3Лидерката на германската АФД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген
СветТрамп за катарскиот подарок: Би бил глупав ако кажам дека не сакам бесплатен авионНовинарите го прашаа американскиот претседател Доналд Трамп за неговата намера да прифати авион „Боинг 747-8“ како подарок од катарското кралско семејство.Авионот би служел како претседателски авион на „Ер Форс Уан“. Трамп рече дека има „голема почит кон катарското раководство“. „Можев да бидам глупав човек и да кажам: „Не сакаме бесплатен авион“. Но, ние даваме бесплатни работи, а сега ќе земеме една. Тоа можеби ќе ни помогне бидејќи имаме авион стар 40 години“, рече тој. „Ова е одличен гест од страна на Катар“ Тој предупреди дека се трошат „астрономски“ пари за одржување на постојните авиони „Ер Форс Уан“. „Мислам дека ова е одличен гест од страна на Катар - многу го ценам. Никогаш не би одбил таква понуда“, повтори тој. Испораката на авионот се очекува за време на претстојната посета на Трамп на Блискиот Исток. Трамп наводно веќе го разгледал авионот додека бил паркиран на аеродромот Вест Палм Бич во февруари и лично го одобрил, објави ABC. Според истите извори, леталото треба официјално да биде предадено на Фондацијата на претседателската библиотека на Трамп пред крајот на мандатот на Трамп. Тој луксузен авион би бил еден од највредните подароци што владата на САД некогаш ги добила. Новиот комерцијален Боинг 747-8 чини приближно 400 милиони долари. Авионот е познат по својот луксузен ентериер Иако размената на подароци меѓу државници е вообичаена, Уставот на САД им забранува на федералните службеници да примаат лични подароци од странски државници без согласност на Конгресот. Сите подароци чија вредност го надминува минималниот праг (480 американски долари, според уредбата од март 2025 година) се сметаат за сопственост на американскиот народ и може да се задржат само ако службено лице ги откупи назад по пазарна вредност. Според достапните информации, луксузниот Боинг 747-8 што катарското кралско семејство планира да му го подари на претседателот Доналд Трамп е познат по својот раскошен ентериер, вклучувајќи ѕидови во златна боја и позлатен мебел. Авионот е опремен со спална соба, салони, конференциски сали, мермерни бањи и големо скалиште.Тагови: Доналд Трамп подарок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПопладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветерТоплото време ќе продолжи, но метеоролозите најавуваат дека попладнево на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Слично време се очекува и во Скопје. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупаПоранешниот прв вицепремиер Артан Груби седна на обвинителна клупа откако против него и седум други лица беше поднесено обвинение за злоупотреби при набавка во Државна лотарија. По шест месеци во домашен притвор утринава беше спроведен во скопскиот Кривичен суд. Но наместо низ главниот влез на судската зграда каде вообичаено ги спроведуваат обвинетите кои се со мерка домашен притвор, со полициско возило Груби беше спроведен преку гаражите на судот. Во истрагата за случајот беше осомничен за проневера во службата но обвинителството го преквалификува делото во „злоупотреба на службената положба и овластување“, за кое е предвидена поблага казна, односно од 1 до 5 години затвор. -Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Р. С. Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво, стои во обвинението. - ОЈО Скопје Првообвинет во случајот е поранешниот генерален директор на Државна Лотарија, Перперим Бајрами кој е во бегство и за кој се уште има активна потерница. Обвинети се и поранешниот генерален секретар на Влада, Методија Димовски, потоа поранешниот претседател и членови на надзорниот одбор Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамаданоски, Александар Димитриоски и Башким Авди. Во случајот „Државна лотарија“ обвинети се вкупно осум лица: Перпарим Бајрами – поранешен генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Државна лотарија“ – во бегство. Артан Груби – поранешен прв вицепремиер Методија Димовски – поранешен генерален секретар на Владата Скендер Мехмети – поранешен член/претседател на Надзорниот одбор Бојан Јанев – поранешен член на Надзорниот одбор Фатмир Рамаданоски – поранешен член на Надзорниот одбор Александар Димитриоски – поранешен член на Надзорниот одбор Башким Авди – поранешен член на Надзорниот одбор. Сите се товарат за исто кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението во текот на 2023 и 2024 година заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности и со намера на „Државна лотарија“ ѝ нанеле штета од 8,2 милиони евра. Пред судот обвинението го застапуваат обвинителите Даниел Коцев и Александар Давчевски од скопското обвинителство. Вина кај обвинетите ќе докажуваат со 231 матертијален доказ и 7 сведоци. На денешното прво рочиште на обвинетите им беа доставени доказите и беше договорена диманиката на рочиштата. Со оглед на тоа дека се работи за обвинителен предлог и предмет кој се суди по скратена постапка, судијката Билјана Шуплиновска Јовевски им остави простор од десетина дена на одбраната да ги разгледа доказите и следно рочиште закажа за 7 септември. Сега обвинетиот поранешен прв вицепремиер Артан Груби кој во случајот го застапуваат двајца адвокати, Гоце Ристевски и Владимир Доневски, речиси една година беше во бегство. Во декември 2024 година преку граничниот премин Блаце кон Косово пеш ја преминал границата иако бил на стоп листа. На 23 февруари годинава во утринските часови се појави на истиот гранничен премин каде беше уапсен, но по распитот наместо во затворски притвор кој првично се бараше, обвинителството кое тогаш објасни дека е поради безбедносни причини, побара куќен притвор, мерка која ја определи Кривичниот суд. Тагови: Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЛидерката на германската АФД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од ШенгенКопретседателката на ултрадесничарската Алтернатива за Германија -АФД, Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната влада, ќе бара Германија да ги напушти еврозоната и шенгенскиот договор.Копретседателката на ултрадесничарската Алтернатива за Германија -АФД, Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната влада, ќе бара Германија да ги напушти еврозоната и шенгенскиот договор, затворање на националните граници и значително заострување на миграциската политика.. Вајдел тоа го изјави во интервјуто за германската телевизија Зе-Де-Еф.. „На Германија ѝ беше значително подобро пред воведувањето на еврото“, рече Вајдел тврдејќи дека заедничката европска валута ја ослабела германската економија и го намалила богатството на домаќинствата.. Во однос на миграцијата, таа најави затворање на германските граници и излез на Германија од Шенген-зоната..Таа се заложи и за поголем број депортации и ограничено доделување германско државјанство. На национално ниво испитувањата на јавното мислење на афд ѝ даваат поддршка од 27 отсто, додека владеачката Це-Де-У има 22 отсто од гласачите..Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter