Трамп до Ал Шара: Можете да направите нешто историско во Сирија - Канал 5

Трамп до Ал Шара: Можете да направите нешто историско во Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп, на покана на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, денеска се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, соопшти портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит.

Трамп до Ал Шара: Можете да направите нешто историско во Сирија

На средбата течефонски се приклучил и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган го поздравил Трамп за укинувањето на санкциите против Сирија и се обврзал да работи заедно со Саудиска Арабија за да поттикне мир и просперитет во Сирија.

Според Ливит, саудискиот престолонаследник, исто така, ја поздравил одлуката на Трамп за укинување на санкциите, нарекувајќи ја „храбра“.

Трамп им се заблагодари на Ердоган и на Бин Салман за нивното пријателство и му рекол на Ал-Шара дека има огромна можност да направи нешто историско во својата земја.

- Претседателот Трамп го охрабри претседателот Ал-Шара да направи одлична работа за сирискиот народ и го повика да го потпише Абрахамскиот договор со Израел, да им нареди на сите странски терористи да ја напуштат Сирија, да депортира палестински терористи, да им помогне на САД да го спречат повторното појавување на ИСИС, да ја преземе одговорноста за центрите за притвор на ИСИС во североисточна Сирија, информира Ливит.

Ал-Шара им се заблагодарил на Трамп, на бин Салман и на Ердоган за нивните напори да ја организираат средбата „и ја препозна значајната можност што ја нуди заминувањето на Иранците од Сирија, како и споделените американско-сириски интереси во борбата против тероризмот и елиминирањето на хемиското оружје“, напиша Ливит на Х.

Ал-Шара ја потврдил својата посветеност на договорот за раздвојување со Израел од 1974 година. Тој изразил надеж дека Сирија ќе служи како критична врска во олеснувањето на трговијата меѓу истокот и западот и ги покани американските компании да инвестираат во сириската нафта и гас.

Се разговарало и за руско-украинската војна и војната во Газа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Трета економија во Европа, прва по празни фрижидери

Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ со месеци зборуваат за „трета економија во Европа“ и „прва по туризам“.

СДСМ: Трета економија во Европа, прва по празни фрижидери

Реалноста на граѓаните е сосема друга.

Платите стојат.

Инфлацијата продолжува.

Цените растат секој месец.

Во буџетот нема пари за зголемување на платите, а наскоро нема да има ни за пензии.

Владата сака да го национализира вториот пензиски столб - да ги земе парите на граѓаните за да покрие дупките што самите ги создадоа.

Есента доаѓа.

Во септември почнува училиште.

Зимата е блиску.

Веќе се најавува недостиг на струја поради нискиот водостој на Дунав.

Увоз на струја значи ново поскапување.

Централното греење поскапе.

Ќе поскапи и огревното дрво.

Владата не е способна да води економска политика.

Освен бајките на Мицкоски, граѓаните добиваат само поскапувања.

Земјоделците се во најтешка состојба.

Нафтата и ѓубривата поскапеа.

ИПАРД фондовите ги нема поради корупција.

ЕУ фондовите ги нема поради изолацијата што ја спроведува оваа Влада.

Нема мерки, нема откуп, нема субвенции.

Наместо да го хранат регионот и да имаат отворен пристап до европскиот пазар, земјоделците едвај врзуваат крај со крај.

Ова е економската политика на Мицкоски: празни ветувања, празни фрижидери и полни џебови на тендер-коалицијата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Формирање на семејни центри за врсничко насилство во секоја општина

По последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. 

ЛДП: Формирање на семејни центри за врсничко насилство во секоја општина

Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко насилство.

„ЛДП предлага формирање на Семејни центри во секоја општина. Во нив ќе има социолози, психолози, социјални работници и семејни терапевти, кои ќе работат со децата, но и со родителите. Истите ќе бидат надлежни да даваат совети, да ги ислушаат проблемите, но и да нудат едукација. Подобро е да спречиме отколку постојано да ‘лечиме’ нешто што некогаш не се ни лекува. Превенцијата не е трошок, превенцијата е инвестиција во иднината на Македонија“, вели Зајкова во видео изјавата.

Јанкоски во видеото посочува дека премалку вложуваме во превенција, а премногу чекаме проблемот да стане сериозен.

„Секој ден гледаме видеа од врсничко насилство. Овие деца не се родени насилници, тие се производ на систем кој бавно реагира, на општество кое занемарува семејство, воспитување и ментално здравје“, вели во видеото членот на ИО на ЛДП, Јанкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денари

Првопријавениот М.Д и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република  Македонија во вкупен износ од 7.211.359,00 денари.

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, управител и сопственик на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и “Фалсификување или уништување на деловни книги” од член 280 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Првопријавениот М. Д. во својство на сопственик и управител на правното лице, во 2021 година, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект, преку фиктивно книжење извршил присвојување на наплатените парични средства од продажба на нафта и нафтени деривати во износ од 7.040.484,00 денари при што не пресметал и не платил данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198,00 денари.

Дополнително, првопријавениот М.Д. преку фиктивно книжење извршил намалување на залихата евидентирана на конто 6630 во вредност од 7.040.484,00 денари, а воедно извршено е намалување на приходите на конто 7411 во износ од 3.222.664,00 денари, намалување на обврската за ДДВ евидентирана на конто 2301 во износ од 580.003,00 денари и зголемување на набавната вредност на продадената стока на конто 701000 во вредност од 3.425.798 денари, при што не пресметал и не платил данок на додадена вредност вкупна вредност од 1.653.677,00 денари, данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198 денари и данок на добивка во вкупна вредност од 664.846,00 денари.

Исто така, првопријавениот М.Д. во 2024 година, свесно и со умисла евидентираната залиха на конто 6630 – „Стоки во продавница со стапка од 18% во износ од 12.630.670,00 денари ја присвоил за себе и не ја евидентирал во сметководствената евиденција на второпријавениот правен субјект како кусок, при што не пресметал и не уплатил данок на додадена вредност во износ од 1.925.177,00 денари и данок на личен доход во износ од 1.403.267,00 денари.

Со наведените дејствијаСо наведените дејствија првопријавениот М.Д и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 7.211.359,00 денари.

Управа за финансиска полиција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер