека договорот ќе поддржи до еден милион работни места во САД • Писмо за понуда и прифаќање за борбени дронови MQ-9B, од американскиот производител General Atomics • Договор за намера за соработка во одбраната меѓу САД и Катар • Заедничка декларација за соработка меѓу двете земји Покрај Боинг, големи работни места добија и американските компании Парсонс (технолошка инфраструктура) со договор вреден 97 милијарди долари и енергетско-инженерската компанија Мекдермот со договор од 8,5 милијарди долари. Белата куќа, исто така, го нагласи „забрзувањето на инвестициите на Катар во одбраната во САД“, вклучително и системот против беспилотни летала произведен од „Рејтеон“. Трамп најави укинување на санкциите врз Сирија и разговори со Иран Денешната посета на Катар доаѓа еден ден по спектакуларниот престој на Трамп во Саудиска Арабија, каде што тој и принцот Мохамед бин Салман потпишаа рекорден договор за одбрана вреден 142 милијарди долари, а саудиската страна најави инвестиции кои во иднина би можеле да достигнат 1 трилион долари. Утрото, Трамп учествуваше на самит со лидерите на земјите од Заливот во Доха и рече дека сака да „постигне договор со Иран“. Тој, исто така, најави укинување на сите санкции врз Сирија, а наутро се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, кого го опиша како „убав и жилав човек“. Американскиот претседател вечерва присуствува на државна вечера во Доха, а во петок патува во ОАЕ. Трамп вечерва ќе присуствува на свечена државна вечера во главниот град на Катар, а во петок ќе ја продолжи својата турнеја со посета на Обединетите Арапски Емирати.Тагови: Доналд Трамп Катар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода три лица под сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност на територија на скопски ЧаирПо документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.Денеска (02.07.2026) на ул. “Јадранска магистрала” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување на општа опасност” по член 288 од КЗ. На 01.07.2026 околу 23:20 часот во ПС Чаир е пријавено дека во отпад за секундарни суровини на подрачје на ПС Чаир, бил запален багер. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги забележале лицата кои биле со патничко возило “бмв” со ресенски регистарски ознаки по што ги лишиле од слобода. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.Тагови: Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче до младите: Борбата за иднината на Македонија е ваша, со вас сум до победа!Вие сте оние кои секој ден размислувате дали да останете во својата земја или да заминете.Вие сте оние кои не сакате да градите иднина врз лаги и врз систем во кој правдата важи само за некои. Затоа сме тука. Затоа се бориме. Не сме тука за да чекаме подобри времиња. Туку за да ги создадеме. Не сме тука за да се помириме со тоа дека организирана криминална група управува со државата. Туку за да ја вратиме државата во рацете на граѓаните. СДСМ отсекогаш беше државотворна партија, тоа вие како млади го препознавте. Секогаш носеше храбри одлуки кои носеа просперитет и иднина за нашата земја, за нашата татковина. Денес носител на промените не е само СДСМ, туку еден широк граѓански фронт. Затоа што мораме сите заедно. Не само како партија, туку како граѓани кои сакаат успешна Македонија. Затоа денес поединци, експерти, граѓански иницијативи и невладини организации, сите заедно стоиме под еден покрив - Фронтот за вистина и правда. Фронтот не е само политички проект. Тоа е борба на сите кои сакаат Македонија да биде слободна, праведна и дел од Европа. Борба во која секој млад човек кој сака да остане и да живее достоинствено има свое место. Вие не сте само иднината. Вие сте сегашноста. Вие имате најмногу сила и енергија за оваа борба. И токму затоа оваа борба е ваша. Останете. Борете се. Верувајте. Македонија може подобро. И ќе биде подобра. Нам не ни треба култ на лидер. Нам ни треба систем. Нам ни треба слободна, демократска и правна држава а затоа ни треба европска Македонија. Сите заедно! А, јас сум со вас сум. До победа! Обраќање на претседателот на СДСМ, Венко ФилипчеТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Започнува реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“Започнува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Општина Бутел – реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, со што се исполнува долгогодишно барање на жителите од овој дел на Скопје.Проектот опфаќа реконструкција на повеќе од 2,2 километри улици, изградба на нов асфалтен коловоз, како и обнова на речиси 4 километри тротоари, со што значително ќе се подобрат условите за безбедно и непречено движење на пешаците, возачите и сите учесници во сообраќајот. Особено значаен сегмент од инвестицијата е изградбата на нова атмосферска канализација во должина од 1.200 метри, како и одвојувањето на фекалната од атмосферската канализациска мрежа. Со ова ќе се овозможи поефикасно прифаќање и одведување на дождовните води и ќе се намали ризикот од поплавување при обилни врнежи. Паралелно со овој проект, во завршна фаза е и изградбата на новиот мега-парк во Бутел, кој ќе претставува ново зелено и рекреативно катче за граѓаните. Со реализацијата на овие проекти продолжува инвестирањето во современа комунална инфраструктура, побезбедни сообраќајници и подобар квалитет на живот за жителите на Бутел и на Скопје. Со почит, Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10